Милијардерот Ворен Бафет денеска поднесе оставка од функцијата повереник на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, една од најголемите приватни добротворни организации во светот, откако донираше друг дел од своите акции во Беркшир Хатавеј, вреден 4,1 милијарди долари, за филантропски цели.
Од 2006 година, Бафет плаќа годишни придонеси за пет добротворни организации, како дел од неговиот план да сподели околу 99 проценти од неговото нето богатство со филантропски организации.
Со денешната дистрибуција од 4,1 милијарди долари, јас сум на половина пат, рече Бафет во изјавата, пренесе Ројтерс, додавајќи дека легендарниот бизнисмен не објаснил зошто го напушта одборот на Фондацијата Гејтс во моментот, но изразил поддршка за новата директорка на Одборот.
Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда, ко-основачи на фондацијата, поднесоа барање за развод во мај по 27 години брак, но ветија дека ќе ја продолжат нивната заедничка работа за борба против сиромаштијата и болестите.
Со години бев доверител, неактивен управник, фондацијата Бил и Мелинда Гејтс. Сега се повлекувам од таа позиција, исто како што направив во сите други одбори на компанијата, освен Беркшир, рече Бафет..