Промовирани огласи »

Концерт со повеќе групи и ди-џеи од регионот ќе се одржи на 1 јули во Отешево за да се одбележи укинувањето на роамингот на Западен Балкан, соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС).

На концертот „All-Western Balkans Jam”, што ќе се одржи со поддршка на Владата на Северна Македонија, ќе настапат S.A.R.S., UZUN BABA OG! – SEKTOR 909, URAN B, HELEM NEJSE, DJ SARDI и WHO SEE (С.А.Р.С. од Србија, „Узун Баба ОГ-Сектор 909″ од Северна Македонија, „Урбан Б” од Косово, „Хелем Нејсе” од Босна и Херцеговина, „Ди џеј Сарти” од Албанија и „Ху Си” од Црна Гора).


Ова е историски успех за Западен Балкан до кој дојде како резултат на преговори што траеа речиси една година, а кои беа олеснувани од Советот за регионална соработка и Европската унија, по што претставниците на владите на сите шест економии на Западен Балкан во април 2019 година потпишаа спогодба со која се согласија, прво постепено да ги намалат цените на роамингот, за потоа, тие да бидат укинати од 1 јули 2021 година. И од 1 јули, подготвени да започнат интензивно да работат на нула тарифи за роаминг помеѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ, се наведува во соопштението на РСС.

Концертот ќе се одржи на плажата „Лејк вју” во Отешево со почеток од 19 часот, а ќе може да се следи и на Јутјуб каналот на РСС, кој е организатор на концертот.

Инаку, граѓаните треба да знаат дека за само неколку дена, односно веќе од први јули, цените за мобилните разговори, но и за роамингот во Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ, паѓаат на нула денари, односно таму ќе се зборува по цени исти како дома. Кога ќе се патува во странство, граѓаните кога ќе стигнат на граница, не треба да се грижат ни дали го исклучиле 4Г интернетот, бидејќи и роамингот односно интернет ќе се користи по исти цени како да сте дома. Останува грѓаните да се грижат единствено дали им е доволно полна батеријата. Токму со ова мото „Само наполни ја батеријата - роамингот е бесплатен“, на први јули во Отешево ќе се одржи концертот во Отешево. 

Промовирани огласи »

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок поднесе оставка откако со улична камера беше снимен како се бакнува со помошничката, прекршувајќи ги сопствените правила за социјално дистанцирање, како и брачниот завет.

Ханкок ја објави својата оставка во саботата, повторно извинувајќи се за прекршувањето на правилата за социјално дистанцирање и на своето семејство што мора да „поминуваат низ ова“.

На луѓето што жртвуваа толку многу во оваа пандемија им должиме да бидеме искрени кога ќе ги изневериме, како што направив јас со прекршувањето на правилата“, се вели во изјавата на Ханкок.

Еден ден пред тоа Сан објави фотографии од снимка од видеонадзор, на кои се гледа како Хенкок ја прегрнува и ја бакнува соработничката Џина Коладанџело, мажена лобистка што минатата година тој ја унапредил на платена позиција.

Наскоро по писмената изјава, Ханкок објави видеопорака на Твитер:

Ние што ги создаваме овие правила мора да се придржуваме до нив и затоа јас морам да дадам оставка“, рече тој.

Промовирани огласи »

Како ноќна работа според Законот за работни односи се смета работењето во ноќно време и тоа во периодот  меѓу 22,00 часот и 6,00 часот наредниот ден. 

Работодавачот, кој користи редовно работници за ноќна работа е должен да ја извести инспекцијата на трудот. Од аспект на заштитата при работа, работата ноќе претставува тежок и неповолен услов за работа, и затоа тој претставува посебен услов за работа и како таков треба да биде утврден во договорот за вработување.

Работникот има посебни права кога работи ноќно време:

Работникот кој работи ноќе барем три часа од својата редовна дневна работна обврска, односно работникот кој одработува ноќе третина од полното работно време од својата годишна работна обврска, има право на посебна заштита за ноќна работа.
Ако на работник заради ноќна работа според мислење на лекарската комисија заради таквото работење би можела да му се влоши здравствената состојба, работодавачот е должен да го ангажира на соодветна работа дење.
Работодавачот, на негов трошок е должен на работниците кои работат ноќно време да им обезбеди:

1) подолг одмор;

2) соодветна храна;

3) стручно раководство на работниот, односно производниот процес и

4) лекарски прегледи, пред нивно ангажирање во ноќна работа и во редовни временски периоди утврдени со закон.

  • Ако работата се врши во смени, работодавачот е должен да обезбеди периодично менување на работниците.
  • Работодавачот не смее да го распореди на ноќна работа работникот на кој нема да му обезбеди услови за превоз до и од работа.
  • Работното време на работникот кој работи ноќе на работно место, каде што постојат поголеми опасности од повреди или здравствени оштетувања, не смее да трае повеќе од осум часа дневно.

Посебна заштита

Во контекст на правата на заштита при работата, работата ноќе се јавува и како услов за утврдување на правото на посебна заштита на одредени категории работници во текот на работата, пред се жените работници, повозрасните работници и работниците под 18 годишна возраст.

Работничка од областа на индустријата и градежништвото не може да се распореди на работа ноќе ако работата во тоа време би оневозможила да оствари одмор од најмалку седум часа во времето меѓу 22,00 часот и 5,00 часот наредниот ден. Ова не се однесува на работничка која има посебни овластувања и одговорности или која врши работи на здравствена, социјална и друга заштита на работници.

  • Работникот кој сé уште не наполнил 18 години возраст не смее да работи ноќе меѓу 22,00 часот и 6,00 часот наредниот ден. По исклучок може да се одреди работникот кој сé уште не наполнил 18 години возраст да работи ноќе во случај на виша сила, кога таквата работа трае определено време и мора веднаш да биде извршена, а полнолетните работници не се на располагање.
  • На повозрасниот работник(од 57 години жени и 59 години мажи) работодавачот без согласност на работникот не смее да му одреди прекувремена или ноќна работа.

Казна

Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на работодавач – правно лице, ако ноќната работа ја организира спротивно на Законот за работни односи, односно не го извести инспекторот за воведување на ноќна работа;

Битен елемент во однос на погоре наведените права е да работникот претходно поднесе барање до работодавецот во врска со било кое право кога работникот работи ноќе. Доколку и во тој случај не се исполни правото се пристапува кон тужбено барање.

Промовирани огласи »

Голем број на луѓе не ги знаат своите потрошувачки права во случај ако летот им доцни или е откажан.

Кога дојдов на аеродром, сфатив дека мојот лет е одложен. Што можам да направам?

Имате право на грижа од страна на авионската компанија. Тоа подразбира дека имате право на освежување, оброци, два бесплатни телефонски разговори, телефакс пораки или електронска пошта, сместување и превоз од аеродромот до местото за сместување ако донцењето е:

  • 2 часа или повеќе за летови до 1.500 километри;
  • 3 часа или повеќе за летови подолги од 1.500 километри во ЕУ или за други летови меѓу 1.500 и 3.500 километри;
  • 4 часа или повеќе за летови подолги од 3.500 километри надвор од ЕУ.

Ако летот ви доцни повеќе од пет часа и вие се одлучите да го одложите патувањето, имате право на поврат на парите за билетот и лет до местото од каде што сте го почнале патувањето.

Предупредување! Ако сте стигнале до конечната дестинација со доцнење од три или повеќе часа, имате право на ист надомест како и кога летот ви е откажан, освен во случај ако авионската компанија може да докаже дека доцнењето е предизвикано од вонредни околности.

Постојат и фирми како што е refundd.com која ги средува тужбите место вас.

Бидете активни!

Веднаш контактирајте го персоналот на авиокомпанијата на аеродромот и побарајте право за заштита и надомест.

Поднесете приговор до авиокомпанијата при доаѓање дома, ако мислите дека правата ви биле нарушени.

Кои се моите права во случај ако не ми се дозволи да летам?

Авиокомпанијата е должна прво да побара доброволци кои би се откажале од резервациите во замена за одредена поволност.

Дополнително, компанијата мора да им понуди на доброволците избор меѓу целосно враќање на парите и промена на рутата.

Ако се најде доволен број на доброволци, тогаш компанијата може да ви го откаже летот против ваша волја. Во тој случај, имате право на надомест од 250 до 600 евра, додека ако превозникот ви понуди заменски лет имате право на надомест од 125 до 300 евра.

Исто така можете да се одлучите за враќање на парите за картата и летот во местото од кое сте пошле да патување или заменска рута до крајната дестинација. Имате право и на заштита од страна на авионската компанија.

Кои се моите права во случај на откажување на лет?

Имате право на ист надомест како и во случај ако не ви се дозволи да се качите во авион. Тоа право го немате ако сте известени за откажувањето најмалку 14 дена пред летот, ако ви е понудена променета рута со сличен ред на летање или ако авиокомпанијата може да докаже дека откажувањето на летот е предизвикано од вонредни околности, како што се лоши временски услови.

Предупредување! Ги имате тие права ако полетувате од кој било аеродром во ЕУ, или доаѓате во ЕУ со превозник од ЕУ или од Исланд, Норвешка или Швајцарија. Морате однапред да бидете информирани за тоа која авио компанија управува со вашиот лет.

Кои се моите права во случај на проблем со багажот?

Ако вашиот багаж е изгубен, оштетен или ви доцни, имате право на надомест до околу 1.220 евра. Меѓутоа, авиокомпанијата нема да биде одговорна ако ги презела сите разумни мерки да ја избегне штетата или ако не било можно да спроведе такви мерки.

Бидете активни! Веднаш на аеродромот пријавете изгубен или оштетен багаж. 

Поднесете пишан приговор до авиокомпанијата во рок од седум дена од добивање на багажот.

За багаж доставен со задоцнување тој рок изнесува најдолго 21 ден.

Дали сум исто така заштитен кога патувам со друг вид на превоз, не само со авион?

Да, заштитени сте со закон на ЕУ и кога патувате со воз, автобус или брод. Имате право на информации и помош пред и за време на патувањето. Во случај на откажување или доцнење имате право на замена на рутата или враќање на парите и надомест.

Правата на патниците во железничкиот сообраќај се применуваат на сите услуги на меѓународниот железнички превоз во ЕУ; правата на патниците во автобускиот превоз се применуваат на поголеми далечини на пример подолги од 250 километри; правата на патниците во бродскиот сообраќај се применуваат кога се патува по морски и копнени пловни рути.

Совети за паметно патување:

1. Барајте информации за своите права

Авиопревозникот мора да ве информира за вашите права ако нештата тргнат на лошо во аеродромот.

2. Поднесете приговор ако вашите права се нарушени.

Прво треба да ја контактирате авиокомпанијата. Употребете образец од ЕУ за приговор за надомест или враќање на пари. Достапен е на сите европски јазици.

3. Чувајте ги сметките

Ако имате какви било трошоци поради доцнење или откажување на летот, чувајте ги сметките и испратете нивни копии до авиокомпанијата, заедно со приговорот. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »