Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Црногорците во просек земаат плата од по 529 евра. Просечната нето-плата во Црна Гора во април годинава изнесувала 529 евра и е повисока за 0,6 отсто во споредба со март, додека во споредба со истиот месец во 2020 година е поголема за 1,5 проценти, објави Заводот за статистика Монстат.

Медиумите пишуваат дека ако се има предвид дека потрошувачките цени во април во однос на март имаат раст од 0,6 проценти, следува дека реалните плати останаа на исто ниво во наведениот период. 

Просечната бруто-плата по вработен во април изнесува 790 евра.

Во соседна Србија просечната плата се искачи на 555 евра. 

Промовирани огласи »

Живко Мукаетов, генералниот директор на Алкалоид купи 500 обични акции во друштвото. Известувањето за стекнатите акции е објавено на Македонска берза.

Муакетов е претседател на Управниот одбор на Алкалоид, една од најуспешните македонски компании, а стекнувањето на акциите е уште еден позитивен сигнал за инвеститорите, атрактивноста и за успешноста на компанијата. 

Алкалоид лани оствари добивка од близу 19 милиони евра, што е раст од 15 отсто во однос на лани. Во текот на минатата година реализирани се и 210 нови вработувања.

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-декември 2020 година, продажбите достигнуваат 9.188.259.186 денари, што е за 9 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 12.132.328.349 денари, што е исто така за 9 проценти повеќе во споредба со истиот период од минатата година. 

Добрите показатели продолжија и годинава. Во првите три месеци Алкалоид има двоцифрен раст на добивката, консолидирани продажби од 3,27 милијарди денари, 58 нови вработувања во земјата и инвестиции од над 178 милиони денари. Остварената добивка по трошоци изнесува над 5,6 милиони евра.

Промовирани огласи »

Келнери, рецепционери, готвачи и помошници готвачи им недостигаат на компаниите од угостителството и туризмот и тоа 50 отсто од потребниот кадар, покажуваат резултатите од интерната анкета што ја спроведе Стопанската комора кај големите ресторански и хотелски капацитети кои се нејзини членки од кои голем број не беа и се уште не се во функција.

Официјалната статистика покажува дека е минимално намален бројот на работници во угостителската дејност, односно околу 400 лица, но анкетата покажува дека падот на бројот на вработени е од 50 до 80 отсто во зависност од објект до објект.

Во 2020 година, според Комората, овој сектор доживеа целосен крах и во првите месеци од годинава сѐ уште има застој. Угостителството, како што велат, до 2019 година беше една од топ три најбрзорастечки  индустрии во светот со годишен раст од над 10 отсто и во просек секој трет вработен работеше во овој сектор. Во 2020 година, пак, двете студии што ги направиле заедно со другите комори покажале дека имало пад  на прометот во угостителството и туризмот и до 80 проценти и во него се загубени речиси 20.000 работни места.

Ковид пандемијата ги измени досегашните потреби во угостителската дејност за составот на работниот кадар кој им е потребен во процесот на работењето. Предизвикот на отворање нови работни места дефинитивно е заменет со предизвикот како да се задржат постојните и евентуално да се пополнат испразнетите места со соодветен кадар, рече Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на денешната прес-конференција.

Таа вели дека Комората во рамки на проектот „Образование за вработување“, што е поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка, подготви четири програми за двомесечни обуки за преквалификација и доквалификација за потребите  на угостителскиот кадар за слаткар, готвач, пекар и келнер.

Програмите се модуларно дизајнирани и содржат теоретски и практичен дел, а фокусот е ставен на практичниот дел кој ќе се спроведе исклучиво во угостителски објекти од лица практичари кои се вработени таму. Со една обука можат да се  преквалификуваат од 50 до 100 лица, а доколку има заинтересираност може да се креираат и повеќе обуки во низ според потребите на компаниите, додаде таа.

Претседателката на Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора Ана Таневска Ѓорѓиевска изјави дека поради кризата дел од вработените во секторот ја променија својата професија и како што рече, станаа гипсари, монтери, таксисти, поточно поминаа во секторите транспорт и градежништво. Тоа, според неа, ја доведува во прашање позицијата на земјава како туристичка дестинација на светскиот пазар.

Неизвесноста беше клучниот фактор за ваквите одлуки. Поради кризата хотелите пред сѐ во градските средини, пред сѐ во Скопје и во другите градови во државата кои не се класични туристички центри, беа целосно затворени и падот на прометот беше над 85 проценти. Поради големиот број работници што си заминаа не можеа да го остварат ни правото за поддршка на плати за последните три месеци од 2020 година, рече Таневска Ѓорѓиевска.

Искуството и праксата, како што кажа, велат дека секоја загуба на вработен значи три нови години за замена на постојниот работник и креирање на нов кадар. Поддршката од Владата, потенцира, е потребна не да се заработи, туку за да не пропаднат компаниите од секторот кои и кога немаа доволна активност задржаа голем дел од вработените. Иако е одредена поддршка со петтиот пакет, се уште не е реализирана, а особено, како што рече, им е потребна пред почетокот на новата туристичка сезона.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »