Промовирани огласи »

Владата на Република Северна Македонија на денешната 82 седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на законот за животна средина, со кој се предвидува зголемување на еколошката такса.

Како што појаснуваат од прес-службата на Владата, со предложените измени се предвидува зголемување на еколошката такса, односно се предлага зголемување на давачката за увоз на нафтените деривати во земјата за 3,5 денари за моторен бензин со содржина на олово повисока од 0,013 г/л и за авионски бензин, гориво за дизел мотори, екстра лесно масло за горење и масло за горење М1, М2 (мазут), како и зголемување од 3,1 денар за моторниот безоловен бензин со содржина на олово до 0,013г/л како помалку загадувачки нафтен дериват во однос на останатите предвидени деривати.

Основната цел поради која се предлагаат овие измени и дополнувања се доуредување на делот за финансирање во животната средина, доследна примена на начелото „загадувачот плаќа“ и прибирање на потребните средства за преземање на мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина, стои во соопштението од владината прес-служба.

Промовирани огласи »

Зоран Јовановски, главниот советник на Управниот одбор на Стопанската комора за економски прашања, денеска во панел-дискусијата на Скопскиот економски форум рече дека Владата понатаму нема простор за големи задолжувања и дека финансиите треба даобро да ги испланира кога станува збор за помошта кон стопанството во опоравувањето од ковид-кризата.

Податоците покажуваат дека во март годинава споредено со март 2020 покажуваат дека бројот на вработени во приватниот сектор се намалил за околу 32.000 лица или за 5 отсто. Најголем удар претрпе транспортот со пад на вработеноста од 21 проценти, туризмот и угостителството од 20 и градежништво со 6 проценти.

Она што е важно е дека ова ќе потрае. На крајот од годинава нема да бидеме како на крајот од 2019, затоа ќе биде многу важно што ќе се прави оваа година и во периодот што ќе следи. Но во досегашниот период беше полесно да се обезбедат финансиски средства, постоеше меаневераски простор за задолжување, но за наредниот период ќе биде потребна голема внимателност, коментираше Јовановски.

Тој додаде дека трите видови на економска помош во исплата на плати, бескаматни кредити и оиддршка за инвестициите на компаниите биле добро групирани според разните приоритети што ги имале фирмите.

Промовирани огласи »

Пасошите кои ќе се издаваат од први јули ќе бидат со новото уставно име Република Северна Македонија. Ова за „Фокус“ го потврдија од МВР.

Што се до однесува за прашањето за рокот на важење на личните документи (лични карти, пасоши и возачки дозволи) со старото име, истите ќе важат согласно законската регулатива и тоа пасошите и возачките дозволи ќе треба да се заменат најкасно до 12.02.2024 година, додека за важноста на личните карти ќе бидете накнадно известени затоа што Законот за лична карта сеуште е во собраниска процедура, велат од МВР за „Фокус“.

Според неофицијални информации, надградбата на системот за лични документи која се правеше пред неколку недели, била токму поради имплементирање на новото име.

Промовирани огласи »

Владата го усвои предлогот на Министерството за финансии за намалување на ДДВ за електрична енергија за домаќинства, напиша министерот за финансии Фатмир Бесими во објава на Фејсбук.

Како што наведува Бесими, според измените на Законот за данок на додадена вредност, ДДВ-то за електрична енергија се предлага да се намали од 18 на 5 отсто за период од 1 јули 2021 до 30 јуни 2022 и 10 отсто за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година.

Целта е да им се помогне на домаќинствата во транзитниот период на либерализација на пазарот на електрична енергија и да се одржи пониска цена на струјата, потенцира Бесими.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »