Идејата за воведување на мој термин системот е намалување на метежот и редиците во амбулнтите, во здравствените установи, да се воспостават автоматизирани процеси на работа во ординациите од сите нивоа на здравствена заштита, здравствената администрација и аптеките, брза комуникација и консултации помеѓу примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита.
Корисниците можат да закажат преглед во листите на закажување за секоја клиника. Корисниците имаат можност со избор на соодветната клиника и тип на интервенција да ги видат сите закажани интервенции со конкретни датуми и термини.
Доколку веќе сте закажале термин, но сте спречени од било кои причини да одите во закажаното време, за да го откажете терминот може да искористите некој од следниве начини:
- Обратете се до лекарот кој го издал упатот за преглед (матичен лекар или специјалист/субспецијалист) и информирајте го дека сакате да го откажете прегледот,
- Испратете смс порака на телефонскиот број 144 194. Како содржина на пораката наведе го само бројот на електронскиот упат (пр. WR1432);
- Јавете се на телефонскиот број на техничката поддршка на Мој Термин (02) 15 444 (секој работен ден од 09:00 до 16:00 часот) или
- Испратете мејл на електронската адреса [email protected]. Наведете го бројот на упат (пр. WR1432.), име и презиме на пациентот и телефонски број за контакт. Откажете го прегледот најмалку 24 часа пред закажаниот термин , за истиот да биде искористен за преглед на друг пациент!
За повеќе информации во врска со наведените опции и за се што е поврзано со користење на системот Мој Термин може да ја посетите http://mojtermin.mk/health_workers