Промовирани огласи »

МЕПСО ќе бара зголемување на цената за преносот на електричната енергија, велат што ќе влијае на крајната цена, велат извори за Сител. Колкаво зголемување ќе бара компанијата се уште не се знае. Во моментов се прават пресметките на трошоците кои МЕПСО треба да ги достави до Регулаторна до средината на мај. Учеството на МЕПСО во крајната цена на струјата е најмало и е околу три проценти.

Сепак од Регулаторната комисија уверуваат дека нема да дозволат да има ново поскапување на струјата.

- РКЕ вообичаено во јуни или во јули ги носи своите одлуки за цени на електрична енергија, но ќе ги преземе сите механизми кои и се на располагање, можеби ќе излезе и од своите законски надлежности пропишани во Законот за енергетика и нема да дозволи зголемување на цената на електрична енергија, вели Бислимовски.

Државните електрани пак следниот месец на тендерот на ЕВН ХОУМ треба да достават нова цена по која ќе ја продаваат произведената струја. ЕСМ има обврска на овој тендер да понуди 70 проценти од потрбените количини. Но нема гаранција дека на тендерот ќе биде откупена оваа струја затоа што може би ќе се јават трговци кои ќе понудат пониска цена.

Со започнувањето на либерализацијата на пазарот РКЕ влијае на крајната цена со 38 проценти. Односно само на цената на преносот и дристрибуцијата, а нема влијае на 52 отсто.

Поради пандемијата државните енергетски компании минатата година ја завршија со загуби. Минатата година цената на струјата се зголеми за 7, 4 проценти на барање на државните компании со образложение дека имаат намалени приходи поради коронакризата.

Новата цена на струјата ќе се знае во август.

Промовирани огласи »

Главниот координативен кризен штаб го поддржа предлогот на Комисијата за заразни болести за намалувањето на рестриктивните мерки.

Главниот координативен кризен штаб го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и врз основа на епидемиолошките текови и состојби во државата, намалување на бројот на хоспитализирани лица и бројот на заразени лица, за утрешната седница на Владата се препорачуваат следните мерки за усвојување:

Почнувајќи од 12 мај 2021 година, забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз да почнува од 24:00 часот до 05:00 часот.

Соодветно на ова, дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот.

Сите настани и ивенти може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.

Наменскиот протокол за згрижени деца во детските градинки да се измени, односно се дозволува зголемување на бројот на деца од 15 на 20 во една група.

Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите.

Се дозволува користење на годишните одмори за здравствените работници.

Овие мерки ќе важат до 18 мај 2021 година.

Промовирани огласи »

 
Загадувањето во Скопје се намалува константно и без атмосферските фактори
 
Во рамки на активностите на Град Скопје, Владата на РСМ и општините во главниот град, според последните анализи изготвени врз основа на официјалните податоци за квалитетот на воздухот и животната средина, бројките покажуваат стабилно намалување на загадувањето на воздухот во главниот град.
 
Драстични промени во просечната температура во изминатите 6 години нема; средната температура во најголемиот дел од времето се движи околу 14 степени, мерени по Целзиусовата скала, податок што самиот по себе кажува дека температурата не е причина за намалувањето на загадувањето. Слична е и ситуацијата со ветровите - во периодот од 2015-та до 2020-та година, состојбата е речиси непроменета. 
 
Кога би се направил осврт на врнежите, согласно податоците добиени од официјалните мерни станици, очекувавме 2018-та, 2019-та и 2020-та година да бидат поврнежливи во однос на 2015-та, 2016-та и 2017-та. Но податоците велат дека најмалку врнежи имало во 2019-та година, односно 379.10 mm, а најмногу, речиси 2 пати повеќе, имало во 2016-та година со 682.90 mm. Кај загадувањето на атмосферскиот воздух и ПМ 10 честичките, ситуацијата е спротивна. Во 2019-та измерено е средно ниво на 51.53 µg/m3, кое е далеку помало од 2016-та година, со 71.91 µg/m3 средно годишно ниво на ПМ10 честички. 
 
Заклучокот на крајот на анализата вели дека ветровите и температурата не се главниот фактор за намаленото загадување на воздухот. 
 
Град Скопје, Владата на РСМ и општините во градот, со заеднички заложби и спроведувањето на низа активности за изведба на ново и зачувување на постојното урбано зеленило, промоцијата на велосипедот како алтернативно средство за транспорт, изведбата на нови велосипедски и пешачки патеки и реконструкцијата на постоечките, во одредена мера придонесуваат кон намалување на загадувањето на животната средина.
 
Со координирани и конкретни активности кои го промовираат здравото урбано живеење, кампањите за подигнување на свеста за зачувување на животната средина, но и идните проекти кои се планирани за изведба во Скопје и околината, дополнително ќе придонесат кон намалување на загадувањето на воздухот и средната концентрација на ПМ 10 честички во воздухот.   
 
Имајќи ги предвид досегашните средни податоци, добиени од официјалните мерни станици, за периодот од 2015-та до 2020-та година, забележителен е трендот на намалување на загадувањето на атмосферскиот воздух во Скопје.

Промовирани огласи »

Сигурно сте го гледале филмот The Italian Job. Откако украдоа 35 милиони долари, експертот за експлозив Лево Уво ги прашува останатите од екипата што ќе прават со парите. Со други зборови, сега се богати, како ќе се промени нивниот живот?

Одговорите се движеа од наједноставен (голем стерео систем) до најсложен (куќа во Шпанија во кој има библиотека со сите први изданија на најпознатите автори и посебна соба за чевли). Како што следат одговорите може да се забележи дека сите освен еден одговор содржат купување на материјални работи. И ако сакаме да бидеме искрени, сигурно тоа би бил и нашиот одговор на прашањето, што кога ќе станете ултра богати?

Што би одговориле?

Еве еден можен одговор.

Она што навистина не можеме да го контролираме е времето. Кога би биле богати, она што би го направиле е елиминирање на сите обврски околу работа со полно работно време така што ќе остане многу слободно време во текот на денот. Дури и да уживате во тоа што го работите, би било супер самостојно да одлучувате што ќе правите со сопственото време. Постојанно сте преплавени од низа активности и немате слободно време, така што она што вие би го „купиле“ е слободното време за вашите омилени активности. 

Патувањата се друга работа која би сакале да ја „купите“, доколку имате доволно слободно време и тоа не толку заради разгледувањето на нови градови и држави, туку заради надлетувањето со авион над прекрасните пејсажи. Патувањата се одлични ако сакате да почнете да гледате на работите на поинаков начин. 

Она што не би го купиле се прескапи коли и куќи кои навистина нема да бидат доволно искористени доколку се потсетите дека сакате многу да патувате. Доволно е да промените одредени нешта во домот кои практично ќе ви донесат поголема функционалност. 

Што би направиле вие во случај да се стекнете со големо богатство? 

Ќе ја потхранувате мегаломанската карактеристика која неминовно ја поседува секој човек или  сепак ќе останете приземјени со тоа што богатството ќе го искористите на практичен начин?

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »