За да имате безбеден и спокоен одмор во друга земја пред тргнување осигурајте се околу неколку детали кои може да бидат пресудни за вашиот одмор.
Ова се насоките кои ги препорачува македонското МНР:
1. Проверете ја валидноста на пасошот (некои држави бараат пасошот да важи дури и 3-6 месеци по напуштањето на државата, а во одделни држави македонските граѓани можат да патуваат со важечка лична карта).
2. Надлежните препорачуваат да се направат фотокопии од пасош / лична карта. Копијата ќе го олесни и забрза издавањето на патен лист во случај на загуба или кражба на пасош.
3. Проверете дали ви е потребна виза за земјата во која патувате.
4. Проверете кои валути се платежен инструмент, дали е можно плаќање со кредитна картичка и кој е минималниот износ на пари потребни за престој.
5. Почитувајте ги законите и обичаите на земјата во која патувате, истовремено почитувајќи ги локалните обичаи на облекување и однесување за време на вашиот престој. Имајте предвид дека во некои земји постојат закони кои предвидуваат долгорочна затворска казна и смртна казна за поседување на наркотици и други забранети супстанции.
6. Грижете се за себе и за вашата безбедност.
7.Кога влегувате на територијата на друга земја, може да има обврска за евидентирање на влез од страна на надлежните органи за спроведување на граничната контрола - во патната исправа се внесува влезен печат, со ознака на граничниот премин и датумот на влез. Недостатокот на евидентирањето за влез може да резултира со високи парични казни и забрана за влез во поединечна земја.
8. Проверете ги информациите за безбедноста на воздушниот сообраќај тука и тука.