Промовирани огласи »

Производителот на електрични возила „Тесла“ денес објави дека ја отвора првата станица за полнење во Кина, во која возилата ќе се напојуваат со помош на соларни панели и за кои ќе има поебно складиште за складирање на енергијата.

Станицата за полнење на електричните автомобили во градот Ласа, ќе ја произведува енергијата од сончева светлина, објави компанијата во својот пост на кинеската друштвена мрежа Weibo.

Во 2016 година, Тесла влезе во бизнзот во секторот за соларна енергија, купувајќи го SolarSiti со седиште во Калифорнија за 2,6 милијарди долари, па наведе дека има намера да развие сопствен бизнис во енергетската индустрија.

Компанијата произведува SolarRoof систем за производство на електрична енергија, кој изгледа како обичните керамиди за кров и систем Powerwall кој може да ја складира енергијата произведена од соларни панели.

Промовирани огласи »

Ако го оставите автомобилот на сонце во овие пеколни денови, знаете колку е тешко да се излади. Но, има одличен трик и тоа ја завршува работата за само 10 секунди.

Оние кои ја испробале оваа метода велат дека ја намалува температурата во возилото за десет степени за само 10 секунди.

Еве што точно треба да направите:

Спуштете го прозорецот на совозачот и затворете ја вратата.

Отворете ја и затворете ја вратата на возачот, како што е прикажано на видеото.

Ако имате кожни седишта, добар трик е да ставите нешто од памук - било која стара маица или чаршав за да не се испечете кога ќе седнете. Исто така, свртете го воланот настрана кога паркирате. На тој начин, најважниот дел, оној што го држите на почетната позиција, ќе биде поладен кога ќе го свртите. И, конечно, можете да ставите некоја навлака на менувачот, така што нема да биде жешко кога ќе го допрете.

Погледнете го видеото.

Промовирани огласи »

Милијардерот Ворен Бафет денеска поднесе оставка од функцијата повереник на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, една од најголемите приватни добротворни организации во светот, откако донираше друг дел од своите акции во Беркшир Хатавеј, вреден 4,1 милијарди долари, за филантропски цели.

Од 2006 година, Бафет плаќа годишни придонеси за пет добротворни организации, како дел од неговиот план да сподели околу 99 проценти од неговото нето богатство со филантропски организации.

Со денешната дистрибуција од 4,1 милијарди долари, јас сум на половина пат, рече Бафет во изјавата, пренесе Ројтерс, додавајќи дека легендарниот бизнисмен не објаснил зошто го напушта одборот на Фондацијата Гејтс во моментот, но изразил поддршка за новата директорка на Одборот.

 Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда, ко-основачи на фондацијата, поднесоа барање за развод во мај по 27 години брак, но ветија дека ќе ја продолжат нивната заедничка работа за борба против сиромаштијата и болестите.

Со години бев доверител, неактивен управник, фондацијата Бил и Мелинда Гејтс. Сега се повлекувам од таа позиција, исто како што направив во сите други одбори на компанијата, освен Беркшир, рече Бафет..

Промовирани огласи »

Владата на Република Северна Македонија на денешната 82 седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на законот за животна средина, со кој се предвидува зголемување на еколошката такса.

Како што појаснуваат од прес-службата на Владата, со предложените измени се предвидува зголемување на еколошката такса, односно се предлага зголемување на давачката за увоз на нафтените деривати во земјата за 3,5 денари за моторен бензин со содржина на олово повисока од 0,013 г/л и за авионски бензин, гориво за дизел мотори, екстра лесно масло за горење и масло за горење М1, М2 (мазут), како и зголемување од 3,1 денар за моторниот безоловен бензин со содржина на олово до 0,013г/л како помалку загадувачки нафтен дериват во однос на останатите предвидени деривати.

Основната цел поради која се предлагаат овие измени и дополнувања се доуредување на делот за финансирање во животната средина, доследна примена на начелото „загадувачот плаќа“ и прибирање на потребните средства за преземање на мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина, стои во соопштението од владината прес-служба.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »