Промовирани огласи »

Amazon минатата недела го најави отворањето на нивниот Amazon Salon. Ова е дефинитивно неочекувана новост од оваа компанија, но тие сепак ќе влезат во бизнисот со фризерски салони.

Amazon Salon е отворен во Лондон и според информациите тој сепак ќе биде единствениот. Од Amazon не планираат да го шират овој бизнис и да продолжат со отворање на нови салони на други локации.

Целта на отворањето на овој салон е прикажување и тестирање на најновата технологија која ја развиваат од компанијата, а исто така салонот ќе биде место каде ќе може да се видат и купат производите кои ги продаваат од областа на негата на коса.

Amazon Salon е отворен во Brushfield  Street во Spitalfields во Лондон. Изграден е на два ката со површина од 140 квадратни метри. Салонот ќе го води Елена Лавагњи која е сопственик на познат салон во Лондон.

​ ​

Промовирани огласи »

Извршната директорка на Џенерал Моторс Мери Бара најавила воведување на флексибилно работно време за вработените во оваа компанија. 

Таму каде што работата дозволува“, вработените сега ќе имаат „флексибилност да работат од каде што можат да имаат најголемо влијание на постигнувањето на нашите цели, напишала Бара на Линкдин. 

Идејата која стои зад овој пристап е дека нашите вработени се способни да носат паметни одлуки без премногу пропишани насоки, навела Бара.

Таа признала дека нема секој вработен во ЏМ да може да ја искористи оваа погодност со „еднаква доза на флексибилност“, но рекла дека компанијата се залага за создавање на подобра рамнотежа за секој работник. 

За да го постигне тоа, извршната директорка на ЏМ истакнала дека компанијата ќе постави повеќе од 200 нови шефови на производствените групи во Северна Америка. Компанијата ќе ги опреми и производствените локации со дополнителни преносни компјутери и други уреди и ќе овозможи онлајн обуките да се завршуваат од работа и од дома. 

Во својата објава, Бара се заблагодарила на вработените во Џенерал Моторос кои продолжиле да работат на физичкото работно место во текот на пандемијата, како и на оние кои работеле од далечина подолго од една година. 

Промовирани огласи »

Македонско-грчки тимови денеска и утре одржуваат меѓународна конференција на тема „Туризам и култура“.

За учесниците на конференцијата, Општина Битола го промовира проектот „Кинокултура“ низ кој локалната самоуправа набави кино опрема за кино „Манаки“, изработи виртуелна презентација на Стариот театар и 3Д модели на значајни градби од Старата чаршија.

ОВОЈ ПРОЕКТ ГИ ЗАЈАКНУВА НАШИТЕ МЕЃУСЕБНИ ВРСКИ И ПРИЈАТЕЛСТВОТО СО ГРЧКИОТ НАРОД. СЕ НАДЕВАМ ДЕКА НАБРЗО ЌЕ ЈА НАДМИНЕМЕ КРИЗАТА СО ПАНДЕМИЈАТА, ДА СЕ ВИДИМЕ ВО ПОДОБРИ УСЛОВИ, ЗАТОА ШТО МОЖЕБИ ОВА ТЕХНИЧКО ПОВРЗУВАЊЕ Е ДОБРО ЗА ОВИЕ УСЛОВИ, НО СЕКОГАШ Е ПОДОБРО КОГА ЗА ТОА ПОСТОЈАТ МОЖНОСТИ ДА СЕ ВИДИМЕ И ДА РАЗГОВАРАМЕ ВО ЖИВО., РЕЧЕ МЕЃУДРУГОТО ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НАТАША ПЕТРОВСКА.

На онлајн конференцијата се обратија и градоначалникот на Воден, Јанис Димитриос, како и ректорот на Универзитетот „Свети Климент Охридски“во Битола, Сашо Коруновски.

Проектот се реализира во рамките на Интеррег ИПА – Програма за прекугранична соработка меѓу двете земји.

Извор: МИА

Промовирани огласи »

Градежниците велат дека цените на градежните материјали се драстично поскапени дури до 80%, а проблем имаат и со набавките поради затворените граници. Сето тоа влече поскапа градба, а секторот е во тешка состојба. Бараат посебен пакет мерки како и измени во законот за јавни набавки во кој единствен критериум е најниската цена...

Наша констатација и очекување во моментов е дека со покачување на минималната плата и најавените уште поголеми поскапувања на репроматеријалите, цените на становите ќе растат. / Дополнително, граѓаните увидоа дека во време на пандемија е најдобро да вложуваат во недвижнини./ Сепак, не би можел да кажам за колку ќе се покачуваат цените со оглед дека сме во најтешкиот момент за градежништвото и не знаеме колку тоа ќе трае. изјави Андреа Серафимовски, претседател на градежна комора СК.

Според Серафимовски поради намалената работа од почетокот на годинава секторот бележи поразителни бројки со пад од над 16%. Дополнителен удар биле и мораториумите на ДУП-овите. Велат дека со неградењето е изгубен огромен капитал.

Сведоци сме дека по четири-пет години нема конкретни резултати од ревизиите на ДУП-овите и нема конкретни благодети од мораториумите. Единствено што има е желба да не се гради. Затоа ги повикуваме државните институции да ги почитуваат законите и правото на сопственост на имот. Градежништвото изгуби огромен капитал неградејќи. истакна Андреа Серафимовски, претседател на градежна комора СК.

Поради спецификите на дејноста бараат и недела да биде работна за нив. Во градежниот сектор работат 5 илјади фирми со над 55 илјади вработени.

ПОСКАПЕНИ ЦЕНИ НА ПРОИЗВОДИ ЗА:

  • 80% челик
  • 25% дрво
  • 50% синтетички цефки, плочки, фолии, геомрежи
  • 20% производи од битумен и масла
  • 30% производи од сува градба
  • 30% заштитни премази, течна хидроизолација...

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »