Промовирани огласи »

Владата ќе воведе еколошка такса за литар дизел и за бензините од 3,5 денари од 1 јули, соопшти денеска премиерот Зоран Заев. Станува збор за нова давачка со која практично ќе се зголеми цената на горивата за граѓаните.

Оваа мерка премиерот ја најави на денешната прес конференција на која рече дека Владата планира сериозни вложување во екологијата и обновливите извори на енергија.

Еколошката такса е дел од севкупната програма за екологија на Владата. Отворивме еколошки фонд за да го поддржиме инвестирањето во обновливите извори на енергија, во ветерници, фотонапонски ветерници и гасни електрани. Затоа треба да се јакнат институционалните и финансики капацитети на државата. До 2030 треба да се затворат термоелектраните, сите три блока во РЕК Битола и едниот во ТЕЦ Осломеј. Планирани се 1800 мегавати во фотоволтаици кои или се градат или се во постапка или ќе се градат, 650 мегават енергија во ветерници кои исто така се во постапки, дел веќе се со одобрение за градба. Еколошката такса е 3,5 денари за нафтата за да се откажеме од нафта и нафтени деривати и да поминеме на користење на зелена енергија, да се движиме со велосипед, со тротинет и со електрични возила, рече премиерот Заев.

Од дополнителната такса ќе се соберат во буџтот 1,685 милијарди денари (24 милиони евра) за едно полугодие или 3,3 милјарди денари за цела година.

Во меѓувреме најави дека Владата планира да го намали ДДВ од 18 на пет проценти на сметките на електричната енергија за граѓаните да не го почувствуваат поскапувањето на струјата и тоа од први јули. Оваа стапка ќе важи до јули в година, кога ќе се зголеми на 10 отсто, стапка која ќе се задржи до јули 2023 година. А следната пак ќе се зголеми на 18 проценти.

Промовирани огласи »

Владата ќе предложи да се намали Данокот на додадена вредност (ДДВ) од 18 на 5 проценти на сметките за потрошената електрична енергија од први јули изјави денеска премиерот Зоран Заев, најавувајќи дека вака ќе сака да се амортизира ударот од поскапувањето на електричната енергија. Планирано е постепено зголемување на стапката од следната година, односно оваа стапка да важи до јули в година, кога ќе се зголеми на 10 отсто. Стапката од 10 отсто ќе се задржи до јули 2023 година. А следната 2024, пак ДДВ ќе се зголеми на 18 проценти.

На прашањето дали може да гарантира дека поскапувањето нема да се случи тој вели дека не зависи се од него.

„Не можам да гарантирам оти може Мицкоски да блокира одредени закони. Сите работи не зависат само од мене. СЕга цената на струја на берза е зголемена до 75 долари а ние, во моментов на излезот од коронакризата сакаме да ваков начин да осигуриме дека нема да има покачување за граѓаните да не почувствуваат. Гледаме дека тоа го предлага и опозицијата, добро е што се зогласуваме, изјави Заев

Премиерот најави нова еколошка такса за горивата со што бензините и дизелот поскапуваат од јули за 3,5 денари. Побара граѓаните да се ориентираат кон велосипеди, тротинети и електрични автомобили.

Промовирани огласи »

Одлуката на Владата на српските државјани да им бидат бесплатни патарините како благодарност за донациите на вакцини, почнува денеска.  Патниците од Србија кои влегуваат на граничниот премин Табановце, ќе добијат м-смарт картичка со која бесплатно ќе ги поминуваат патарините се до граничниот премин „Богородица“ со Грција.

На доделените картички има кредит од 760 денари колку што треба за поминување на коридорот 10 во двата правци. Изработени се околу 65 илјади картички и предадени на МВР кои ќе ги издава на „Табановце“.

Овие картици ќе може да се користат до 15 август, но картичките ќе може да се задржат и понатаму и да се надополнуваат со кредит од најмалку 300 денари.

Промовирани огласи »

Од следниот месец од аеродромот во Кукуш ќе има летови со „Ер Албанија“ до две атрактивни дестинации по ниски цени, најави албанскиот премиер Еди Рама на својот фејсбук-профил.

Станува збор за летови до Цирих и Истанбул, чија цена ќе биде 1 евро плус аеродромски такси. Притоа, билетот до Цирих и до Истанбул ќе чини 12 евра, додека летот од Цирихкон Албанија ќе чини 28,66 евра, а од Истанбул 23 евра.

Тоа значи дека Албанците, но и жителите на земјите од регионот ќе можат по поволни цени да патуваат до овие две атрактивни дестинации.

Многу Македонци и досега ги користеа поевтините цени на летовите од Албанија, па за нив оваа вест е одлична.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »