Промовирани огласи »

Повторно ќе се разгледува дали евтината струја ќе се укине  или не. Извори за Сител велат дека и годинава ова прашање ќе биде дел од разговорите меѓу енергетските компании и Регулаторната комисија за енергетика. Но од РКЕ велат дека  сеуште не добиле барање од компаниите за укинување на евтината тарифа.

Регулаторната комисија за енергетика до овој момент нема добиено барање од електроенергетските компании за укинување на ефтината тарифа. Доколку добиеме барање за укинување на ефтината тарифа веднаш ќе ја информираме јавноста од кого е поднесено барањето, и кои причини се наведени за укинувањето на ефтината тарифа, се вели во дописот од Регулаторната комисија.

Од граѓанските здруженија велат дека ако евентуално се  отвори ова прашање, Регулаторна не смее да дозволи  граѓаните да останат без оваа бенефиција.

Во меѓувреме енергетските компании ги подготвуваат и пресметките за трошоците и најдоцна до 15-ти мај треба да ги достават до РКЕ. Според информациите Мепсо ќе бара зголемување на цената за преносот на струја што ќе има влијание во пресметката на крајната цена. Уделот на компанијата во крајниот износ е 3 проценти.

ЕСМ пак следниот месец треба да достави нова цена на тендерот на ЕВН ХОУМ по која ќе ја продава произведената електрична енергија. Но гаранција дека на тендерот ќе биде откупена оваа струја нема, зашто може да се јават и трговци со пониска цена. Сепак од РКЕ уверуваат дека нема да дозволат да има ново поскапување.

Нова корекција на цената на  струјата ќе има до крајот на јули, а до  тогаш ќе се знае и дали евтната тарифа ќе остане. 

Лани електричната енергија поскапе за 7,4 проценти на барање на државните енергетски компании, но Регулаторна одлучи да ја остави евтината струја која домаќинствата можат да ја користат два пати во денот.

Промовирани огласи »

Од 14 мај, односно од утре Грција и целосно се отвора за туристите, а влез со завршена вакцинација или негативен ПЦР тест ќе биде овозможен и за македонските граѓани, како што се соопшти од властите. Сепак има нови правила за патување во јужниот сосед. Пред да влезе во земјата секој патник мора да има попоплент документ таканаречен локатор за патници или PLF. Пополнувањето треба да да биде завршено ден пред да влезат во Грција (најдоцна 23.59 часот претходниот ден) или ден пред да ја напуштат земјата. 

Во него има детални информации за тоа која е појдовната точка, однозно влезот, времетраењето на претходниот престој во други земји и адресата на нивниот престој додека се во Грција. Во случај на повеќекратен престој (на повеќе места), од нив се бара да ја наведат адресата каде ќе бидат во првите 24 часа. Треба да се достави еден PLF по семејство.

Патниците ќе добијат потврда по е-пошта по поднесување на PLF. Детали и образец за ПФЛ на следниот линк

Патниците ќе добијат PLF со нивниот единствен код (QR) на денот на закажаното пристигнување во Грција и ќе бидат известени преку е-пошта (QR-кодот ќе биде даден на линк во мејлот за потврда).

Формуларот PLF може да се најде и на апликацијата Visit Greece и на travel.gov.gr. На патниците им се препорачува бесплатно да ја преземат апликацијата Visit Greece (согласност со GDPR), пред нивното пристигнување во Грција.

ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ

Од 19 април, патниците кои пристигнуваат во Грција треба да поседуваат негативен PCR тест од лабораторија за тестирање не постар од 72 часа. Тие правила остануваат и по целосното отворање, утре.

Овој тест е задолжителен за сите туристи (вклучително и за деца постари од 5 години), без оглед на епидемиолошката состојба што постои во земјата на заминување.

- Ако патникот ја завршил својата вакцинација (т.е. поминале 14 дена од последната вакцинација, во зависност од потребните дози) и поседува потврда за вакцинација, тогаш не е потребен доказ за негативен тест.

- Сертификатите за вакцинација за вакцините Спутник, Синовак, кои не се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), исто така, ги ослободуваат посетителите од обврската за негативен тест за ПЦР. Прифатливи вакцини значи се Pfizer BioNtech, Moderna, Astra Zeneca, Novavax, Johnson + Johnson, Sinovac Biotech, Gamaleya (Sputnik), Cansino Biologics, Sinopharm.

- Секој патник кој ќе пристигне во Грција, без оглед на сертификатот што го поседува, може да помине низ случаен здравствен преглед. Доколку е избран, тестирањето со рапид тест е задолжителено. Во спротивно, властите го задржуваат правото да одбијат влез во земјата. Изборот ќе се прави преку систем на насочено земање примероци, заснован на системот ЕВА користен летото 2020 година.

Промовирани огласи »

Комбинацијата на беспрекорна посветеност и прецизната стручност може да создаде платформа за успешен резултат.

KARIERA.mk е токму тоа!

Нашето интензивно присуство на пазарот на труд од скоро 5 години не доведе до бројка од 4000 компании со кои секојдневно реализираме продуктивна соработка.

KARIERA.mk е онлајн сервис за поврзување на компаниите со кандидатите за вработување кој произлезе како резултат на синергијата на тимови со над 15 годишно искуство во IT и HR индустријата со преку 12 милиони прегледи на месечно ниво.

Нашата понуда на услуги се сости од:

  • Еднократно огласување
  • Пакет огласи за подолг временски период (6 месеци/1 година)
  • Маркетинг за вашата компанија

Останатите детали може да ги најдете тука.

Ви благодариме за лојалноста, ова ни дава мотив да создаваме уште повеќе можности за градење кариера кога се работи за иднината на нашите сограѓани.

Бидете како колибри, независни и уживајте во секој миг од животот.

А сега, да се вратиме на работа!

Промовирани огласи »

Прекувремената работа претставува работа која се врши преку утврденото полно работно време. 

Според Законот за работни односи работодавачот може да побара од работникот да врши прекувремена работа во следните случаи:

1) во случаи на исклучително зголемување на обемот на работата;
2) ако е потребно продолжување на деловниот или производниот процес;
3) ако е нужно да се отстрани оштетување на средствата за работа, што би предизвикало прекинување на работата;
4) ако е потребно да се обезбеди безбедност на луѓето и имотот, како и безбедноста на прометот 
5) во други случаи определени со закон или колективен договор.

Прекувремената работа може да трае најмногу осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно, освен за работите кои поради специфичниот процес на работа не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да се организира работата во смени. Прекувремената работа во период од три месеци не може во просек да надминува повеќе од осум часа неделно.

За работниците од Министерството за внатрешни работи, кои вршат посебни должности и овластувања согласно со посебен закон, прекувремената работа може да трае подолго од 190 часа годишно, поради извршување на итни и неодложни работи, по претходно дадена писмена согласност на работникот.На работникот кој работел над 150 часа подолго од полното работно време, а не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината, кај истиот работодавач, во кои не се засметуваат деновите на искористен годишен одмор, работодавачот е должен да му исплати покрај додатокот на плата и бонус во висина од една просечна плата во Републиката.

Работодавачот е должен да води посебна евиденција за прекувремената работа и часовите за прекувремената работа посебно да ги наведе во месечната пресметка на платата на работникот и за секое воведување на прекувремена работа претходно писмено да го извести подрачниот државен инспектор на трудот.

За вршењето на прекувремената работа на работникот му следува надоместок како додаток на основната плата утврдена во договорот за вработување.

Основната плата на работникот се зголемува по час најмалку за:
– прекувремена работа ………………………………………………… 35%
– работа ноќе………………………………………………………………… 35%
– работа во три смени ……………………………………………………. 5%
– работа во ден на неделен одмор.. ………………………………. 50%

За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со  закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога  во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа  зголемена за 50%.

Додатоците, меѓусебно не се исклучуваат .

Правото на зголемен надоместок по основ на работа во три смени работникот го остварува само за ефективно проведено работно време во смени.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »