Промовирани огласи »

Најавите на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за можното воведување на прогресивен данок за богатите и евентуалното враќање на кризен данок наиде на низа негодувања од страна на јавноста и експертската фела.

Според бизнисменот Горан Рафајловски овие идеи се несфталиви и вели дека истите можат да донесат поголема штета на и онака кревката економијата.

Повеќе прочитајте на kanal5.com.mk

Промовирани огласи »

Дури 70.551 денар била просечната плата во март во дејноста компјутерско програмирање, говорат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Плата над 70 илјади денари програмерите земале и во претходниот месец, надминувајќи ја на тој начин одамна „шеестката“, а сега и „седумдесетката“, нешто што е сон на многумина вработени во земјава. 

Далеку зад нив, но сепак со солидни во просек 48.734 денари се вработените во областа телекомуникации.

Во дејноста производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, пак, земаат просечна плата од 46.501 денар плата.

Во март просечната плата во земјава изнесувала 28.217 денари, јави Државниот завод за статистика. 

Според податоците, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во  март 2021 година, во однос на март 2020 година, пораснала за 6,8 проценти.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (17,9 отсто), Дејности на здравствена и социјална заштита (12,3 проценти) и Информации и комуникации (12,1 отсто).

Промовирани огласи »

Маж од Илионис беше уапсен за фрлање ѓубре во вредност од 200 илјади долари во тревникот на поранешниот работодавач, само две недели по освојувањето на 125 милиони долари и отказот на работа.

54 годишниот Брајан Морис од малиот град во Клерендон Хилс во округот Dupage, купил преку 20 илјади тони ѓубриво и побарал да биде фрлено на имотот од неговиот поранешен шеф, преправајќи се дека тоа е неговиот имот. 

Преку 12 камиони полни со ѓубриво се појавиле пред куќата околу 6 часот наутро и почнале да го фрлаат „миризливиот“ товар во тревникот од имотот. 

Џорџ Фицџералд, поранешниот работодавец на г-дин Морис, се разбудил од звукот на возилата на неговиот имот и најбрзо што можел повикал полиција. 

За жал, на полицијата и биле потребни повеќе од 15 минути за да пристигне на местото, така што повеќе од 10 илјади тони веќе биле фрлени во тревникот.

Брајан Морис стоел преку улица и се смеел кога полицијата пристигнала, по што им пристапил на полицајците и признал дека тоа е негово дело при што го објаснил и мотивот за оваа постапка. 

„ Обвинетиот ни кажа дека работел за жртвата 17 години и дека бил третиран како го*но. Тој вели дека морал да го издржи тоа злоставување поради тоа што му требале парите, но сега кога освоил 125 милиони долари дошло време за одмазда.“

Полицијата од Клерендон Хилс признала дека времето на реакција било несоодветно и изјави дека ќе го држи под надзор г-динот МОрис за да спречи можни идни инциденти од сличен тип. 

Брајан Морис привлече огромно медиумско влијание две недели пред овој настан со освојувањето на 125-те милиони долари на лотаријата Пауербол.  

Кога го прашале што ќе прави со парите, тој изјавил: „Само следете ги вестите, ќе видите.“

Тој бил ослободен со кауција неколку саати по апсењето и им кажал на новинарите да останат будни, тврдејќи дека ќе организира уште неколку вакви случки во иднина. 

 

Промовирани огласи »

Министерот за здравство Венко Филипче пред неколку дена најави дека поради намалување на бројката на новозаразени од КОВИД-19 и на починати можно е олабавување на мерките, односно може да започне да се размислува за свадба на отворено без маски, но маски при шетање во град или при одење на работа ќе мора да се носат.

„Спласнува пандемијата, паѓа бројката на новозаразени и се ослободуваат одделенијата кои досега беа КОВИД-центри“, истакна министерот за здравство Венко Филипче пред Арена А1 СЦ „Борис Трајковски“. Според министерот за здравство, се уште е рано да се тргнат маските, но може да се одржуваат организирани настани на отворено доколку продолжи овој тренд на спласнување на пандемијата со КОВИД.

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека угостителските објекти да продолжат да работат само надвор, а по подолго време треба да се дозволат свадби со протоколи во однос на пополнетост на капацитети во надворешни услови, а не и внатре. Евентуално може да се излезе во пресрет на барање за зголемување на бројот на посетители на една маса. Ова олабавување може да се случи на почетокот на јуни, но за тоа ќе одлучи Комисијата за заразни болести.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »