Промовирани огласи »

Да беше до нас, придобивките од читањето и пишувањето ќе се спомнуваа и славеа на секое емитување на утрински и вечерни вести:

 „Сега е 11 часот, дали им читавте на вашите деца денес?“ 

Кои се 5-те работи кои треба да ги знаете за моќта на писменоста?

1. Читањето на глас е од витално значење.

Истражувањата докажуваат дека читањето на глас на децата секој ден ги става речиси една година пред децата кои не добиваат доза дневно читање на глас и тоа е без оглед на приходите на родителите, академската или културната позадина. Згора на тоа, педијатрите сега препишуваат читање на глас, заедно со нивните совети за исхрана и здравје, како признание на докажаните придобивки од развојот на мозокот и стекнувањето богат речник.

2. Писменоста спасува животи.

Според УНЕСКО, подобрувањата во образованието за жените се најверојатно прилина за преполовување на смртноста кај децата во изминатите дваесет години. Мајките кои се образовани има поголема веројатност да ги вакцинираат своите деца и почесто да ги испраќаат на училиште. Замислете што ќе се случи кога секое дете и возрасен човек ќе може да чита, пишува и учи сè што сака и што треба да знае.

3. Писменоста ве учи да ја поседувате и цените сопствената приказна.

Во извештајот за образование според глобалното набљудување се вели дека постои јасна врска помеѓу писменоста и позитивната слика за себе. Градењето на доверба како читател, писател, слушател и говорник е трансформативно во животот на една личност. Овие основни способности се користат секоја минута од секој ден за да се прочита светот. Повеќе од тоа, читањето приказни дава поголемо разбирање за себе. Одеднаш има ликови кои ги чувствуваат истите чувства како вас, кои ги споделуваат вашите борби, вашите надежи и вашите соништа. Писменоста дефинитивно може да нè извади од изолација и да нè однесе во заедницата на читатели и писатели.

4. Писменоста ве носи до целта.

Истражувањата покажале дека луѓето кои ги запишуваат своите цели имаат 80% поголема веројатност да ги постигнат. Документирањето на вашите цели и редовното читање на истите, ја задржува вашата мотивација во првите редови на вашиот ум и ви овозможува да започнете да креирате акциони планови. Ова е продуктивна писменост на дело. Едноставно да имате способност да запишете што сакате да направите и каде сакате да одите, доведува до импресивен почеток.

5. Писменоста вдахнува моќ

Способноста да бараме и разбираме информации на сите ни ја дава слободата да донесуваме сопствени автентични одлуки, да се залагаме за сопствениот интегритет и да учиме за нашата заедница и светот. Луѓето кои знаат да читаат и пишуваат се моќни во општеството и студиите покажуваат дека писменоста доведува до поголема самодоверба и граѓански ангажман.

Во име на мисијата на светите браќа Кирил и Методиј, која уште трае и ден денес во форма на борба против неписменоста во било кој аспект од општественото постоење. 

Информирај се, истражувај, анализирај, ако веќе си научил да читаш и пишуваш навреме!

 

Промовирани огласи »

Заедничката студија на Светската здравствена организација (СЗО) и Меѓународната организација на трудот (МОТ) во 194 земји низ светот откри дека долгото работно време ги зголемува смртните случаи поврзани со срцеви заболувања и мозочен удар.

Глобалната мапа на смртни случаи од прекумерна работа покажува дека земјите од Балканот се едни од најекспонираните земји во Европа. Податоците на СЗО и МОТ покажуваат дека во регионот доминира скалата од 6,6-7,7 смртни случаи на 100 илјади жители, што е едно од највисоките европски нивоа. Освен Македонија, може да се види дека и другите балкански земји имаат голема смртност поради товарот на болести кои доаѓаат од долгото работно време и трудоинтензивните професии.

Според интерните податоци објавени од ИНСТАТ, сегашното просечно неделно работно време за платените лица во 2019 година било 41,3 работни часа неделно во Макеоднија, далеку подолго отколку во другите европски земји кои работат 30-35 часа неделно. Всушност, целиот Балкан работи подолго. Рекордот го држи Црна Гора, со 44,4 часа неделно, Албанија со 43,4, Србија (42,3) итн.

Но, дури и во Европа, најголема смртност од долги часови на работа имаат источните земји, како што се Украина, Белорусија, Молдавија со 10-15 смртни случаи на 100 илјади жители. Ризиците од долгите часови на работа се претежно високи во азиските земји и Кина и во некои африкански земји. Додека најниските нивоа на здравствени ризици што доаѓаат од долгото работно време ги имаат земјите од Западна Европа и САД.

Конвенцијата за меѓународни работни часови предвидува работното време на вработените да не надминува 8 часа на ден и 48 часа неделно (со некои исклучоци). Во некои земји, дефиницијата за долго работно време зависи од националните прописи. Сепак, многу земји го дефинираат стандардното работно време како 35-40 часа неделно.

СЗО и МОТ заклучија дека долгото работно време ја зголемува смртноста и морбидитетот од срцево заболување и мозочен удар преку психосоцијален стрес. Опасноста доаѓа преку две главни причини.

- Прво ослободувањето на вишокот на стресни хормони поради долготрајно работење може да предизвика нарушувања во кардиоваскуларниот систем.

-Второто е преку однесување, што вклучува употреба на тутун, алкохол, нездрава исхрана, физичка неактивност и нарушувања на спиењето кои негативно влијаат на здравјето на срцето.

Во регионот во просек најмалку работи јавниот сектор, а најмногу производствениот сектор, со 46,3 часа во просек. Вториот сектор со подолг работен ден е трговијата, транспортот, угостителството, деловните услуги. Во продавници, барови, ресторани и хотели, вработените работат долги часови до 45 часа неделно. Следат градежништвото  и земјоделството.

  
 

Промовирани огласи »

Кариера: Во кој момент се роди идејата за LuxBox?

Елена: Идејата и амбицијата да основам свој бизнис и бренд се роди уште од тинејџерските години пред да се запишам на факултет,  а веројатно голем удел во тоа имаше моето опкружување, поточно моето семејство кое се занимава со претприемништво долги години. Во текот на моите магистерски студии во Барселона, имав можност да работам на реални проекти за брендови од модната и луксузната индустрија, а со тоа и да научам како сето тоа еден ден да го применувам во својот бизнис. Љубовта спрема внатрешниот дизајн и дизајн на мебел ја открив малку покасно, по што се одлучив да се едуцирам и во таа насока. Клучниот момент беше всушност кога за прв пат добив прилика да работам на проект за внатрешно и надворешно уредување и го имав првиот допир со различните материјали, бои и текстури во еден ентериер. Мермерот за кратко време стана мојот омилен материјал за работа, а од тука се роди и идејата за еден ваков бизнис. LuxBox е спој од се она што сум го посакувала, учела и работела во текот на изминатите неколку години. Факултетот по Бизнис Менаџмент, курсевите по Внатрешен дизајн и 3DS Маx, а напоредно и работното искуство во е-трговијата беа доволни за да се чувствувам подготвена да започнам сопствен бизнис кој ги опфаќа сите мои интереси.

Кариера: Мермерот е универзален, но сепак уникатен материјал за работа. Што значи да се работи со ваков тип на материјал?

Елена: Да се работи со природен мермер е предизвик од повеќе аспекти.  Ниту едно парче мермер не е идентично, секоја шара се разликува една од друга, па со тоа и секое парче мебел кое го изработуваме е единствено. Ова колку што е предност толку е и маана, поради тоа што клиентот очекува да го добие производот идентичен како што е на сликата. На пример, црниот мермер или LUNAR, може да се каже дека најмногу варира од парче до парче, некое е со минимални бели вени на црна основа, а некое пак е целосно покриено со бели шари.  Поради тоа, постојано се трудиме да ги едуцираме клиентите да знаат дека мермерот секогаш ќе биде различен од оној на прикажаната слика и за среќа досега сите наши клиенти биле свесни за ова и не ни се случило некој да биде незадоволен од изгледот. Ние внимателно го селектираме секое парче мермер пред изработка, но мали “совршени несовршености” како што јас ги нарекувам, има скоро на сите парчиња и според мене токму во тоа е и убавината на природниот мермер.   Денес има многу вештачки материјали кои се направени да изгледаат како мермер и се многу полесни за работа, но според мене ништо не може да го замени автентичнот изглед и уникатноста на природните вени на мермерот.

Кариера: Како мермерот се вклопува во секојдневието на едно модерно семејство? Повеќе ја сакаат неговата практичност за чистење или ултра-уникатниот изглед?

Елена: Мермерот се користи во внатрешното уредување години наназад насекаде во светот, па поради тоа се смета за безвременски материјал кој никогаш не излегува од мода и е секогаш актуелен. Сепак, кај нас имаше еден долг период на предрасуди дека мермерот е  “кич” или пренападен, и дека може да се вклопи единствено во одреден стил на ентериер, како што е класичниот. За среќа, социјалните медиуми го воздигнаа мермерниот тренд, па последниве неколку години можеме да забележиме дека е се’ по присутен во домовите на модерните семејства. Ултра-уникатниот изглед на мермерот кој притоа се покажа дека одлично се вклопува во сите ентериери, па дури и во скандинавски, бохо и индустрискиот стил, е со сигурност причина за неговата голема популарност.

Кога станува збор за одржувањето, мермерот е малку специфичен поради тоа што е порозен материјал и има тенденција да впива течности, па се препорачува површината да се пребрише веднаш по истурената течност и да не се остава подолго време. Според мене, мермерот е како виното, со стареење станува уште поубав! Малите дамки и траги му даваат посебен карактер на мермерното парче и треба да ги засакаме. Многу од нас до ден денес чуваме предмети изработени од мермер кои биле на нашите баби и дедовци, па така и LuxBox има цел да креира мебел и предмети кои се долготрајна инвестиција и ќе се пренесуваат од една на друга генерација.

Кариера: Зошто го нарековте LuxBox?

Елена: Главната инспирација за името LuxBox се главните ликови во оваа приказна – масите кои потсетуваат на мермерни кутии што зрачат луксуз, елеганција, но и спокој од природата. Една од тие масички, поточно “LuxBox ICE Cubic“ беше првото парче кое го изработивме и во моментов се наоѓа во мојот дом. Евоцирајќи го гламурот на дизајните на италијанскиот мебел од 1950-та, LuxBox мермерните маси се одликуваат со целосна мермерна обвивка на која елегантно прикажаните природни вени внесуваат софистицираност и свежина во секој ентериер. “Луксузните кутии” во моментов се достапни во 5 бои на мермер и тоа: Бел (ICE), Црн (LUNAR), Сив (SILVER), Зелен (JADE) и Кафен (COFFEE).

Кариера: Вашите клиенти можат и самостојно да го дизајнираат парчето мебел што им е потребно. Дали сте добиле дизајн од кој произглегла цела линија на мебел?

Елена: Да, нашите клиенти можат сами да дизајнираат парче мебел, а ние да го реализираме. Со оваа опција сакаме да ги мотивираме нашите клиенти да бидат креативни, да ги оствариме нивните желби, да создадеме нешто точно онака како што си го замислувале, а притоа и да имаат самостоен дизајн на парче мебел кое сами ќе го именуваат и ќе биде поставено за продажба на luxbox.mk.  Освен дизајнирањето на уникатен производ, нашите клиенти можат да одберат и веќе готов дизајн од нашата интернет продавница и да го приспособат на своите потреби. Оваа опција е особено популарна поради можноста самите да ја одберат бојата на металните ногари или бојата на мермерот на веќе постоечки дизајн, но и поради можноста да варираат со димензиите во зависност од нивниот простор. Со првата модифицирана нарачка на масичка со златна-мат метална конструкција од страна наша драга клиентка, произлезе Gold едицијата која ги содржи веќе постоечките дизајни на масички и конзоли, но во златна-мат варијатна. Цела линија на мебел од уникатен дизајн на наш клиент досега сме немале, но би сакале и се надеваме дека во иднина ќе имаме.

Промовирани огласи »

Граѓаните се жалат дека секое одење во маркет се соочуваат со нови повисоки цени на прехранбените произоди. Поскапени се јајцата, млечните производи, шеќерот, овошјето, зеленчукот, а најмногу од се е поскапено маслото за јадење. 

Цената на струјата е покачена. 

Покачена е и цената на становите во државате. Тоа особено е изразено во главниот град. 

Стопанствениците немаат убави вести. И за иднина најавуваат дека цените ќе се зголемуваат, особено во градежништвото. 

Најавено е и можно зголемување на цената на електричната енергија. 

Платите на граѓаните се исти или пак намалени поради пандемијата, а трошоците за живот видно зголемени, што директно ќе влијае врз квалитетот на животот, па дури и може да додведе до зголемување на стапката на сиромаштија. На удар ќе бидат семејствата кои имаат минимални примања. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »