Промовирани огласи »

Одделението за узработка на пасоши, лични карти, возачки дозволи и други документи  од денеска повторно ќе работи по неколкудневната надградба на софтверот.  Од 11 јуни попладне до денеска не беше во функција системот за прием и издавање на овие документи во Скопје поради надградба на системот.

Од МВР најавуваат дека дневно има 3-4 000 барања за пасоши и затоа ќе се работи со продолжено работно време, во две смени и за викенд. Големиот интерес се должи на  иселениците кои поради пандемсиките услови до сега не можеа да ја продолжат патната исправа.

Оние кои имаа закажано претходно термин до 15 јуни правото за поднесување на барање за личен документ можеа да го остварат до затворањето на одделението.

Промовирани огласи »

Министерството за економија ги известува граѓаните дека заклучно со денешниот ден 16 јуни (среда) се затвара јавниот повик за издавање на потврда-ваучер за користење на средства за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари.

Јавниот повик беше објавен на 8 јуни и со краен рок за аплицирање 30 јуни. За една недела од објавување на јавниот повик во архивата на Министерството за економија се пристигнати над 2.600 апликации, информираат од оваа институција.

Појаснуваат дека оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Република Северна Македонија кои претходно се пријавени во Министерство за економија.

Според јавниот повик оваа година за реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари за вкупно 1.250 ваучери.

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи соопшти дека изминатата недела полицијата изрече 45 санкции за непрописно вградени „фолии“ и светлосни и звучни уреди во возила на територијата на целата држава.

Станува збор за акциска контрола на целата територија во однос на неисполнување на пропишаните условина затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци.

При контролата санкционирани се 45 учесници во сообраќајот, од кои 44 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и еден за неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата, соопшти МВР.
 

Промовирани огласи »

Владата ќе воведе еколошка такса за литар дизел и за бензините од 3,5 денари од 1 јули, соопшти денеска премиерот Зоран Заев. Станува збор за нова давачка со која практично ќе се зголеми цената на горивата за граѓаните.

Оваа мерка премиерот ја најави на денешната прес конференција на која рече дека Владата планира сериозни вложување во екологијата и обновливите извори на енергија.

Еколошката такса е дел од севкупната програма за екологија на Владата. Отворивме еколошки фонд за да го поддржиме инвестирањето во обновливите извори на енергија, во ветерници, фотонапонски ветерници и гасни електрани. Затоа треба да се јакнат институционалните и финансики капацитети на државата. До 2030 треба да се затворат термоелектраните, сите три блока во РЕК Битола и едниот во ТЕЦ Осломеј. Планирани се 1800 мегавати во фотоволтаици кои или се градат или се во постапка или ќе се градат, 650 мегават енергија во ветерници кои исто така се во постапки, дел веќе се со одобрение за градба. Еколошката такса е 3,5 денари за нафтата за да се откажеме од нафта и нафтени деривати и да поминеме на користење на зелена енергија, да се движиме со велосипед, со тротинет и со електрични возила, рече премиерот Заев.

Од дополнителната такса ќе се соберат во буџтот 1,685 милијарди денари (24 милиони евра) за едно полугодие или 3,3 милјарди денари за цела година.

Во меѓувреме најави дека Владата планира да го намали ДДВ од 18 на пет проценти на сметките на електричната енергија за граѓаните да не го почувствуваат поскапувањето на струјата и тоа од први јули. Оваа стапка ќе важи до јули в година, кога ќе се зголеми на 10 отсто, стапка која ќе се задржи до јули 2023 година. А следната пак ќе се зголеми на 18 проценти.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »