За компанијата: Magna International Inc. is a leading global automotive supplier dedicated to delivering new mobility solutions and technology that will change the world. Our products can be found on most vehicles today...
повеќе за компанијата »Magna International Inc. е водечки светски добавувач на автомобилски компоненти посветен на развивање на нови мобилни решенија и технологија која ќе го промени светот. Нашите продукти и системи се вградени во две од секои три возила произведени во светот и глобалната мрежа на Magna International Inc. се наоѓа на пет континенти и 28 држави и се состои од 347 производствени операции и 84 центри за инженеринг, продажба и развој со повеќе од 158,000 вработени кои се фокусирани на испорачување на супериорна вредност на нашите клиенти преку иновативни процеси и производство од највисок квалитет.
За потребите на својата дивизија за производство на ретровизори Magna Mirrors, во Охридско/Струшкиот регион, имаме потреба од:
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
Главни одговорности:
- Работа со производствени алатки за штрафење, работа со алатки со компримиран воздух, работа со механички преси и хидраулични преси
- Асемблирање на склопни делови составени од механички и електрични компоненти
- Визуелна инспекција според ISO стандарди за автомобиска индустрија
- Ракување со интеракциски програми за следење на производство преку екрани на допир
- Асемблирање на производи на производствена линија, основно одржување и чистење на алатки и машини
- Навремено известување и реакција при грешки и застои кон Тим лидер
- Сетирање и работа со рачни , полу автоматски и автоматски алатки и машини
- Периодична проверка на квалитетот на производите
- Проверка на деловите според спецификации и толеранции дадени од страна на финален купувач и интерни стандарди
- Работа според зададени работни инструкции и почитување на стандардизирана работа
- Работа според зададени стнадарди за безбедност
- Одрување на чиста работна околина според 5C стандарди
- Навремено известување и ескалација при застои и проблеми
- Работа според дефинирани стандарди за производство произлезени од MAFACT системот
- Почитување на сите здравствени, безбедносни и стандарди за екологија според правилата на Магна
- Дополнителни задачи и одговорности коишто ќе бидат дефинирани од страна на Тим лидер
Потребно искуство:
- Активно познавање на Англиски јазик
- Претходно искуство во производство во компании од автомобилска индустрија во делот на склопување на финален производ
- Способност за самостојна работа како и работа во тим
- Способност за работа под притисок и кратки рокови
- Способност за работа со минимум надзор
- Познавање и следење на инстукции креирани според принципот за стандардизирана работа
- Умешност при работа и склопување на ситни механички и електрични делови
Дополнителни вештини коишто ќе се сметаат за предност:
- Одговорност за луѓе и водење на тим
- Познавање на основи алатки за решавање на проблеми
- Познавање на основни алатки за континуирано подобрување
- Познавање на Клучни индикатори за ефективност во автомобилска индустрија во делот на производство, квалитет и логистика
- Познавање и идентификација на приципи за загуби во производство и нивно елиминирање
- Познавање на принципи за идентификација на потребно време за работа, балансирање на производствени процеси со луѓе и машини според нарачки на купувач
- Познавање на Германски јазик
Доколку сте заинтересирани и ги поседувате потребните вештини за позицијата, Ве замолуваме испратете ја Вашата кратка биографија (CV) на следната email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: “Оператор во производство” најдоцна до 31.05.2021.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Слични огласи »