Ковид-19 и пандемијата која го обиколи светот во 2020 а сѐуште трае ги запре летовите кон одредени земји, сепак полека летовите се враќаат во нормала.
На 23 мај беше се случи и првиот обновен лет, а од нискобуџетната компанија Визер соопштија дека повторно „оживуваат“ седум рути . Повторно од македонските аеродроми ќе може да се лета до Франција, Германија, Австрија и Шведска.
Менаџерот за корпоративни комуникации во Визер Андрас Радо е среќен што рутите преку Македонија повторно се отвораат и вели дека на овој начин Визер ја покажува посветеноста на патниците да им понуди безбедно патување низ Европа и пошироко.
Базел-Мулхаус-Фрајбург, Виена, Карлсруе/ Баден-Баден , Париз Бове, , Фридрихшафен, Дортмунд, и Малме се рутите со кои Визер повторно ја поврзува нашата земја.