Промовирани огласи »

Маж од Илионис беше уапсен за фрлање ѓубре во вредност од 200 илјади долари во тревникот на поранешниот работодавач, само две недели по освојувањето на 125 милиони долари и отказот на работа.

54 годишниот Брајан Морис од малиот град во Клерендон Хилс во округот Dupage, купил преку 20 илјади тони ѓубриво и побарал да биде фрлено на имотот од неговиот поранешен шеф, преправајќи се дека тоа е неговиот имот. 

Преку 12 камиони полни со ѓубриво се појавиле пред куќата околу 6 часот наутро и почнале да го фрлаат „миризливиот“ товар во тревникот од имотот. 

Џорџ Фицџералд, поранешниот работодавец на г-дин Морис, се разбудил од звукот на возилата на неговиот имот и најбрзо што можел повикал полиција. 

За жал, на полицијата и биле потребни повеќе од 15 минути за да пристигне на местото, така што повеќе од 10 илјади тони веќе биле фрлени во тревникот.

Брајан Морис стоел преку улица и се смеел кога полицијата пристигнала, по што им пристапил на полицајците и признал дека тоа е негово дело при што го објаснил и мотивот за оваа постапка. 

„ Обвинетиот ни кажа дека работел за жртвата 17 години и дека бил третиран како го*но. Тој вели дека морал да го издржи тоа злоставување поради тоа што му требале парите, но сега кога освоил 125 милиони долари дошло време за одмазда.“

Полицијата од Клерендон Хилс признала дека времето на реакција било несоодветно и изјави дека ќе го држи под надзор г-динот МОрис за да спречи можни идни инциденти од сличен тип. 

Брајан Морис привлече огромно медиумско влијание две недели пред овој настан со освојувањето на 125-те милиони долари на лотаријата Пауербол.  

Кога го прашале што ќе прави со парите, тој изјавил: „Само следете ги вестите, ќе видите.“

Тој бил ослободен со кауција неколку саати по апсењето и им кажал на новинарите да останат будни, тврдејќи дека ќе организира уште неколку вакви случки во иднина. 

 

Промовирани огласи »

Министерот за здравство Венко Филипче пред неколку дена најави дека поради намалување на бројката на новозаразени од КОВИД-19 и на починати можно е олабавување на мерките, односно може да започне да се размислува за свадба на отворено без маски, но маски при шетање во град или при одење на работа ќе мора да се носат.

„Спласнува пандемијата, паѓа бројката на новозаразени и се ослободуваат одделенијата кои досега беа КОВИД-центри“, истакна министерот за здравство Венко Филипче пред Арена А1 СЦ „Борис Трајковски“. Според министерот за здравство, се уште е рано да се тргнат маските, но може да се одржуваат организирани настани на отворено доколку продолжи овој тренд на спласнување на пандемијата со КОВИД.

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека угостителските објекти да продолжат да работат само надвор, а по подолго време треба да се дозволат свадби со протоколи во однос на пополнетост на капацитети во надворешни услови, а не и внатре. Евентуално може да се излезе во пресрет на барање за зголемување на бројот на посетители на една маса. Ова олабавување може да се случи на почетокот на јуни, но за тоа ќе одлучи Комисијата за заразни болести.

Промовирани огласи »

ФМС дооел е специјализирана компанија која ги нуди сите услуги поврзани со имотот. Компанија која ќе го процени, идентификува и претстави најдоброто решение за предизвиците и проблемите со кои се соочува вашиот објект. Нудат професионални услуги, имаат високо обучен кадар и користат иновативна технологија.

ФМС, исто така, претставува млада компанија со просперитетен тим кој професионално пристапува и одговара на сите предизвици. Компанија ориентирана кон изнаоѓање решенија, со единствена цел – да ви обезбеди квалитет со висок степен на економска оправданост.

ФМС ќе пружи поддршка и професионални совети за вашата компанија во процесот на влез на пазарот во Македонија од самиот почеток па сè до завршување на проектот. Обезбедуваат консултантски услуги за инвестиции и воспоставување на вашиот бизнис во југоисточна Европа. Компанијата соработува со низа меѓународни консултантски фирми од различни индустрии и ќе ви овозможи меѓународно искуство со локални ескпертски познавања и поддршка.

Нивниот тим е тука за да ви помогне да ги постигнете вашите цели и да создадете дополнителни можности и потенцијал за вашата компанија. Ќе бидеме покрај вас во спроведувањето на сите предложени решенија сè до нивна целосна реализација.

Имаат отворено 3 работни позиции:

ВОДОИНСТАЛАТЕР

ХАУСМАЈСТОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ

ЕЛЕКТРОИНСТАЛАТЕР / ЕЛЕКТРИЧАР / ЕЛЕКТРОМОНТЕР

Во Quantox нудат: најсовремен софтвер девелопмент и услуги за развој на веб, создавање модерен дизајн, мобилни апликации, full-time менаџмент на серверот, создавање уникатна содржина преку Интернет или кое било друго специфично барање на нашите клиенти.

Посветени на развој на веб и мобилни апликации, професионалците во Quantox креираат еден посветен тим на технолози, дизајнери, програмери, маркетинг и мрежни стратези со повеќе од една деценија искуство во производство на веб-страници со голем волумен за важни брендови, по дел од цената што би ја платиле за слични услуги во некои други фирми.

Нивниот тим постојано расте и има над 200 високо квалификувани професионалци, повеќето од нив во напредни нивоа. Комбинирајќи ги талентите на нивните вработени можеме со сигурност и доста самоуверено да кажеме дека можеме да развиеме било каков дигитален производ за десктоп, мобилни и VR уреди. Покрај работата на постојните проекти, нашиот тим е посветен на постојана обука и зајакнување на знаењето и искуството, следејќи ги најновите технологии и методологии за работа.

Со секој проект управува посветен Проект менаџер кој служи како една единствена точка за контакт со вас, насочувајќи го целиот процес при поставувањето на јасно дефинирани цели и управување со нашите вработени во модуларен начин за да обезбедиме квалитетно програмирање, модерни дизајни, развој на нативни мобилни апликации, целосен сервер менџмент, уникатно создавање содржина или други специфични услуги со цел да се достигнат и надминат вашите најголеми очекувања.

Сметајте на тимот од Quantox и дозволете да се грижиме успешно за вашите потреби за било каков развој и дизајн во наредните години.

Имаат отворено 5 работни позиции:

IT RECRUITER

NODE.JS DEVELOPER

FULL STACK DEVELOPER

JAVA DEVELOPER

REACT DEVELOPER

Скеил Фокус е компанија за развој на софтвер и дигитални услуги со мисија да им помогнат на клиентите да растат користејќи ги најновите технологии и врвни таленти. Со комбинирање на длабока експертиза за технологија и долгогодишно знаење во индустријата, им помагаат на деловните активности непречено да се движат низ лавиринтот на технологијата. Како една од водечките софтверски компании во Источна Европа, Скеил Фокус обезбедуваат целосен опсег на ИТ консултации и услуги за развој на софтвер, опфаќајќи ги сите фази на производствениот циклус на развој на софтвер. Нивните заеднички вредности ја прифаќаат иновацијата, се стремат кон совршеност, отворена комуникација, агилност и интегритет. Тоа ги тера сите наивни колеги да се чувствуваат како дел од заедницата која сонува големи работи и постигнува уште повеќе.

Имаат отворено 3 работни позиции:

SENIOR QUALITY ENGINEER

DATA ENGINEER

SENIOR PHP DEVELOPER

Magna International Inc. е водечки глобален добавувач на автомобили посветен на испорака на нови решенија за подвижност и технологија што ќе го промени светот. Нивните производи можат да се најдат на повеќето возила денес и доаѓаат од 346 производни операции и 93 центри за развој, инженеринг и продажба на производи во 27 земји. Имаат над 152,000 вработени насочени кон обезбедување супериорна вредност на нивните клиенти преку иновативни процеси и производство од светска класа.

Имаат отворени 4 работни позиции:

MAINTENANCE TECHNICIAN

ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО

PRODUCT ENGINEER (POWER FOLD)

PRODUCT AUDITOR

KARIERA.mk е сервис за поврзување на компаниите со кандидатите за вработување и им помага на кандидатите да ја најдат вистинската работа со тоа што може да аплицираат на активните огласи со само 1 клик.

Промовирани огласи »

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи поддржува враќање на прогресивниот данок, затоа што, како што вели тој, богатите станале уште побогати за време на пандемијата.  Ваквата реакција на вицепремиерот следува откако вчера претседателот на МАНУ, Таки Фити, рече дека потребна е финансиска консолидација и проресивен данок.

Битиќи смета и дека персоналниот данок треба да се намали во одредени дејности. Во моментов не е јасно дали одложеното прогресивно оданочување ќе се врати во 2023, но  Битиќи не ја исклучува можноста да биде воведено и порано. За даночните реформи најавува консултации кои најверојатно ќе траат шест месеци. Од дебатите со експертите ќе се знае дали има потреба и од воведување на кризен данок како што беше ситуацијата во 2001 година.

Даночната реформа значи воведување на прогресивното оданочување, јас велам - зошто да не. Кризата покажа дека некои богати станаа уште побогати. Заради идеолошкото верување, сметам дека треба да има прогресивно оданочување. Богатите треба да платат и да вратат на посиромашните. Ако тоа значи воведување на нов данок за посиромашните, велам не, затоа што на нив им должиме за да излезат од прагот на сиромаштија и да почнат да живеат достоинствено, рече Битиќи.

Најлесно е да се зголемат даноците, потешко е да се бориш против сивата економија, реагиураше вчера Зоран Јовановски, главен советник на Управниот одбор на Стопанска комора на Македонија. Додава дека така ќе се оптоварат повеќе тие кои плаќаат данок. 

Академик предлага покачување на даноците. Тоа е најлесно да се направи, да се натоварат уште повеќе тие што плаќаат данок. Потешко е да бориш против сивата економија. Треба прво тоа да се потсреди па после да се размислува за нови или повисоки даноци, напиша вчера Јовановски. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »