Промовирани огласи »

Министерката за образование,  Мила Царовска за Сител изјави дека Министерството за образование и наука ќе обезбеди 10.000 таблети за четвртоодделнците кои од септември ќе почнат да ги користат најавените дигитални учебници.

Тоа значи за половината. Зошто? Зашто ова не е процес во оваа година и кој ќе заврши. Дури и да има повеќе од првиот период, за петто одделение со време ќе стигна, за шесто одделние ќе стигне. И тоа е осовременување на образовниот систем. Дури и од поголемите одделенија можат да изнајмат таблети од библиотеките, вели Царовска.

Според неа, децата кои во моментот не користат технолошки уреди уназадуваат зад оние кои користат.

Парламентарниот комитет за политички систем и односи меѓу заедниците, како и правниот законодавен дом ја прифатија иницијативата за референдум поднесена од граѓанската иницијатива „Книги и настава мора да има“. 

Сега останува собранискиот претседател Талат Џафери да се изјасни за референдумот за потоа да се отвори патот за идните активности. Од иницијативата „Книги и настава треба да има“ бараат повлекување на предлог-законот за учебници што предвидува и дигитализација на книгите. 

Промовирани огласи »

Пораст од 2, 5 проценти на цената на струјата очекуваат експертите од август, или пак просечен раст на месечните сметки за електрична енергија од трошоци од 11 до 55 денари за едно домаќинство.

Енергетските компании веќе излегоа со свои барања до регуалторната комисија, а од она што веќе е познато, МЕПСО бара зголемување на цената за услугата од 143 отсто, НЕМО за 45 проценти, додека Електродистибуција 0.95 проценти. 

Според Регулаторната комисија за енергетика,. ако се прифатат сите барања на компаниите, зголемувањето на цената би изнесувало 5 процетни, но под услов АД ЕСМ  во јуни на тендерот на ЕВН ХОУМ да не понуди повисока цена за произведената струја. 

„Компаниите веќе ги доставија своите барања, но тие допрва ќе се разгледуваат. МЕПСО побарал зголемување на цената за пренос од 143 отсто, Националниот енергетски маркет оператор за организирање и управување на пазарот на електрична енергија побарал зголемување за 45 отсто, а Електродистрибуција зголемување за 0,95 отсто на цената за дистрибуција на електрична енергија“, тврдат од регулаторот.

Од тоа колку всушност ќе поскапи струјата за домаќинствата, најмногу ќе зависи колкави ќе бидат трошоците за купување на електрична енергија од страна на универзалниот снабдувач АД ЕВН.

Тоа значи дека од понудата на државните електрани АД ЕСМ всушност зависи и крајната одлука за новата цена која треба да се формира до крајот на јули. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе објавија дека загубата на оваа компанија лани била околу 28 милиони евра.

Минатата година електричната енергија поскапе за 7,4 проценти. Како алтернатива засега се споменува намалувањето на ДДВ-то за сметките од страна на државата.

Промовирани огласи »

Долгоочекуваниот Дино Парк во Скопската Зоолошка градина од денеска е отворена за посетителите.

Паркот се состои од 41 диносаурус, дел од нив со синхронизирани движења, а испуштаат и звуци. 

Просторот е со големина од 2.000 метри квадрати, а дополнително е збогатен со 430 високостеблести и нискостеблести растенија.

Влезот во паркот е од страна на Градскиот парк, односно старио влез на Зоолошката. 

Влезницата ќе чини 50 денари, а истиот ќе биде отворен за посетители од 9 до 21 часот. 

Промовирани огласи »

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека не очекува да има зголемување на даноците во земјата поради пандемијата, наспроти очекувањата на опозицијата, и најави дека на крајот од годината ќе започне со реализација на едно ветување од владината програма за овој мандат.

Во последниот квартал од 2021 најавувам намалување на персоналниот данок во ИТ секторот од 10 на 5 отсто, рече Заев, кој додаде дека потоа истиот во оваа дејност ќе се намали на 3 и на крај на 0 проценти со цел да се стимулира мотивацијата на овој кадар.

За подготовката на измени и дополнувања на законодавството за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки на канабисот, тој рече дека неговата фамилија поседува само една од 61 лиценца за одгледување.

Една лиценца е на мојот прв братучед, сите останати 60 се на домашни и странски инвеститори. Мојот братучед веќе ме праша дали да ја затвори компанијата, но платите таму се од 700 до 1.500 евра во оваа дејност, изјави Заев.

Тој рече дека Македонија за одгледување цвет од канабис за медицински цели има попримамлива почва и клима дури и од Португалија и дека се бара решение за негов извор што би овозможило флексибилност и примамливост за уште повеќе инвестиции.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »