Промовирани огласи »

Азиска земја развива сопствена криптовалута. Централната банка на Кореја бара партнер за да ја истражи можноста за лансирање дигитална валута во тест средина.

Јужна Кореја ќе избере снабдувач на технологија за изградба на пилот платформа за развој на дигитални валути, приближувајќи се кон создавање на сопствена криптовалута што ќе биде поддржана од централната банка. 

Платформата ќе содржи симулации на комерцијални банки и продажни места, а ќе вклучува плаќање преку мобилни телефони, трансфер на средства и пoлагање депозити, објави Банката на Кореја (БОК), пренесува Seebiz.eu. Пилот програмата ќе трае од август до декември оваа година.

Дигитална рубља на пазарот на криптовалути ќе се појави до крајот на годината. 

Истражувањата кои ги направил Центарот за истражување на финансиска технологија и дигитална економија „Сколково“, покажале дека скоро половина од испитаниците ја поддржуваат идејата за дигитализација на рубљата, а 40 отсто се против.

Во меѓувреме, паѓа вредноста на биткоинот. 

Промовирани огласи »

Францускиот моден магнат Бернард Арно стана најбогат човек на светот. 

Тој го престигна сопственикот на Амазон, Џеф Безос, на врвот на листата на најмоќни луѓе во светот. Списанието „Форбс“ го проценува богатството на Арно на 186,3 милијарди долари, што е за 300 милиони долари повеќе од она на Безос.

Богатството на Арно, кое чинеше 76 милијарди долари во март лани, скокна за 110 милијарди долари поради деловната активност на неговата „Луј Витон Груп“ (ЛВМХ), чии членови се „Фенди“, „Кристијан Диор“, „Живанши“.

На трето место е сопственикот на Тесла, Елон Маск, чие богатство се проценува на 147,3 милијарди долари.

Промовирани огласи »

Иако сега празниците ги прославуваме на поинаков начин, би било навистина прекрасно ако не го прескокнете Денот на сесловенските просветители, зашто писменоста денес, за жал, е сè помалку застапена, а е исклучително важна во процесот на зачувување на интегритетот на еден народ.

Писменоста е нераскинлив дел скоро од секој аспект на новото време кое го живееме, зашто таа не се однесува само на молив, гума и тетратка со тесни-широки линии, туку се трансформира според потребите и еволуцијата на човештвото.

Моментално, тргнувајќи од тоа дека скоро се е дигитално, повеќето услуги и производи се лесно достапни на Интернет, некогаш ја забораваме најважната работа, а тоа се нови вистински информации во било каква форма. Писменоста ни помага да стигнеме до тие нови информации, а способноста за самостојно распознавање на вистинитоста на тие вести се развива само со постојано проверување на фактите дури и од релевантни извори. 

Новите информации го стимулираат мозокот и создаваат простор за нови. 

Интернетот првично бил алатка во поглед на напредок на човештвото, моментално кај нас се користи за губење време во буквална смисла. 

Дигиталната и медиумската писменост се есенцијални вештини за опстојување на пазарот на трудот во вакви периоди. 

Распознавање на лажни вести, истражување пред да се искоментира или слично, соодветна реакција на типот на содржина која се сервира на публиката се суштинските елементи поврзани со добивањето на правите вести и информации. 

Разбивањето на бариерата меѓу публиката и вистинитоста на информациите кои таа публика ги чита кај нас се одвива навистина бавно. 

Во Рим во 869 година папата Адријан ги осветил словенските книги, што значи дека Римската Црква официјално ја признала словенската писменост.

Поминати се 1 152 години, а ние уште не сме ја завршиле оваа еволуирана верзија на мисијата на светите браќа. 

Нивото на писменост на одредена нација зависи правопропорционално од нивото на свест и способност за држење чекор со брзиот развој на светот.

Ако порано требаше да се посветиме само на азбуката за да постигнеме ниво, сега процесот на личниот развој е многу посложен и бара фокус. 

За да го испочитуваме нивното дело, треба да се придржуваме до нивната идеологијата - описменување на народот без разлика на сè. 

Тогаш имало притисоци против ваквата мисија под изговорот дека се работи за ширење ерес, сега владее само игнорантноста кон релевантноста на описменувањето во која било форма. 

Никогаш не е доцна да се покаже дека писменоста вдахнува моќ. 

Промовирани огласи »

Луѓето кои се занимаваат со производство на чевли и облека земаат најниски плати. 

Најниска просечна плата има во дејноста производство на кожа и слични производи од кожа – 23.579 денари, бруто, а потоа следи дејноста заштитни и истражни дејности – 24.700 денари. Со ниски плати се и вработените во туристички дејности и туроператори и останати резервациски услуги и дејности поврзани со нив, односно 25.542 денари.

Работниците кои се занимаваат со производство на облека се со просечна плата од 26.173 денари и услуги поврзани со одржување на згради и уредување и одржување на животна средина и природа со плата во просек од 26.218 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2021 година е 28.217 денари и бележи раст во однос на март лани од 6,8 проценти. Податоците деновиве ги објави Државниот завод за статистика.

Од СДСМ велат дека економските мерки и политики што ги реализираше Владата предводена од  премиерот Зоран Заев дадоа резултат. Според нив, економските индикатори покажуваат позитивен нагорен тренд, македонската економија е стабилна, жива и динамична.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »