Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни  работи  ги  известува државјаните на Република Северна Македонија  дека согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/2021 на 03.06.2021 кој стапи на сила на 11.06.2021, а ќе отпочне со примена од  01.07.2021,  важноста на пасошот, дипломатскиот пасош и службениот пасош, чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули 2020 година, се продолжува до 31 декември 2021 година.

Имено, измената на Законот за патни исправи е направена со цел да им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините и другите отежнати услови, во нашава земја, но и надвор од неа, во дијаспората, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи. 

Промовирани огласи »

Ако сакате да патувате со автомобил надвор од границите на својата држава потребно е да имате зелен картон.

Зелениот картон се издава врз основа на издадена полиса за осигурување од автомобилска одговорност од соодветната компанија и е замена за полисата за осигурување од автомобилска одговорност издадена за матичната земја со важност за сите земји-членки наведени во полисата.  

Цената на зелен картон на патничко возило до 66 KW на годишно ниво е 3.690 денари, а за над 66 KW за една година е 5.536 денари.

Цена за патничко возило до 66 KW за месечно ниво е 1.850 денари, а за возило над 66 KW e 3.075 денари. За влечните и специјалните возила, моторциклите, приклучни и работни возила цената е 5.536 денари. Цената за товарните возила и автобусите е 17.222 денари. 

Зелениот картон може да се набави во сите подружнници на Мобилити брокер) кои работат во рамките на Станиците за Технички преглед на АМСМ низ Македонија.

Важност на зелената карта е 12 месеци или во рамки на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност.
 

Промовирани огласи »

Одделението за узработка на пасоши, лични карти, возачки дозволи и други документи  од денеска повторно ќе работи по неколкудневната надградба на софтверот.  Од 11 јуни попладне до денеска не беше во функција системот за прием и издавање на овие документи во Скопје поради надградба на системот.

Од МВР најавуваат дека дневно има 3-4 000 барања за пасоши и затоа ќе се работи со продолжено работно време, во две смени и за викенд. Големиот интерес се должи на  иселениците кои поради пандемсиките услови до сега не можеа да ја продолжат патната исправа.

Оние кои имаа закажано претходно термин до 15 јуни правото за поднесување на барање за личен документ можеа да го остварат до затворањето на одделението.

Промовирани огласи »

Министерството за економија ги известува граѓаните дека заклучно со денешниот ден 16 јуни (среда) се затвара јавниот повик за издавање на потврда-ваучер за користење на средства за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари.

Јавниот повик беше објавен на 8 јуни и со краен рок за аплицирање 30 јуни. За една недела од објавување на јавниот повик во архивата на Министерството за економија се пристигнати над 2.600 апликации, информираат од оваа институција.

Појаснуваат дека оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Република Северна Македонија кои претходно се пријавени во Министерство за економија.

Според јавниот повик оваа година за реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари за вкупно 1.250 ваучери.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »