Промовирани огласи »

Градежниците велат дека цените на градежните материјали се драстично поскапени дури до 80%, а проблем имаат и со набавките поради затворените граници. Сето тоа влече поскапа градба, а секторот е во тешка состојба. Бараат посебен пакет мерки како и измени во законот за јавни набавки во кој единствен критериум е најниската цена...

Наша констатација и очекување во моментов е дека со покачување на минималната плата и најавените уште поголеми поскапувања на репроматеријалите, цените на становите ќе растат. / Дополнително, граѓаните увидоа дека во време на пандемија е најдобро да вложуваат во недвижнини./ Сепак, не би можел да кажам за колку ќе се покачуваат цените со оглед дека сме во најтешкиот момент за градежништвото и не знаеме колку тоа ќе трае. изјави Андреа Серафимовски, претседател на градежна комора СК.

Според Серафимовски поради намалената работа од почетокот на годинава секторот бележи поразителни бројки со пад од над 16%. Дополнителен удар биле и мораториумите на ДУП-овите. Велат дека со неградењето е изгубен огромен капитал.

Сведоци сме дека по четири-пет години нема конкретни резултати од ревизиите на ДУП-овите и нема конкретни благодети од мораториумите. Единствено што има е желба да не се гради. Затоа ги повикуваме државните институции да ги почитуваат законите и правото на сопственост на имот. Градежништвото изгуби огромен капитал неградејќи. истакна Андреа Серафимовски, претседател на градежна комора СК.

Поради спецификите на дејноста бараат и недела да биде работна за нив. Во градежниот сектор работат 5 илјади фирми со над 55 илјади вработени.

ПОСКАПЕНИ ЦЕНИ НА ПРОИЗВОДИ ЗА:

  • 80% челик
  • 25% дрво
  • 50% синтетички цефки, плочки, фолии, геомрежи
  • 20% производи од битумен и масла
  • 30% производи од сува градба
  • 30% заштитни премази, течна хидроизолација...

Промовирани огласи »

По повод Велигденските празник, Велики петок и вториот ден од Велигден, понеделник ќе бидат неработни денови за граѓаните од православна вероисповед.

Тоа значи дека православните верници ќе ги празуваат 30 април и 3 мај.

Следен неработен ден за сите граѓани во државата ќе биде 13 мај четврток. Тогаш се слави првиот ден на Рамазан Бајрам.

Промовирани огласи »

Комисијата за заразни болести денеска донесе нови рестриктивни мерки кои се очекува да бидат усвоени на утрешната владина седница.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска потврди дека новите мерки се однесуваат на намалување на полицискиот час, односно забрана за движење од 21 до 05 часот, како и отворање на летните тераси на угостителските објекти.

Предлогот е во сабота кон недела за Велигден и на 12 кон 13 мај за Бајрам да нема полициски час, а работењето на угостителските објекти да биде до 20 – 20:30 часот. Ова ќе важи само за овие деноноќија, истакна Филипче на денешната прес-конференција.

Промовирани огласи »

Фондот за иновации и технолошки развој стана првиот стратешки партнер на Amazon Web Services (AWS) за Северна Македонија. Преку новата соработка со глобалната водечка клауд (cloud) платформа, корисниците на ФИТР, особено стартапите во државата, ќе имаат низа придобивки, меѓу кои и кредити за користење на инфраструктурата на клауд платформата.

Партнерството со Amazon Web Services ќе им овозможи на македонските стартапи навистина полесен пристап до сервисите на платформата и можност да користат кредити во износ до 100.000 американски долари. Во наредниот период, заедно со тимот на AWS ќе организираме серија на инфо сесии преку кои на стартапџиите детално ќе им ги презентираме можностите за нивен развој и пристап до глобалните пазари кои ги нуди новата соработка, изјави Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Петров појасни дека кредитите ќе бидат достапни во износ од: 10.000, 25.000 и 100.000 американски долари. На стартапите кои ќе изразат интерес за користење на средствата, AWS им става на располагање и техничка поддршка за развој на нивните продукти, како и пристап до бројни онлајн едукативни содржини кои ги обезбедуваат преку нивните партнери.

Милиони клиенти, вклучувајќи ги најбрзо растечките стартапи, најголемите претпријатија и водечките владини агенции, користат AWS со цел да ги намалат трошоците, да станат поагилни и да го забрзат процесот на иновации. Платформата нуди широк сет на глобални клауд производи, вклучувајќи: пресметување, складирање, база на податоци, аналитика, вмрежување, мобилни, алатки за програмери, алатки за управување, IoT, безбедносни и апликации на претпријатијата. Овие услуги им помагаат на организациите да функционираат многу пофлексибилно, да остварат пониски ИТ трошоци и да растат во обем . Netflix, Twitch, LinkedIn, Facebook, Turner Broadcasting и ESPN се само некои од светски познатите компании кои ја користат технологија AWS.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »