Промовирани огласи »

По синоќешната престрелка во која еден полицаец е убиен, а друг починал од последиците на ранувањето, на Елисејските полиња дојде до второ пукање.

На фотографијата која ќе ви ги насолзи очите се гледаат двајца полицајци кои се прегрнати и не можат да ги задржат солзите поради смртта на колегата.

Исламската држава презеде одговорност за пукањето во Париз кое се случи воочи претседателските избори.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Повремено проверување на своите пријатели и семејство на Facebook, па понекогаш дури и новата симпатија е една работа, но идејата на вашиот работодавец за тоа како вие споделувате информации и се дружите со колегите може да звучи малку повеќе вознемирувачки.
Се додека не се разгледа како всушност се користат информациите кои што ги собираат.
Голем број на компании ”копаат” по пораките на своите вработени, чет логови и секојдневните интеракции, со цел да добијат подобра идеја за тоа како информациите патуваат низ компанијата.

Но, нивната намера не е да станат ”Големиот Брат”. За една компанија која се подготвува да промени седиште на канцеларии, крајна цел беше да се дизајнира еден деловен простор со кој ќе биде промовирана поефикасна комуникација помеѓу вработените.

Компанијата користеше нови технологии вклучувајќи и беџови кои го следат движењето на вработените во канцеларијата и програми кои ги анализираат пораките и онлајн календарите - со цел да се утврди колку време вработените поминуваат на состаноци, пишување на пораки, како и трошењето на време за приватни цели. Оваа компанија откри дека нивните вработени имаат тенденција да трошат премногу време со шефовите или да даваат директни извештаи на формални состаноци. Беџовите исто така открија дека вработените кои земаат од своето време да зборат со своите колеги поефикасно споделуваат информации и неделно заштедуваат пет часа на непотребни состаноци.

Компанијата ги користи овие информации за подобро дизајнирање на новиот работен простор да биде погоден за повеќе импровизирани разговори наместо за формалните состаноци. Компанијата создаде мало катче со место за седење и понуди бесплатен појадок и ручек со цел да ги поттикне вработените да се сретнат и да разговараат во текот на денот.

ако постојат неколку технолошки компании кои нудат решенија да ги следите комуникациите на вашите вработени, инвестирањето во истиот и не е така потребно. Едно истражување покажува дека 24% од вработените ги гледаат формалните состаноци како најголеми убијци на нивната продуктивност. Спроведувањето на стратегија за да се избегнат - како што се канцеларии со отворен план, кои ја поттикнуваат спонтаната размена на информации и идеи - во голема мера ќе ја подобри продуктивноста, без нарушување на приватноста на вработените.

Промовирани огласи »

Покрај Амазон, ги тестира и CNN и многу помали или поголеми компании, ги користат поединци, но и здруженија, а законодавството сеуште не знае како да ги класифицира. Еве неколку кул начини за нивна примена…

Дронови има секаде околу нас, па и онаму каде што најмалку ги очекуваме . Се користат за воени маневри и операции, надзор, испорака на пратки , а секој ден се откриваат и нови начини за нивна примена.

Денес овој пазар вреди над 130 милиони долари или околу 425.000 продадени примероци годишно. До 2018 се предвидува неговата вредност да надмине една милијарда долари и слободно може да се каже дека имплементацијата на дронови, земајќи ја в предвид постоечката технологија, би била и побрза, но законите на државите се потполно затекнати и никој не знае како ќе реагираат на напливот на оваа војска на дронови.

Па, доколку сакате да ја искористите моментната неподготвеност на регулаторните тела за уредување на условите под кои воздухоплов без екипаж може да лета во македонскиот воздушен простор, еве ви неколку интересни примери што се можете да правите со дрон:

Испорака

Сакаме на близок другар да пратиме ДВД или букет цвеќе за другарката, денес тоа може да го реализираме со дрон. Секако, ако сакаме да пренесеме потешка пратка, ќе треба да инвестираме во некој поскап дрон. Амазон веќе една година активно работи и тестира испораки со помош на дронови . Овој иновативен начин на достава ги изненади корисниците што со нетрпение ја очекуваа својата пратка, знаејќи дека официјалната продажба на Samsung S8 почнува дури на 28 април.

Погледнете како изгледаше доставувањето на новиот Samsung S8 со дрон на следниот линк:

Game of Drones

По борбата на петли и борбата на роботи (да, да и тоа е реалност!?!), време е да се информирате дека постои и борба со дронови. Правилата се многу едноставни, првиот дрон што ќе ја допре земјата – губи. Овој феномен започна во САД, прво како нелегално дружење во гаражите на вљубениците во дронови (а каде на друго место?!?), се додека не оформија здруженија и сојузи кои прераснаа во државна лига на дронови.

Герила маркетинг

Ако на десет дронови ставиме неколку метри долга трака со логото и пораката на нашата компанија и продефилираме до плоштад Македонија или на најпосетената плажа во Охрид во висока сезона, колку поединци ќе ја видат оваа порака ? Колку би платил клиентот за ваква изложеност на неговото лого, слоган, неговата порака? Каква би била цената во сооднос со класичните маркетинг алатки? Денес, ако ја исклучиме цената на дронот, ова можеме да го направиме комплетно бесплатно. И легално, што е најважно!

Јас сум дрон Peeping Tom

И порно индустријата се потруди да направи мала илустрација за тоа како тие гледаат на употребата на дроновите . Можеби после ова нема да се чувствувате така сигурни ниту кога ќе се сончате топлес на некоја дива и зафрлена плажа J

Дронови како лични тренери

Или како што повеќето ги нарекуваат „селфи дронови“. Дроновите што нè следат додека вежбаме и нè снимаат, а воедно ги бележат податоците за нашиот напредок од паметните телефони, алки, часовници, па така по тренингот заедно со резултатите и состојбата на нашето тело, имаме и супер фотографии . Рекламни дронови Повеќе никаде нема да бидеме безбедни од реклами, бидејќи мултимедија дроновите ќе нè следат во чекор, па ако сме целна група на огласувачите, пред нас ќе проектираат видео-пораки или фотографии со продукти и разни понуди на услуги и сервиси.

Сите овие активности се горе-долу легални, се додека не прекршуваат некои други закони како правото на приватност на пример, иако научниците и поединците едуцирани во релевантната област секојдневно посветено работат на нови легислативи. А додека тоа да се случи, Телеком и Samsung веќе смислија иновативен начин како да го достават најновиот Samsung S8 до корисниците што го купија онлајн нивниот нов уред, кој стигна со дрон токму онаму каде што тие се наоѓаа во моментот на доставата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »