Промовирани огласи »

Администрацијата за храна и лекови денеска објави дека ќе предложи забрана за цигари со вкус на ментол во САД, што би претставувало огромен удар за идната продажба на тутун, објави cnbc. 

Ментолот е последниот дозволен вкус за цигарите. Според ФДА, ментол цигарите биле непропорционално користени од младите, луѓето со различна боја и заедниците со ниски примања. 

„Со овие активности, ФДА ќе помогне значително да се намали иницијативата кај младите, да се зголемат шансите за прекин на пушењето кај сегашните пушачи и да се надминат разликите во здравствената состојба што ги имаат заедниците, и луѓето со ниски примања“, велат од ФДА. 

Оваа одлука е одговор на петицијата на граѓаните поднесена во 2013 година. Судот наложи да има одговор од агенцијата. 

За овој предлог ќе бидат потребни години за да се донесе заклучок бидејќи треба да има доволно докази од обете страни, што може да биде тешко.

Промовирани огласи »

Грција ја отвора границата со Македонија на 14 мај, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

Патувањето во соседната земја ќе биде условено со сертификат за примена доза или негативен ПЦР-тест, а се преговара и за прифаќање на резултатите од брзи антигенски тестови.

Вчера, разговарав со грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис, кој потврди дека границата се отвора на 14 мај, а за тоа ќе добиеме и официјално известување. Условот е граѓаните што ќе патуваат да имаат или сертификат за примена доза или негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа. Она што се размислува сега, за некои земји, не само за Грција, е да може да се патува и врз основа на брз антигенски тест. За тоа ќе нѐ известат во следниот период, рече денеска Филипче.

Македонците кои дозата ја примија во Србија ќе може да патуваат со документот за примена доза издаден од српските здравствени власти. Министерот вели дека тој документ се признава оти го има истиот код што го имаат и сертификатите за примена доза што ги издаваат нашите здравствени власти.

Во Србија се имунизираа околу 15.000 Македонци. Голем дел од нив ја примија дозата на „Астра зенека“, од која втората доза е за три месеци. Тие сѐ уште чекаат одговори од здравствените власти како да постапат за втората дози оти кај нас таа е забранета за лица под 60 години поради згрутчувањето на крвта поврзано со самото примање.

За нив, Македонија и Србија се во преговори и за локацијата каде што ќе може да ја примат втората доза.

Србија извести дека веќе им резервирала втори дози на сите имунизирани кај нив, но предложи, доколку се утврди дека така е полесно, овие дози да ѝ ги отстапи на Македонија за граѓаните да може дома да ја примат втората доза.

Промовирани огласи »

Од 21 мај авионската компанија Нордвинд обезбедува директна линија од Москва до Скопје и обратно.

За почеток, овие летови ќе се одвиваат еднаш неделно, а патувањето ќе трае три часа и 25 минути. 

Оваа вест ја објави Амбасадата на Русија во Македонија на нивниот твитер-профил. 

Летови до Москва имаше и досега, но сите се со барем еден прекин на патувањето, поради прекачување во друго летало. 

Промовирани огласи »

Секое заболување на работното место од ковид-19 се смета за повреда на работно место и се исплаќа 100 проценти боледување, согласно член 39 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Во овие случаи поради спречување на ширењето на заразната болест, за сите вработени, за привремена спреченост на работа, односно кога е издадено решение за самоизолација, треба да се исплаќа 100 проценти плата”, наведува Конфедерацијата на слободни сидникати.

Пандемијата нѝ покажа колку е важна безбедноста и здравјето на работниците, истакнуваат од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) кои Светскиот ден за заштита при работа го одбележуваат преку онлајн кампања.

„КСС уште од почетокот на пандемијата сериозно го сфати новиот предизвик со кој се соочуваме и континуирано укажува и бара итно да се изнајдат решенија за надминување на ваквите состојби и е загрижена за здравствената состојба на работниците во Македонија и негрижата на надлежните институции за работничките права. Пандемијата ги допре речиси сите аспекти од светот на работата. Неочекувано мораше да се смени начинот на работа на многу работници и да се воведат нови форми на работен ангажман на работниците, како што е работа од далечина, што исто така претставува потенцијален ризик за безбедноста и здравјето на работните места, односно допрва ќе се согледуваат психо-социјалните ризици“, велат од КСС.

Синдикатот извесен период бара прогласување на ковид-19 како професионално заболување за сите работници и 100 процентна исплата на боледување и плата за сите оние кои се заболени.

„Секое заболување на работното место од ковид-19 се смета за повреда на работно место и се исплаќа 100 проценти боледување, согласно член 39 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Во овие случаи поради спречување на ширењето на заразната болест, за сите вработени, за привремена спреченост на работа, односно кога е издадено решение за самоизолација, треба да се исплаќа 100 проценти плата“, наведува КСС.

Изразуваат незадоволство што не добиле можност да ги искажат своите согледувања на Советот за безбедност и здравје при работа. Сметаат дека сите релевантни чинители треба да се фокусираат на градење на стратегии за зајакнување на системите за безбедност и здравје при работа. Ги повикуваат сите надлежни институции да го почитуваат и спроведуваат законот за безбедност и здравје при работа со цел тој закон да функционира и во пракса.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »