Промовирани огласи »

Да се намали стапката на Данокот на додадена вредност (ДДВ) кој граѓаните го плаќаат на испорачаните сметки за струја откако ќе псокапи наесен електричната енергија. Ова го размислувала Владата, а според информации на Фактор веќе почнале пресметките за тоа колку откажувањето од дел од овој данок ќе го чини буџетот. Во  меѓувреме, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на брифинг со новинари рече дека партијата планира да ја почека влaста, но ако не го стoри тоа ќе иницираат предлог измени со што ДДВ би се намалил од 18 на 5 проценти за сметките за струја кои ги плаќаат граѓаните. Со тоа, како што вели, би се амортизирал ударот за граѓаните.

Мицкоски тврди дека поскапувањето на струјата ќе биде околу 15 проценти и вели дека државните Електрани се во загуби и во долгови.  

„Ќе почекаме да видиме како ќе реагира власата ако не преку КОмисијата за финансирање и буџет ќе иницираме промени на стапката на ДДВ. Тоа ќе го чини буџетот 100 милиони евра, пари кои Владата може да ги надомести од друго место. Нека си ги скратат непродуктивните трошоци, нека ги намалат крадењата, нека намалат со купување лимузини по институциите. Ете ги парите. Ќе ги заштедиме на пократок рок на година две, преку разни државни хартии од вредност, а граѓаните ќе бидат заштитени и нема да има ценовен шок и намалување на куповната моќ на домаќинствата. Во спротивно, цената на електричната енергија ќе предизвика сериозен потрес на економијата, рече Мицкоски.

Инаку се уште не се готови анализите за тоа колку ќе поскапи струјата. Енергетските компании ги доставуваат извештаите и барањата до Регулатроната комисија за енергетика која ќе го има конечниот збор. ЕВН Хоум моментно и плаќа поскапа струја на Електрани на Северна Македонија по што се очекува растот да се преслика и во сметките. Моментно ЕСМ има долгови, а најверојатно и во загуба. Мицкоски тврди дека во 2017 година АД ЕЛЕМ била во одлична техничка и финансиска состојба, со реновирана главна опрема во термо и хидро централите, со финансиска резерва од 20 милиони евра, без долгови кон никого и сите финансиски обврски према странски и домашни доверители исполнети, а во моментов оваа компанија ги истрошила сите ресурси и затоа се очекува и поскапување на електричната енергија, со што власта како и секогаш порано ќе удри врз грбот на граѓаните.

Тој обвини дека државата вештачки одржувала поевтина струја, затоа што тоа ѝ одговарало политички за време на референдумот и изборите.

Промовирани огласи »

Скијачки одморалишта, фотоволтаични центри, ветерници, енергија од отпад, клинички центар, централа за гас, фабрика за челик, железница, гасификација, се само дел од новите инвестиции што ги објави премиерот Зоран Заев во рамките на планот за инвестиции 2021-2027. Според премиерот, тоа ќе донесе 12.744 нови работни места од 30 договори што се веќе потпишани со инвеститорите..

Вкупната вредност на Планот за интервенција за инвестиции 2021-2027 година е над 8 милијарди евра. Повеќето се приватни инвестиции или грантови од ЕУ, концесии, јавно приватно партнерство, што е вкупно 4,2 милијарди евра, изјави Заеви.

Премиерот рече дека Македонија е најатрактивната земја во Југоисточна Европа, не само во Западен Балкан.

Затоа што сме членка на НАТО. Дури и во најтешките моменти, институциите наоѓаат решенија. Зошто американската компанија одлучи да инвестира во Македонија? Закажавме специјална седница пред полноќ за експертите на Мерцедес од Германија да стигнат на време за време на најсериозниот врв на третиот бран, за да го постават уредот во втората фаза. Ниту полицијата ниту царината не можат да дозволат одредени патници да влезат во нашата земја и во странство, рече Заев..

Најави инвестиции во прехранбена индустрија, автомобилска индустрија, градежништвото, трговијата, а вели дека досега се потпишани договори со инвеститори од Турција, Швајцарија, Канада, Италија, Германија, САД, Холандија, Словенија и тројца инвеститори од земјава.

Промовирани огласи »

Минатата година помал број на странци добиле германски пасоши, вклучувајќи ги и македонските. Во 2020 со овој документ се стекнале 690 македонски граѓани (310 мажи и 380 жени).

Тоа претставува намалување од околу 19 проценти во споредба со 2019-тата, кога германски пасош добиле 850 граѓани од Северна Македонија (400 мажи и 450 жени). Тоа значи дека се помалку Македонци стануваат Германци, ако се знае дека во 2018 имало 940, а во 2017 година - 988 македонски граѓани.

Вкупно 109.900 странци добиле германски пасош минатата година, а најмногу тоа биле Турци, чиј број сепак паднал од 16.200 на 11.600.

Втори се Сиријците со 6.700 и овој број бил поголем отколку во 2019-тата (3.900). 

Промовирани огласи »

Технолошките компании Dell и HP генерираа квартални приходи што ги надминаа проценките на Вол Стрит, бидејќи потрошувачите продолжија да купуваат компјутери, дури и со намалувањето на ограничувањата во многу делови на светот.

Сепак, акциите на Dell и HP паднаа за еден и шест проценти, соодветно, откако обете компании предупредија дека недостатокот на чипови може да влијае на нивната можност да ја задоволат побарувачката за лаптопи оваа година.

Расположливоста на залихите и деловите остануваат ограничени, рече главниот финансиски директор на „Дела“, Томас Свит, додавајќи дека зголемувањето на трошоците за набавка на овие чипови ќе влијае на приходите од работењето во тековниот квартал и ќе доведе до малку пониски приходи.

HP рече дека недостигот ќе ја ограничи неговата можност за испорака на електронските уреди барем до крајот на годината.

Сепак, обете компании очекуваат раст на целиот пазар, бидејќи побарувачката за лаптопи, кои се потребни во училиштата и телекомуникациската работа, ќе се зголеми.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »