Промовирани огласи »

Француската Агенција за заштита на конкуренцијата соопшти дека американската ИТ компанија Гугл неправедно ги упатувала компаниите кон своите услуги и ја дискриминирала конкуренцијата.

Американскиот технолошки гигант Гугл е казнет со 220 милиони евра (267 милиони долари) во Франција за злоупотреба на пазарната позиција во индустријата за онлајн рекламирање.

Гугл се согласи да ја плати казната и да запре некои практики на давање предност на своите услуги, се вели во соопштението на регулаторот, објави Си Ен Би Си.

Изабел де Силва, претседателката на француската Управа за конкуренција, истакна дека истрагата открила процеси со кои Гугл се фаворизирал себеси во однос на конкурентите – и на рекламните сервери и на платформите за странски понуди, кои се делови од софтвер што издавачите го користат за управување, продажба и оптимизација на простор за рекламирање на нивните веб-страници и мобилни апликации.

извор: МИА

Промовирани огласи »

Економијата во Македонија е во минус. Како што објави, Државниот завод за статистика во првите три месеци од годинава има намалување на БДП од -1.9 отсто. 

Намалување има кај бруто инвестициите, јавната потрошувачка, а  раст има во секторот градежништво и во кај земјоделство. Извозот и увозот на стоки и услуги бележат раст во споредба со минатата година. Во мај има раст на трошоците за живот. 

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2020 година е -0.7  oтсто.

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2020 година е -3.3  отсто. 

Промовирани огласи »

Сите граѓани кои што од утре ќе купат и ќе вградат уред на погон на течен гас (ТНГ), метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата ќе имаат можност да остварат поврат од 50 проценти од трошокот, но не повеќе од 18.000 денари.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес конференција  информираше дека утре ќе биде објавен јавниот повик за субвенции за вградување на ваков уред во возилата.

„Многу ми е драго што нашата Влада ја има прифатено и се залага за зелената агенда и затоа со задоволство денес пред вас претставувам една од мерките кои што следат во процесот на подобрување на квалитетот на животот и на животната средина. Зелената агенда ја промовираме денес со една од мерките за справување со аерозагадувањето од страна на возилата, а тоа е мерката за субвенционирање на граѓаните кои што ќе вградат уреди на течен гас (ТНГ), метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата“, рече Бектеши.

Министерот информираше дека според огласот сите граѓани кои што од утре ќе вградат ваков вид на уреди во своите возила ќе можат да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата за вградување на плински уред, но не повеќе од 18.000 денари односно 300 евра.

За да добијат субвенции, сопствениците на возила произведени од 2005 година па наваму, треба да извршат купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, по денот на објавување на Јавниот повик, во некој од фирмите кои вршат продажба и вградување на таквите уреди.

Со така преправеното возило сопственикот треба да се упати во Техничка служба која ќе ја констатира преправката и сопственикот ќе биде упатен во МВР каде треба да се пријави преправката. Во МВР на сопственикот му се издава упатница, која ја доставува до техничката служба, за да биде извршена проверка на сообразноста на направената преправка. Техничката служба го прегледува возилото, изготвува записник и издава потврда за сообразност на вградениот уред (познатa како АТЕСТ) и пропратно писмо. Со Потврдата и писмото, сопственикот се упатува на шалтер на МВР (во техничката служба или станица за технички преглед) каде добива нова сообраќајна дозвола во која е евидентирана преправката односно дека е ммонтиран уред за погон на ТНГ, метан или слично, појасни министерот и додаде дека постапката од моментот на доѓање во техничката служба до издавњето на новата сообраќајна дозвола не трае повеќе од 2 до 3 дена.

Оваа мерка која што произлегува од Законот за моторни возила се однесува на две важни подрачја, а тоа е сообраќајот и екологијата и се плод на барањата на граѓаните, има главна цел да се намали загадувањето на воздухот од страна на возилата Огласот ќе трае точно 60 дена од денот на објавувањето и ќе се одвива по принципот „Прв дојден, прв услужен“. Надоместок на дел од трошоците ќе се врши за само едно возило во семејство.  Ова е потврда дека ние заедно се залагаме за подобра и зелена иднина преку усвојување на зелената агенда како општество и како влада кажа министерот Бектеши.

Документација потребна за пријавување на Јавниот повик во Архивата на Министерството за економија: пополнето Барање и изјава од подносителот на барањето; фискална сметка со сметкопотврда, или фактура; копија од сообраќајната дозвола за возилото, заверена на нотар, во која е евидентирана промената; фотокопија од лична карта; број на трансакциска сметка.

За оваа мерка од Буџетот на Министерството за економија предвидени се 11 милиони денари.

Промовирани огласи »

Јужнокорејски индустриски дизајнер осмисли сатирично решение за „смартфон зомбите“ кои не можат да се одвојат од екраните сѐ додека не се удрат в ѕид или некој друг објект.

Дваесет иосумгодишниот Паенг Мин-вук развил роботоско „трето око“ коешто корисниците на паметните телефони може да го стават на челото и така да избегнат повреди во текот на движењето.

Уредот отвора проѕирен капак кога почувствува дека главата на корисникот е спуштена и свртена кон екранот на телефонот. Кога корисникот е оддалечен од еден или два метар, уредот емитува звучен сигнал за предупредување за опаноста.

„Ова е идината на човештвото со третото око“, вели Паенг за Reuters, постдипломатски студент на инженерски дизајн за иновации во Лондон, демонстрирајќи го користењето на „третото око“ во околината на јужнокорејската престолнина Сеул.

„Имајќи предвид дека не можеме да го одвоиме погледот од паметните телефони, во иднина ќе ни биде потребно дополнително око“, додава.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »