Промовирани огласи »

Температурата на воздухот деновиве го надминува и 40тиот степен па доколку вашиот автомобил морате да го паркирате на сонце барем некое време, воздухот во него ќе биде уште потопол и нема да можете да влезете веднаш во него и да возите.

Секој возач кој некогаш влегол во автомобил што стоел на сонце, знае колку е тоа непријатно, но тоа исто така може да биде и опасно за здравјето. Без разлика дали имате клима уред во вашиот автомобил или не, овој трик ќе ви овозможи да го изладите автомобил што стоел на сонце за само десет секунди. Еве што точно треба да направите:

Спуштете го прозорецот на совозачот и затворете ја вратата и отворете ја и затворете ја вратата на возачот.

Воланот е најдобро да биде свртен настрана при паркирање, па кога ќе се вратите и го ставите во почетна позиција, делот каде што ќе ви бидат дланките ќе биде ладен. Покрај тоа, пред да излезете од автомобилот, ставете некаква обвивка на менувачот на брзини, така што нема да биде толку жежок кога повторно ќе застанете зад воланот. Она што може да помогне за да не се загрева многу автомобилот е да ставите алуминиумска заштита на внатрешноста на ветробранското стакло. Тоа ги одбива сончевите зраци, па контролната табла и воланот нема да бидат толку жешки. Ако имате кожни седишта, добар трик е да ставите нешто од памук – било која стара маица или чаршав за да не се испечете кога ќе седнете.

извор: faktor.mk

Промовирани огласи »

Од вчера во Црна Гора стапи на сила Законот за животно партнерство на лицата од ист пол, со што им се дозволува на истополовите партнери ќе имаат право да склучат брак, односо се легализираат геј браковите, со тоа што нема да им биде дозволено посвојувањето на деца.

Законот кој беше предложен од владата, но малцинските партии не го поддржаа, а тој сепак беше изгласан со помош на гласовите од опозициската партија во Црна Гора.

Некои разлики меѓу овој и обичниот брак, сепак ќе постојат, а тоа се формалности кои ќе се случуваат пред склучувањето на бракот, поточно пред матичарот. Исто така, на почетокот нема да биде дозволено склучување на бракови во сите градови низ Црна Гора, туку во мал број на општини, почнувајќи со Подгорица.

Претседателот на Управниот одбор „Квир Монтенегро“, Даниел Калезиќ, за „Дневни вести“ вели дека ова за нив е многу значајно бидејќи овој ден го чекале 10 години. Тој исто така истакна и дека дека, според информациите кои ги имаат, 20 истополови парови во Црна Гора веќе чекаат ред кај матичар.

Ова е многу важно за нас, пред се поради тоа што конечно нашите семејства ќе бидат признаени пред Законот. 10 години по првичната иницијатива сме чекор поблиску до рамноправност. Секако, со овој Закон не е решено се, ќе почекаме да бидат дополнети уште 26 закони за да може во пракса да се користат сите права кои законот ни ги овозможува, рекол Калезиќ.

Неодамна, 20 матичари и матичарки од осум општини во Црна Гора завршиле обука за склучување на животни партнерства.

Промовирани огласи »

Компаниите можат да им забранат на своите вработени од муслиманска вeра под одредени услови да носат хиџаб, марама за покривање на косата, на работното место, пресуди Европскиот суд на правдата во два случаи иницирани од муслиманки во Германија, пренесоа светските гласила.

И во двата случаи, тие жени биле суспендирани од работа поради носење хиџаб.

Ова прашање е контроверзно низ цела Европа со години и покажува големи разлики околу прашањето за муслиманската интеграција, анализираат светските агенции.

Две муслиманки, едната вработена во установа за згрижување деца, а другата касиерка, не носеа шамии кога почнаа да работат, но одлучија да го сторат тоа неколку години подоцна по враќањето од породилно отсуство, пишуваат германските медиуми.

Им било кажано дека тоа не е дозволено, а потоа биле суспендирани, им било кажано дека можат да дојдат на работа само доколку не бидат покриени со марама.

Според написите, судот мораше да одлучи дали станува збор за повреда на слободата на вероисповед или повреда на слободата на деловната активност и желбата на работодавачот да им се претстави на своите клиенти на неутрален начин.

Забраната за носење видливи форми на изразување на политички, филозофски или религиозни убедувања на работното место може да биде оправдана со потребата на работодавачот да се претстави на корисниците на неутрален начин или да спречи социјални спорови, рече судот.

По пресудата на Европскиот суд, сега е на националните судови да го кажат последниот збор и да одлучат дали постои дискриминација.

Во Австрија, сепак, Уставниот суд донесе одлука дека законот за забрана за носење марами во училиштата за девојчиња под 10 години е дискриминирачки.

Франција, исто така, забрани носење бурка на јавно место во 2010 година, а ваквиот чекор го следеа голем број други земји, како Австрија во 2017 година, Данска во 2018 година, Холандија во 2019 година и неодамна Швајцарија на референдум во март 2021 година.

Промовирани огласи »

Катастар на недвижности е јавна книга во која се врши запишување на правото на сопственост и на другите стварни права на недвижностите, на податоците за недвижностите, како и на други права и факти чие запишување е утврдено со закон. (чл. 2 с.2 од Законот за катастар на недвижности). За вршење на работите на востановувањето и одржувањето на катастарот на недвижностите основана е Агенција за катастар на недвижности (АКН).

Агенцијатата за катастар на недвижности има свој електронски систем изрботен за потребите на корисниците. Системот ја ажурира својата база поврзана со катастарските податоци за помалку од еден час. Ова значи дека катастарските податоци (имотен лист) и катастарските планови се ставени на располагање на јавноста веднаш и бесплатно преку Порталот katastar.gov.mk/arec. Податоците за недвижноста (парцели, згради) и носителите на правата на недвижен имот (нивните сопственици) може да се пребаруваат со користење на графички приказ на катастарските планови.

Геопорталот на податоци и услуги на Агенцијата за катастар на недвижнини на Република Македонија (ГПДС) обезбедува податоци, информации и услуги на граѓаните и професионалните корисници (приватни геодетски компании, нотари, адвокати, општини, министерства и др.). AREC нуди еквивалент на системот за едношалтерски систем преку овој систем.  Овој систем ги поедноставува и забрзува пристапот и протокот на информации и податоци до сите корисници.

Базата АКН е достапна 24/7 на Интернет за сите правни и физички лица во земјата и странство. За да го погледнете системот посетете ја:  katastar.gov.mk/arec

 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »