Промовирани огласи »

Голем број на луѓе не ги знаат своите потрошувачки права во случај ако летот им доцни или е откажан.

Кога дојдов на аеродром, сфатив дека мојот лет е одложен. Што можам да направам?

Имате право на грижа од страна на авионската компанија. Тоа подразбира дека имате право на освежување, оброци, два бесплатни телефонски разговори, телефакс пораки или електронска пошта, сместување и превоз од аеродромот до местото за сместување ако донцењето е:

  • 2 часа или повеќе за летови до 1.500 километри;
  • 3 часа или повеќе за летови подолги од 1.500 километри во ЕУ или за други летови меѓу 1.500 и 3.500 километри;
  • 4 часа или повеќе за летови подолги од 3.500 километри надвор од ЕУ.

Ако летот ви доцни повеќе од пет часа и вие се одлучите да го одложите патувањето, имате право на поврат на парите за билетот и лет до местото од каде што сте го почнале патувањето.

Предупредување! Ако сте стигнале до конечната дестинација со доцнење од три или повеќе часа, имате право на ист надомест како и кога летот ви е откажан, освен во случај ако авионската компанија може да докаже дека доцнењето е предизвикано од вонредни околности.

Постојат и фирми како што е refundd.com која ги средува тужбите место вас.

Бидете активни!

Веднаш контактирајте го персоналот на авиокомпанијата на аеродромот и побарајте право за заштита и надомест.

Поднесете приговор до авиокомпанијата при доаѓање дома, ако мислите дека правата ви биле нарушени.

Кои се моите права во случај ако не ми се дозволи да летам?

Авиокомпанијата е должна прво да побара доброволци кои би се откажале од резервациите во замена за одредена поволност.

Дополнително, компанијата мора да им понуди на доброволците избор меѓу целосно враќање на парите и промена на рутата.

Ако се најде доволен број на доброволци, тогаш компанијата може да ви го откаже летот против ваша волја. Во тој случај, имате право на надомест од 250 до 600 евра, додека ако превозникот ви понуди заменски лет имате право на надомест од 125 до 300 евра.

Исто така можете да се одлучите за враќање на парите за картата и летот во местото од кое сте пошле да патување или заменска рута до крајната дестинација. Имате право и на заштита од страна на авионската компанија.

Кои се моите права во случај на откажување на лет?

Имате право на ист надомест како и во случај ако не ви се дозволи да се качите во авион. Тоа право го немате ако сте известени за откажувањето најмалку 14 дена пред летот, ако ви е понудена променета рута со сличен ред на летање или ако авиокомпанијата може да докаже дека откажувањето на летот е предизвикано од вонредни околности, како што се лоши временски услови.

Предупредување! Ги имате тие права ако полетувате од кој било аеродром во ЕУ, или доаѓате во ЕУ со превозник од ЕУ или од Исланд, Норвешка или Швајцарија. Морате однапред да бидете информирани за тоа која авио компанија управува со вашиот лет.

Кои се моите права во случај на проблем со багажот?

Ако вашиот багаж е изгубен, оштетен или ви доцни, имате право на надомест до околу 1.220 евра. Меѓутоа, авиокомпанијата нема да биде одговорна ако ги презела сите разумни мерки да ја избегне штетата или ако не било можно да спроведе такви мерки.

Бидете активни! Веднаш на аеродромот пријавете изгубен или оштетен багаж. 

Поднесете пишан приговор до авиокомпанијата во рок од седум дена од добивање на багажот.

За багаж доставен со задоцнување тој рок изнесува најдолго 21 ден.

Дали сум исто така заштитен кога патувам со друг вид на превоз, не само со авион?

Да, заштитени сте со закон на ЕУ и кога патувате со воз, автобус или брод. Имате право на информации и помош пред и за време на патувањето. Во случај на откажување или доцнење имате право на замена на рутата или враќање на парите и надомест.

Правата на патниците во железничкиот сообраќај се применуваат на сите услуги на меѓународниот железнички превоз во ЕУ; правата на патниците во автобускиот превоз се применуваат на поголеми далечини на пример подолги од 250 километри; правата на патниците во бродскиот сообраќај се применуваат кога се патува по морски и копнени пловни рути.

Совети за паметно патување:

1. Барајте информации за своите права

Авиопревозникот мора да ве информира за вашите права ако нештата тргнат на лошо во аеродромот.

2. Поднесете приговор ако вашите права се нарушени.

Прво треба да ја контактирате авиокомпанијата. Употребете образец од ЕУ за приговор за надомест или враќање на пари. Достапен е на сите европски јазици.

3. Чувајте ги сметките

Ако имате какви било трошоци поради доцнење или откажување на летот, чувајте ги сметките и испратете нивни копии до авиокомпанијата, заедно со приговорот. 

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи мината недела ги информираше граѓаните на Република Северна Македонија дека согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија објавен во Службен весник, важноста на истечените пасоши се продолжува со крајот на оваа година, односно до 31 декември 2021 година.

Според соопштението објавено на веб страната на Министерството за внатрешни работи, важно е граѓаните да знаат дека примената на овој закон на 01.07.2021 и истиот се однесува за патните исправи кои се истечени во периодот по 31 јули 2020 година, се продолжува до 31 декември 2021 година.

Имено, измената на Законот за патни исправи е направена со цел да им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините и другите отежнати услови, во нашава земја, но и надвор од неа, во дијаспората, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи, информираат од МВР. 

Промовирани огласи »

Производителот на електрични возила „Тесла“ денес објави дека ја отвора првата станица за полнење во Кина, во која возилата ќе се напојуваат со помош на соларни панели и за кои ќе има поебно складиште за складирање на енергијата.

Станицата за полнење на електричните автомобили во градот Ласа, ќе ја произведува енергијата од сончева светлина, објави компанијата во својот пост на кинеската друштвена мрежа Weibo.

Во 2016 година, Тесла влезе во бизнзот во секторот за соларна енергија, купувајќи го SolarSiti со седиште во Калифорнија за 2,6 милијарди долари, па наведе дека има намера да развие сопствен бизнис во енергетската индустрија.

Компанијата произведува SolarRoof систем за производство на електрична енергија, кој изгледа како обичните керамиди за кров и систем Powerwall кој може да ја складира енергијата произведена од соларни панели.

Промовирани огласи »

Ако го оставите автомобилот на сонце во овие пеколни денови, знаете колку е тешко да се излади. Но, има одличен трик и тоа ја завршува работата за само 10 секунди.

Оние кои ја испробале оваа метода велат дека ја намалува температурата во возилото за десет степени за само 10 секунди.

Еве што точно треба да направите:

Спуштете го прозорецот на совозачот и затворете ја вратата.

Отворете ја и затворете ја вратата на возачот, како што е прикажано на видеото.

Ако имате кожни седишта, добар трик е да ставите нешто од памук - било која стара маица или чаршав за да не се испечете кога ќе седнете. Исто така, свртете го воланот настрана кога паркирате. На тој начин, најважниот дел, оној што го држите на почетната позиција, ќе биде поладен кога ќе го свртите. И, конечно, можете да ставите некоја навлака на менувачот, така што нема да биде жешко кога ќе го допрете.

Погледнете го видеото.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »