Промовирани огласи »

Покрај Амазон, ги тестира и CNN и многу помали или поголеми компании, ги користат поединци, но и здруженија, а законодавството сеуште не знае како да ги класифицира. Еве неколку кул начини за нивна примена…

Дронови има секаде околу нас, па и онаму каде што најмалку ги очекуваме . Се користат за воени маневри и операции, надзор, испорака на пратки , а секој ден се откриваат и нови начини за нивна примена.

Денес овој пазар вреди над 130 милиони долари или околу 425.000 продадени примероци годишно. До 2018 се предвидува неговата вредност да надмине една милијарда долари и слободно може да се каже дека имплементацијата на дронови, земајќи ја в предвид постоечката технологија, би била и побрза, но законите на државите се потполно затекнати и никој не знае како ќе реагираат на напливот на оваа војска на дронови.

Па, доколку сакате да ја искористите моментната неподготвеност на регулаторните тела за уредување на условите под кои воздухоплов без екипаж може да лета во македонскиот воздушен простор, еве ви неколку интересни примери што се можете да правите со дрон:

Испорака

Сакаме на близок другар да пратиме ДВД или букет цвеќе за другарката, денес тоа може да го реализираме со дрон. Секако, ако сакаме да пренесеме потешка пратка, ќе треба да инвестираме во некој поскап дрон. Амазон веќе една година активно работи и тестира испораки со помош на дронови . Овој иновативен начин на достава ги изненади корисниците што со нетрпение ја очекуваа својата пратка, знаејќи дека официјалната продажба на Samsung S8 почнува дури на 28 април.

Погледнете како изгледаше доставувањето на новиот Samsung S8 со дрон на следниот линк:

Game of Drones

По борбата на петли и борбата на роботи (да, да и тоа е реалност!?!), време е да се информирате дека постои и борба со дронови. Правилата се многу едноставни, првиот дрон што ќе ја допре земјата – губи. Овој феномен започна во САД, прво како нелегално дружење во гаражите на вљубениците во дронови (а каде на друго место?!?), се додека не оформија здруженија и сојузи кои прераснаа во државна лига на дронови.

Герила маркетинг

Ако на десет дронови ставиме неколку метри долга трака со логото и пораката на нашата компанија и продефилираме до плоштад Македонија или на најпосетената плажа во Охрид во висока сезона, колку поединци ќе ја видат оваа порака ? Колку би платил клиентот за ваква изложеност на неговото лого, слоган, неговата порака? Каква би била цената во сооднос со класичните маркетинг алатки? Денес, ако ја исклучиме цената на дронот, ова можеме да го направиме комплетно бесплатно. И легално, што е најважно!

Јас сум дрон Peeping Tom

И порно индустријата се потруди да направи мала илустрација за тоа како тие гледаат на употребата на дроновите . Можеби после ова нема да се чувствувате така сигурни ниту кога ќе се сончате топлес на некоја дива и зафрлена плажа J

Дронови како лични тренери

Или како што повеќето ги нарекуваат „селфи дронови“. Дроновите што нè следат додека вежбаме и нè снимаат, а воедно ги бележат податоците за нашиот напредок од паметните телефони, алки, часовници, па така по тренингот заедно со резултатите и состојбата на нашето тело, имаме и супер фотографии . Рекламни дронови Повеќе никаде нема да бидеме безбедни од реклами, бидејќи мултимедија дроновите ќе нè следат во чекор, па ако сме целна група на огласувачите, пред нас ќе проектираат видео-пораки или фотографии со продукти и разни понуди на услуги и сервиси.

Сите овие активности се горе-долу легални, се додека не прекршуваат некои други закони како правото на приватност на пример, иако научниците и поединците едуцирани во релевантната област секојдневно посветено работат на нови легислативи. А додека тоа да се случи, Телеком и Samsung веќе смислија иновативен начин како да го достават најновиот Samsung S8 до корисниците што го купија онлајн нивниот нов уред, кој стигна со дрон токму онаму каде што тие се наоѓаа во моментот на доставата.

Промовирани огласи »

Изминатиов   период   започна   реализацијата   на   капиталниот   проект   за изградба на нов забавен парк во Скопје. Денес граданочалникот Трајановски на својот фејсбук профил го откри изгледот на овој важен проект за главниот град.

Со ова, скопјани ќе добијат нов, модерен и атрактивен забавен парк, сонови  реквизити   и   забавни   содржини,  коj   ќе   биде   изграден   на  истата локација како стариот Луна Парк и истиот ќе биде на површина од околу 25.000 квадратни метри.

Важно е да се напомене дека  новиот забавен парк се гради во рамките на постојниот и дека нема да се зема површина од зеленилото од Градскиот парк. Изградбата на новиот забавен парк ќе се гради фазно, во повеќе години.

Каков ќе биде изгледот на новиот луна парк погледнете ексклузивно од видеото кое градоначалникот Трајановски го објави на својот фејсбук профил во моментов:

Промовирани огласи »

Jaне Петровски има само 4 години, а веќе ги знае сите видови змии, ги знае и сите видови на животни од неговиот албум со сликички, знае кои се безрбетници, мекотели, членконоги, риби, водоземци, влекачи, птици, цицачи или пак за животни кои спаѓаат во изумрен вид. Вие му го кажувате бројот од албумот, а тој знае кое животно треба да се залепи на тој број и веднаш го класифицира.

Неговата мајка ни кажа дека Јане зборувал сѐ на едногодишна возраст. А љубовта и интересот кон животните ги наследил од својот татко Александар.

„Од лани летото почнавме да собираме сликички, на почетокот се интересираше за кое животно се работи, како се вика и во која група на животни спаѓа. Така научи и да чита и да пишува и на кирилица и на латиница“, вели неговата мајка Снежана.

Многумина можеби ќе си го постават прашањето дали тој треба да е првиот првооделенец со 4 години. Но Снежана вели дека ќе чекаат да наполни 6 години и заедно да си учи со своите другари.

Нa заминување, Јане ни даде автограм.    

Промовирани огласи »

За жителите на ЕУ Канада воведува електронски дозволи за патување наместо визи.

Канада од мај ќе ги олесни правилата за патување за сопствениците на пасош од земјите на ЕУ.

За жителите на Европската унија, Канада воведува таканаречена електронска дозвола наместо виза. Дозволата ќе се издава за кратко време ќе чини 7 канадски долари. Нивната важност е ограничена до шест месеци.

За добивање на дозвола за патување и престој во Канада потребно е да се исполнат и одредени услови.

Ова олеснување е добредојдено за Македонците со бугарски пасош кои ќе можат да смеаат на шестмесечно работење во Канада. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »