Промовирани огласи »

По повод Велигденските празник, Велики петок и вториот ден од Велигден, понеделник ќе бидат неработни денови за граѓаните од православна вероисповед.

Тоа значи дека православните верници ќе ги празуваат 30 април и 3 мај.

Следен неработен ден за сите граѓани во државата ќе биде 13 мај четврток. Тогаш се слави првиот ден на Рамазан Бајрам.

Промовирани огласи »

Комисијата за заразни болести денеска донесе нови рестриктивни мерки кои се очекува да бидат усвоени на утрешната владина седница.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска потврди дека новите мерки се однесуваат на намалување на полицискиот час, односно забрана за движење од 21 до 05 часот, како и отворање на летните тераси на угостителските објекти.

Предлогот е во сабота кон недела за Велигден и на 12 кон 13 мај за Бајрам да нема полициски час, а работењето на угостителските објекти да биде до 20 – 20:30 часот. Ова ќе важи само за овие деноноќија, истакна Филипче на денешната прес-конференција.

Промовирани огласи »

Фондот за иновации и технолошки развој стана првиот стратешки партнер на Amazon Web Services (AWS) за Северна Македонија. Преку новата соработка со глобалната водечка клауд (cloud) платформа, корисниците на ФИТР, особено стартапите во државата, ќе имаат низа придобивки, меѓу кои и кредити за користење на инфраструктурата на клауд платформата.

Партнерството со Amazon Web Services ќе им овозможи на македонските стартапи навистина полесен пристап до сервисите на платформата и можност да користат кредити во износ до 100.000 американски долари. Во наредниот период, заедно со тимот на AWS ќе организираме серија на инфо сесии преку кои на стартапџиите детално ќе им ги презентираме можностите за нивен развој и пристап до глобалните пазари кои ги нуди новата соработка, изјави Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Петров појасни дека кредитите ќе бидат достапни во износ од: 10.000, 25.000 и 100.000 американски долари. На стартапите кои ќе изразат интерес за користење на средствата, AWS им става на располагање и техничка поддршка за развој на нивните продукти, како и пристап до бројни онлајн едукативни содржини кои ги обезбедуваат преку нивните партнери.

Милиони клиенти, вклучувајќи ги најбрзо растечките стартапи, најголемите претпријатија и водечките владини агенции, користат AWS со цел да ги намалат трошоците, да станат поагилни и да го забрзат процесот на иновации. Платформата нуди широк сет на глобални клауд производи, вклучувајќи: пресметување, складирање, база на податоци, аналитика, вмрежување, мобилни, алатки за програмери, алатки за управување, IoT, безбедносни и апликации на претпријатијата. Овие услуги им помагаат на организациите да функционираат многу пофлексибилно, да остварат пониски ИТ трошоци и да растат во обем . Netflix, Twitch, LinkedIn, Facebook, Turner Broadcasting и ESPN се само некои од светски познатите компании кои ја користат технологија AWS.

Промовирани огласи »

Или се неисплатени плати или откази без постапки, дури 80.000 поплаки за прекршување на работничките права пристигнале на адресата на Сојузот на синдикати, потврдуваат оттаму. Првиот човек на ССМ Дарко Димовски вели дека кај повеќето имало некоја интервенција и контакт со инвеститорот. Има поплаки и за исплата на плати под минималецот.

Некои не послушаа, поведовме дури и судски постапки, а за останатите се обративме до Државниот инспекторат за труд. Се постапува, редовно не известуваат, добиваме каде се врачени решенија и каде се исплатени глоби. Најголем дел од работниците со тие решенија се вратени на работа, онаму каде што не се вратени ССМ им овозможува бесплатна правна помош, ги застапува пред судовите за да докажат дека им се нарушени тие работнички права, изјави Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Во периодот од јануари и март 2021 година, Државниот инспекторат за труд направил 3.738 надзори по претстваки пријавени од граѓани кои што сметаат дека им е повредено одредено право од работен однос или право од заштита и безбедност при работа. Покрај овие вонредни надзори, има 541 контолен надзор, и 267 редовни надзори.

Државниот инспекторат за труд и Сојузот на синдикатите на Македонија, подржани од Меѓународната организација за труд и Европската Унија, во изминатиот период работеле на креирање на апликација преку која граѓаните на брз и едноставен начин, преку своите мобилни телефони ќе добијат директна информација за своите права, и можност за пријавување случаи кога се прекршуваат законите. Станува збор за мобилна апликација.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »