Промовирани огласи »


Чувствата се комплицирани. И уште повеќе кога сте на работа. Ние сакаме да веруваме дека „тврдокорниот професионалец“ е стоик, но кои важни информации ни недостасуваат кога не ги занемаруваме нашите емоции на работното место? Во оваа епизода, психологот од Харвард, Сузан Дејвид, ќе ви помогне да се ослободите од „тиранијата на позитивноста“ и да го прифатите целиот спектар на вашите емоции. По завршувањето на разговорот, водителката Модупе Акинола ја прошири оваа идеја на работното место со испитување на моментот кога пролеала солзи на состанокот со колегите.

Можете да слушнете што има Сузан да каже, можеби навистина ќе ви помогне во самоконтролата и контролата на вашите емоции на работното место. 
 

Промовирани огласи »

МЕПСО ќе бара зголемување на цената за преносот на електричната енергија, велат што ќе влијае на крајната цена, велат извори за Сител. Колкаво зголемување ќе бара компанијата се уште не се знае. Во моментов се прават пресметките на трошоците кои МЕПСО треба да ги достави до Регулаторна до средината на мај. Учеството на МЕПСО во крајната цена на струјата е најмало и е околу три проценти.

Сепак од Регулаторната комисија уверуваат дека нема да дозволат да има ново поскапување на струјата.

- РКЕ вообичаено во јуни или во јули ги носи своите одлуки за цени на електрична енергија, но ќе ги преземе сите механизми кои и се на располагање, можеби ќе излезе и од своите законски надлежности пропишани во Законот за енергетика и нема да дозволи зголемување на цената на електрична енергија, вели Бислимовски.

Државните електрани пак следниот месец на тендерот на ЕВН ХОУМ треба да достават нова цена по која ќе ја продаваат произведената струја. ЕСМ има обврска на овој тендер да понуди 70 проценти од потрбените количини. Но нема гаранција дека на тендерот ќе биде откупена оваа струја затоа што може би ќе се јават трговци кои ќе понудат пониска цена.

Со започнувањето на либерализацијата на пазарот РКЕ влијае на крајната цена со 38 проценти. Односно само на цената на преносот и дристрибуцијата, а нема влијае на 52 отсто.

Поради пандемијата државните енергетски компании минатата година ја завршија со загуби. Минатата година цената на струјата се зголеми за 7, 4 проценти на барање на државните компании со образложение дека имаат намалени приходи поради коронакризата.

Новата цена на струјата ќе се знае во август.

Промовирани огласи »

Главниот координативен кризен штаб го поддржа предлогот на Комисијата за заразни болести за намалувањето на рестриктивните мерки.

Главниот координативен кризен штаб го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и врз основа на епидемиолошките текови и состојби во државата, намалување на бројот на хоспитализирани лица и бројот на заразени лица, за утрешната седница на Владата се препорачуваат следните мерки за усвојување:

Почнувајќи од 12 мај 2021 година, забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз да почнува од 24:00 часот до 05:00 часот.

Соодветно на ова, дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот.

Сите настани и ивенти може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.

Наменскиот протокол за згрижени деца во детските градинки да се измени, односно се дозволува зголемување на бројот на деца од 15 на 20 во една група.

Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите.

Се дозволува користење на годишните одмори за здравствените работници.

Овие мерки ќе важат до 18 мај 2021 година.

Промовирани огласи »

 
Загадувањето во Скопје се намалува константно и без атмосферските фактори
 
Во рамки на активностите на Град Скопје, Владата на РСМ и општините во главниот град, според последните анализи изготвени врз основа на официјалните податоци за квалитетот на воздухот и животната средина, бројките покажуваат стабилно намалување на загадувањето на воздухот во главниот град.
 
Драстични промени во просечната температура во изминатите 6 години нема; средната температура во најголемиот дел од времето се движи околу 14 степени, мерени по Целзиусовата скала, податок што самиот по себе кажува дека температурата не е причина за намалувањето на загадувањето. Слична е и ситуацијата со ветровите - во периодот од 2015-та до 2020-та година, состојбата е речиси непроменета. 
 
Кога би се направил осврт на врнежите, согласно податоците добиени од официјалните мерни станици, очекувавме 2018-та, 2019-та и 2020-та година да бидат поврнежливи во однос на 2015-та, 2016-та и 2017-та. Но податоците велат дека најмалку врнежи имало во 2019-та година, односно 379.10 mm, а најмногу, речиси 2 пати повеќе, имало во 2016-та година со 682.90 mm. Кај загадувањето на атмосферскиот воздух и ПМ 10 честичките, ситуацијата е спротивна. Во 2019-та измерено е средно ниво на 51.53 µg/m3, кое е далеку помало од 2016-та година, со 71.91 µg/m3 средно годишно ниво на ПМ10 честички. 
 
Заклучокот на крајот на анализата вели дека ветровите и температурата не се главниот фактор за намаленото загадување на воздухот. 
 
Град Скопје, Владата на РСМ и општините во градот, со заеднички заложби и спроведувањето на низа активности за изведба на ново и зачувување на постојното урбано зеленило, промоцијата на велосипедот како алтернативно средство за транспорт, изведбата на нови велосипедски и пешачки патеки и реконструкцијата на постоечките, во одредена мера придонесуваат кон намалување на загадувањето на животната средина.
 
Со координирани и конкретни активности кои го промовираат здравото урбано живеење, кампањите за подигнување на свеста за зачувување на животната средина, но и идните проекти кои се планирани за изведба во Скопје и околината, дополнително ќе придонесат кон намалување на загадувањето на воздухот и средната концентрација на ПМ 10 честички во воздухот.   
 
Имајќи ги предвид досегашните средни податоци, добиени од официјалните мерни станици, за периодот од 2015-та до 2020-та година, забележителен е трендот на намалување на загадувањето на атмосферскиот воздух во Скопје.
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »