Промовирани огласи »

Пандемијата ги зголеми невработеноста и сиромаштијата во светот. Но, ќе биде и полошо годинава. 

До крајот на годинава, светот ќе има уште десетици милиони работни места помалку. Се предвидува дека глобалната вработеност нема да се врати на претпандемиското ниво дури ни во 2023 година. 

Без да се направат напори за отворање пристојни работни места, без поддршка за најчувствителните социјални групи и без заздравување на најпогодените области на стопанството, ефектите на пандемијата би можеле да се манифестираат уште со години, и тоа со загуби на огромни човечки и стопански потенцијали и со сѐ поизразена сиромаштија и нееднаквост, предупредија од Меѓународната организација на трудот.

Во 2019 година,  глобално невработени биле 187 милиони луѓе. Повеќе земји во светот се соочија со рецесија. 

Промовирани огласи »

Недела ќе биде неработен ден соопшти премиерот Зоран Заев предмалку на прес конференцијата.

Недела ќе биде ден за одмор, а законските измени и решенија се поднесени до Парламентот.

Неделата ќе биде ден за неделен одмор.

Работниците кои сепак би морале да работат во недела ќе добијат повисока плата (дневница до 50 проценти повеќе) за тој ден и  слободен друг ден во текот на работните денови.

Големи казни ќе следуваат и за оние кои нема да го почитуваат овој закон.

Промовирани огласи »

Јавен повик за субвенционирање на вградување плински уреди во возилата денеска ќе објават од Министерството за економија. Мерката предвидува 11 милиони денари и околу 600 илјади граѓани.

Доколку од денес одлучите да вградите плин ќе може да добиете субвенции и да си повратите дел од средствата за 50 проценти

Сепак, овој вид субвенции нема да важи за возила постари од 2005 година а она што треба да го направите е да купите и вградите уред за за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во возилото по објавениот јавен повик.

Повикот според најавите ќе трае 60 дена и ќе се одвива по принципот „прв дојден прв услужен“.

Промовирани огласи »

Француската Агенција за заштита на конкуренцијата соопшти дека американската ИТ компанија Гугл неправедно ги упатувала компаниите кон своите услуги и ја дискриминирала конкуренцијата.

Американскиот технолошки гигант Гугл е казнет со 220 милиони евра (267 милиони долари) во Франција за злоупотреба на пазарната позиција во индустријата за онлајн рекламирање.

Гугл се согласи да ја плати казната и да запре некои практики на давање предност на своите услуги, се вели во соопштението на регулаторот, објави Си Ен Би Си.

Изабел де Силва, претседателката на француската Управа за конкуренција, истакна дека истрагата открила процеси со кои Гугл се фаворизирал себеси во однос на конкурентите – и на рекламните сервери и на платформите за странски понуди, кои се делови од софтвер што издавачите го користат за управување, продажба и оптимизација на простор за рекламирање на нивните веб-страници и мобилни апликации.

извор: МИА

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »