Дури и во време на висока стапка на невработеност, компании тврдат дека тие не можат да најдат вработени кои им се потребни. Според една нова анкета, речиси 60% од работодавачите имаат работни места кои остануваат слободни повеќе и од 12 недели. Ова е сигнал за постојан проблем во економијата - недостаток на вештини.
Во минатото, недостатокот на вештини постојано беше во здравството, информатичката технологија и инженерингот - вештини кои се потребни да бидат пополнети голем број на работни мести кои произлегуваат најпрво за време на финансиска санација.
Како да останете конкурентни во вашата област?
Иако недостатокот на вештини е предизвик за пошироката економија, тоа е можност за талентирани и мотивирани лица кои бараат работа и професионалци кои сакаат да ги зголемат своите можности во кариерата. Да се обучувате во областите кои се соочуваат со недостиг на талент ќе ви даде дополнителна предност и ќе ви овозможи да бидете конкурентни на пазарот на труд повторно. Но тоа не доаѓа без екстра напор од ваша страна - напор кој можеби и не можете да го вложите. Според едно истражување, 1 во 5 работници (20%) вели дека сопствените вештини не се во согласност на барањата на работодавецот, а пак 57% од работниците се изјасниле дека сакаат да се стекнат со нови вештини со кои ќе можат да добијат подобро платена и поисполнувачка работа, но половина од нив се изјасниле дека тие не можат тоа да си го дозволат.
Еве неколку начини да се справите со обуката на полесен и поефикасен начин, со цел да станете вистинскиот кандидат за оние работни места кои се слободни.
Не мислете на должината на обуката или студиите: Може да биде доста тешко за некои луѓе со многугодишно искуство да се вратат на студиите, без разлика дали станува за додипломско или постдипломско надоградување.
Сепак, дипломата не е единствен начин за да се добие соодветно образование и обука кое е потребно да го подобри недостатокот од вештините. Некои универзитети нудат континуирани образовни програми кои се со цел да ве насочат кон подобрување т.е. унапредување на својата постоечка кариера со предмети со кои ќе ги подобрите или пак усовршите своите вештини, како и програми за луѓе кои сакаат да се стекнат со додипломски или постдипломски статус подоцна во својот живот.
Бидете отворени за промена: Можеби сте обучени за една кариера, но со недостаток на одредени вештини во некои индустрии, сега е вистинското време да се решите да направите промена. За да ги задоволите овие квалификации без да собирате скапи сметки за школарина, побарајте поедноставни програми кои ќе ве направат квалификуван кандидат со сертификат за вашата посакувана работна позиција.