Промовирани огласи »

Оние кои веќе поминаа еден викенд во Грција велат дека оваа година, барем во пред сезоната цените се нешто пониски.

Тоа може да се забележи во продавниците, рестораните за брза храна и секаде каде што се продаваат прехрамбени продукти.

Гирото оваа сезона чини од 2 до 2,5 евра во овој период од годината но оние кои често одат во Грција велат дека овие цени веројатно ќе се зголемат кон средината на идниот месец.

Кафето има различна цена во зависност од тоа каде ќе го купите. На плажа нескафе и оваа сезона се продава меѓу 3 и 4 евра а едно пиво на плажа е околу 3 евра.

Во продавниците пак, се разбира во зависност од тоа колку се оддалечени од центарот на случувањата во местото во кое што одите, цените варираат.

Оние кои се на шеталиштата имаат нешто повисоки цени, додека малку подалеку од центарот, можете да најдете и поевтини производи.

Пиво во продавница е околу 1 евро за лименка. Доматите се од 2 до 3 евра по килограм, една краставица чини половина евро а на пример една четвртина бурек е околу 1,8 евра.

Цените на плажите, онаму каде што се наплаќаат лежалки немаат некоја поголема промена. Ако нарачате пијачка, лежалките и чадорот ќе ги користите бесплатно.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2021 година (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита празникот “Св.Кирил и Методиј”, Денот на сесловенските просветители.

Промовирани огласи »


Ема Роузен донела смела одлука да се откаже од својата работа и да направи радикални промени во потрага по нејзината совршена кариера.

Таа поминала една година пробувајќи 25 типови на кариера пред да наполни 25 години преку краткорочно работно искуство, да ги дефинира и да им даде можност на работите. Таа го завршила предизвикот и ги поминала сите 25 работни места пред нејзиниот 25-ти роденден во август 2017 година.

Што треба вие да направите?

Слушнете ја Ема во говорот за тоа како да ја најдете својата пасија и да ја претворите во кариера.

Промовирани огласи »

Согласно Законот за работни односи  имате  право на платен годишен одмор од најмалку 20 и најмногу 26 работни дена.

Според Законот годишниот одмор може да се користи во два дела, со тоа што првиот дел мора да трае најмалку 12 работни дена и да се искористи до крајот на тековната година, а вториот дел најдоцна до 30 јуни идната година .

Во годишен одмор не се пресметуваат: празниците, саботите и неделите, отсуствата поради боледување и другите случаи на оправдано отсуство од работа.

Непријавените работници односно „хонорарците“ и други нетипични видови на вработувања не се предвидени во Законот за работни односи, но морална обврска на менаџментот кој ги користи услугите на оваа најзагрозена група работници  е да им овозможи еднаков третман во однос на користењето на одморите со другите вработени.

Законот за работни односи предвидува прекршочна одговорност на сите работодавачи кои на вработените не им обезбедат годишен одмор во согласност со Законот  и не им издадат решение за годишен одмор кое служи и како доказ пред трудовата инспекција.

Секое користење на годишен одмор треба во секоја фирма да е според однапред утврден план за одмори и секако писмено да добиете документ за користење на годишниот одмор – потпишано од работодавецот и од вас како вработени.

Доколку според работните обврски мора да работите за празник работодавецот е должен да ви исплати празнична дневница.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »