Промовирани огласи »

Летото е на прагот а многумина размислуваат каде да го искористат јунскиот одмор. Оваа година работите се покомпицирани поради короната и мерките кои ги имаат речиси сите земји.

Грција-потребен е ПЦР тест или потврда за вакцина.Признаени се сите вакцини.

Турција- Се прифаќаат сите вакцини или ПЦР тест.Деца помлади од 18 години ако патуваат со возразни не мора да ги имаат овие документи.

Египет– Потребен е негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. Засега не се признава ниту една вакцина

Бугарија, Хрватска и Словенија: Се прифаќаат сите вакцини, позитивен ПЦР не постар од девет месеци и негативн не постар од 72 часа. Се прифаќаат и негативен антигенски тест.

Босна, Црна Гора, Албанија. Не е потребна никава документација за вакцини а можете да заминете и со лична карта.

Промовирани огласи »

Главниот координативен кризен штаб на Владата на Република Северна Македонија за обезбедување целосна координација на органите на државната управа, на правните лица основани од државата, како и на единиците на локалната самоуправа, во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19 на денешниот состанок ги разгледа и потврди препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките за заштита од КОВИД-19 и ги предлага на конечно усвојување на утрешната Владина седница.

На состанокот на Главниот кризен штаб, по исцрпната дискусија и имајќи ја предвид поволната моментална епидемиолошка состојба со КОВИД-19 во државата, која се карактеризира со намалување на 14-дневна инциденца (бројот на новонастанати случаи) на позитивни случаи, намалување на позитивни тестови за КОВИД-19 во однос на вкупен број тестирани лица, намалување на бројот на активни случаи и бројот на хоспитализации, по препорака на Комисијата за заразни болести, беа донесени следните предлог-препораки за олабавување на мерките, почнувајќи од 1 јуни 2021 година:

1. Укинување на мерката носење на заштитна маска на отворено со препорака за носење на маска кога лицата се во поголема група. Останува на важност мерката за задолжително носењето на заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори.

2. Да се дозволи присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30 проценти, од вкупниот капацитет на посетители, со задолжително почитување на растојание помеѓу посетителите од 1,5- 2 м (три седишта) и со доследно применување на мерките за заштита од КОВИД-19.

3. Се укинува мерката за забрана за групирање на јавен простор на не повеќе од 4 лица.

4. Да се дозволи организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата. Присуство на музичари е дозволено само при организирање на свадби, а согласно соодветен протокол.

5. Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од четири лица на шест лица со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата на масата.

6. Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина (член 3 т. 14 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2,случаите и временскиот период на нивна примена („Сл.В.РСМ“ бр.263/20),

7. Продолжува да важи мерката за полициски час до 15.06.2021 година.

Промовирани огласи »

Не може да се каже дека таа е губитник по разводот со Џеф Безос...

Велат дека по разводот сите се губитници, но тоа не може да се каже за поранешната сопруга на најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, Мекензи Скот.

Жената која му помогна на својот поранешен сопруг да ја изгради познатата империја „Амазон“, тивко напредува по најскапиот развод во историјата.

Како последица на разводот, таа денес е прогласена за најбогата жена на светот.

Првиот голем чекор по разводот се случи кога таа донираше дури 1,7 милијарди долари во добротворни цели. Тоа беше јасен потег на некогаш срамежливата публицистка за време на нејзиниот 25-годишен брак со технолошкиот магнат.

Мекензи го врати своето моминско презиме Скот, што ја крена од сенката на Џеф Безос.

За време на разводот, Џеф и Мекензи споделија 137 милијарди долари, а таа доби нето 38 милијарди во форма на акции на Амазон.

Сепак, сето ова докажува дека Мекензи не била само обична сопруга која живеела на сметка на нејзиниот сопруг, туку жена која исто така придонела за растот на Амазон.

Растејќи во Сан Франциско, Мекензи е ќерка на финансиски планер и домаќинка, а го запознала Џеф уште во 1992 година кога била 23-годишна студентка на постдипломски студии.

Иако имала амбиции да стане писателка, за да преживее, станала истражувач во анкетна куќа. И погодете кој беше нејзиниот претпоставен - токму Џеф Безос.

Работејќи во заедничка канцеларија, таа вели дека веднаш се за вљубила во неговата насмевка. По неколку месеци излегување, тие се венчаа.

„Мислам дека сопругата е паметна, снаодлива и многу згодна. За среќа, имав можност да ја видам биографијата пред да ја запознам“ - изјави Безос за Вог уште во 2013 година.

Првата нивна заедничка канцеларија беше во гаража во Сиетл, а таа беше сметководител на тогашната мала почетна компанија и помогна да се дојде до сега познатото име Амазон.

Како што растеше компанијата, желбата да стане писателка падна во заборав, покрај тоа што одгледа четири деца - три сина и ќерка посвоени од Кина. Сепак, во 2005 година, таа успеа да го објави романот „Лутер Олбрајт тестирање“ и во 2013 година „Стапици“, работејќи од изнајмен стан во близина на нивната куќа.

Иако беше мажена за најбогатиот човек на светот и како интровертна личност, таа понекогаш го придружуваше својот сопруг на јавни настани, како што беше Мет Гала во 2012 година, кога блескаше во креацијата на креаторот Хуан Карлос Обанд.

Најскапиот развод во историјата

Сепак, во јануари 2019 година, парот објави дека се разведува во заедничка изјава. Но, мирниот развод се претвори во медиумска афера за наводната афера на Безос со Лорен Санчез.

Санчез, која е пилот, тогаш изјави дека станала поблиска со Безос откако работеле заедно во неговата компанија Blue Origin, која се занимава со летови во вселената.

Медиумскиот скандал се влоши кога се откри дека Лорен е таа што ги испратила сите преписки на парот до списанието National Enquirer.

И за време на сето ова, Мекензи молчеше и не даваше изјави за медиумите.

Денес таа е на листата на најбогати жени, а на тронот ја замени Франсоаза Бетенкур-Мејер, француската наследничка на Лореал, која заедно со своето семејство поседуваат 33% од сопственичкиот удел во компанијата.

Мекензи храбро оди напред и останува да видиме кој всушност ќе жали за разводот.

Промовирани огласи »

Прекумерното работење физички и психички ги оптоварува работниците и води кон здравствени проблеми.

Стрес, несоница,  исцрпеност, се само дел од работите со кои се соочуваат македонските работници кога е во прашање менталното здравје, набројува психологот Милка Ололоска. Таа вели дека кај нас дел од луѓето се во трка за да преживеат, а другите пак се во трка за акумулирање на што поголем капитал.

Секоја работа бара и ментално ангажирање, нудење на решенија, давање на идеи. Што и да работиме ние ментално се оптоваруваме. Поради работата луѓето ги мачи хроничен стрес, а со тоа доаѓа и пореметување на сонот, нередовно јадење. Ако луѓето не се задоволни од работа, тоа го носат и дома. Се чувствуваат напнати, исцрпени, презаситени, вознемирени и не гледаат некоја цел или перспектива, туку едноставно гледаат да преживеат, да си обезбедат егзистенција. Сетоа тоа е како еден затворен круг. Работите во системот се така поставени и затоа луѓето немаат некоја мотивација. Дури и она слободно време кое го имаат, поради пандемијата и други фактори не го поминуваат квалитетно, вели Ололоска.

Целата статија прочитајте ја на фактор.мк

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »