Промовирани огласи »

Просечната плата во компјутерското програмирање е највисоката што ја регистирал државниот завод за стататистика во февруари. Програмерите во тој месец имале просечна плата од 49 180 денари.

Статистиката евидентира просечни месечни примања над 40 илјади денари и во складирањето и помошни дејности во превозот, производството на фармацевстки производи, во правните и сметководствените, како и во финансиско-услужните дејности.

Најниска просечна плата се исплаќа во производството на кожа, 11 799 денари, а потоа следат производство на облека, одржувањето на згради и животната средина, производство на мебел.

Синдикатот смета дека има простор за покачување на минималната плата  во земјата за 20%, а рабодовачите изразија подготовеност да го разгледаат предлогот. Сепак и двете страни изјавија дека е потребно да се формира  влада за да отпочнат дискусија.

(СТЕНД АП) Според податоците на ДЗС, просечната плата во Македонија во февруари се зголемила за 2,4% и изнесува 22 347 денари.

Зголемувањето се должи на порастот на платите во дејностите транспорт и складирање за 11,9%, информации и комуникации за 6% и рударството за 4,9%.

Намалување на просечната нето-плата  има кај снабдување со електрична енергија за 8,1%, и во трговијата за 7,3%.

Во февруари, 1.3% од вработените не примиле плата.

Промовирани огласи »

Нов извештај вели дека 40 проценти од жителите на САД живеат во загадена атмосфера

Годишниот извештај за состојбата на воздухот, објавен во средата од Американската асоцијација за бели дробови, покажа дека 6 од 10-те градови со најголеми загадувањето на воздухот, се во Калифорнија.

Во истражувањето стои дека 125 милиони Американци живеат со нездрав воздух, што доведува до рак на бели дробови, астма и кардиоваскуларни проблеми.

Mеѓу најзагадените градови во дел од годината се Бејкерсфилд, Висалија-Портервил-Ханфорд, Фресно, Модесто од Калифорнија, Феарбенкс во Алабама, Сан Франциско во Калифорнија, Солт Лејк Сити во Јута и други.

Проблемот за квалитетот на воздухот во Калифорнија е резултат на растечката популација и бројните долини, што дозволува стационирање на загадениот воздух, се додава во извештајот. Големиот број сончеви денови во Јужна Калифорнија, исто така, го зголемуваат нивото на озон, додавајќи дека државата ќе се најдеше во полоша состојба доколку не беа донесени строгите регулативи за штетни издувни гасови од автомобилите, како и за ограничувањата на јаглен во термоелектраните, се вели во истражувањето.

Најголем дел од градовите посочени во извештајот се загадени преку целата година, а само шест градови немаат ниту еден ден на загаденост. Тоа се Бурлингтон во Вермонт, Хонолулу на Хаваите, Вилмингтон во Северна Каролина, Форт Маерс во Флорида, Мелбурн во Флорида и Елмира во Њујорк.

Дури и со континуирано подобрување, голем број луѓе во САД живеат на места каде што воздухот е нездрав за дишење, се вели во извештајот.

Во изтражувањето се користени официјални податоци од 2013-та до 2015-та година.

Промовирани огласи »

Компанијата Xiaomi го претстави својот нов модел – Mi 6, за време на настанот во Пекинг.

Овој 5,15-инчен телефон, под својата рамка крие Snapdragon 835, што значи дека е дури третиот телефон кој го има овој процесор од новата генерација. 

Меѓутоа, за разлика од Sony Xperia XZ Premium, Mi 6 прв ќе пристигне во продавниците по Samsung Galaxy S8. 

Имајќи ја предвид големата батерија од 3350 mAh, 6GB RAM, aтрактивниот дизајн инспириран од Galaxy 7 и доста поволната цена од околу 360 долари, Mi 6 се очекува да се стекне со голема популарност на пазарот.

Двојната камера на задната страна ги има истите спецификации како камерата која се наоѓа на iPhone 7.

Овој телефон ќе започне со продажба во Кина од 28. април, а дури подоцна ќе може да се очекува на останатите, но не и на сите пазари. 

Mi 6 доаѓа во сина, бела, сребрена и црна боја, а може да се одбере во две верзии – oд 64GB и 128GB. Во понудата ќе има и посебно издание од керамика, со камера која ќе биде украсена со 18-каратно злато.

Промовирани огласи »

Безмалку четири месеци по стапувањето во сила на новиот Закон за извршување, граѓаните се жалат дека се уште извршителите без најава им ги блокираат сметките. Исто така, велат дека наспроти воведувањето на вонсудската наплата со која од почетокот на годинава се плаќа колку што е долгот, извршителите и понатаму ги дерат, па за сметка од две до три илјади, им наплаќаат 15 илјади денари, дури и повеќе.

Извршителите, пак, имаат објаснување за оваа ситуација и велат дека не се виновни за неа. Според извршителот Гордан Станковиќ, проблемот е во тоа што еден член на новиот Закон за извршување е погрешно протолкуван како обврска должникот да биде известен дека сметката ќе му биде блокирана.

– Таква обврска не постои. Должникот всушност добива налог за присилна наплата, а не известување за блокада. По добивањето на налогот тој треба во рок од три дена да го плати долгот или да ја наведе сметката од која присилно ќе се наплати и да даде слични информации со кои ќе се поедностави извршувањето. Ако не плати, добива втор налог со кој почнува извршувањето, но тоа не мора да биде преку блокирање сметка, туку и на друг начин, како на пример заплена, за што решава извршителот, а понекогаш за начинот за извршување одлучува и самиот доверител, објаснува тој за „Вечер“.

Што се однесува до вонсудската наплата, која се применува за долговите за струја, парно, вода, телефон, кабелска телевизија и одржување на згради, и функционира на тој начин што извршителот го известува должникот за сумата и бара од него да ја плати во рок од 15 дена без дополнителни трошоци, според проценките на извршителите ќе профункционира од почетокот на летото, кога на граѓаните ќе им се соберат повеќе долгови.

Причина за ова е тоа што вонсудската наплата влегува во примена за долгови направени почнувајќи од 1 јануари годинава па натаму, кои за да не застарат, комуналните претпријатија имаат рок да ги тужат најрано до крајот на годинава. Исто така, со новите правила за извршување комуналното претпријатие може да побара вонсудска наплата истпвремено за 11 сметки на еден должник и за тоа да плати седум евра, исто како што би платил за една.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »