Вашата комфорт зоната е супер дестинација за одмор, барем за краток период. Но, доколку сакате да прошетате и да искусите повеќе од животот мора да се предизвикувате себеси постојано.
Многу лесно знаеме да останеме заробени во нашата рутина, се чувстуваме сигурни изршувајќи ги секојдневните обврски, ги елиминираме сите очекувања и притисоци, но максимално се оддалечуваме од било каков напредок во нашиот живот.
Комфорт зоната е најголемата дрога на денешницата. Дајте му на човек доволно финансии за да преживее, храна и пијалаци, редовен секс и гледајте го како си ги фрла своите соништа преку прозорецот.
Без разлика дали станува збор за личен, професионален или физички предизвик, мора да бидеме свесни и присутни во моментот за да ги искористиме неговите бенефиции.
Со мали чекори до големи достигнувања ВИЕ имате апсолутна сила да го промените вашиот начин на функционирање и да искористите безброј можности околу вас:
- Зголемување на самодовербата
Мотивационите пораки и афирмации се добар рецепт за напредок, но акцијата е единственото нешто кое носи резултати. Кога ќе исполните некој предизвик што сте мислеле дека е невозможен за вас, само си докажувате на самите себе дека вие можете МНОГУ ПОВЕЌЕ од тоа што мислите.
- Себе надраснување
Различните животни ситуации различно влијаат врз нашиот живот. Секојдневните избори не дефинираат како личност, затоа е толку важно да се предизвикуваме за да се подобриме. Кога носиме одлуки кои се невообичаени и надвор од нашата комфорт зона, ги кршиме нашите граници и поставуваме нови степени на нашата личност, нови перспективи и уште поголеми цели.
- Верба дека секогаш го правите најдоброто
Каењето за неискористените прилики предизвикува поголема болка од дисциплината. Никој не сака да погледне наназад во животот и да помисли, „Ако се потрудев малку повеќе, можеби ќе имав многу подобри резултати денес..“ Верувајте дека давате се од себе и секој нареден пат ќе имате се подобри и подобри резултати.
- Контрола над вашиот живот
Докажете си себеси дека вие ја имате контролата над вашиот живот и одлуките кои ја оформуваат вашата иднина. Не е до времето, не е до другите, не е до лошата среќа! До вас е. Предизвикајте се да бидете подобри!
- Позитива и енергија
Секогаш вашиот избор е вистински за што било во животот. Предизвиувајте се постојано да бидете позитивни. Нема да е лесно, но ќе ви се исплати. И секако, споделете ја енергијата и не заборавајте да бидете нечија инспирација