Промовирани огласи »

Компаниите можат да им забранат на своите вработени од муслиманска вeра под одредени услови да носат хиџаб, марама за покривање на косата, на работното место, пресуди Европскиот суд на правдата во два случаи иницирани од муслиманки во Германија, пренесоа светските гласила.

И во двата случаи, тие жени биле суспендирани од работа поради носење хиџаб.

Ова прашање е контроверзно низ цела Европа со години и покажува големи разлики околу прашањето за муслиманската интеграција, анализираат светските агенции.

Две муслиманки, едната вработена во установа за згрижување деца, а другата касиерка, не носеа шамии кога почнаа да работат, но одлучија да го сторат тоа неколку години подоцна по враќањето од породилно отсуство, пишуваат германските медиуми.

Им било кажано дека тоа не е дозволено, а потоа биле суспендирани, им било кажано дека можат да дојдат на работа само доколку не бидат покриени со марама.

Според написите, судот мораше да одлучи дали станува збор за повреда на слободата на вероисповед или повреда на слободата на деловната активност и желбата на работодавачот да им се претстави на своите клиенти на неутрален начин.

Забраната за носење видливи форми на изразување на политички, филозофски или религиозни убедувања на работното место може да биде оправдана со потребата на работодавачот да се претстави на корисниците на неутрален начин или да спречи социјални спорови, рече судот.

По пресудата на Европскиот суд, сега е на националните судови да го кажат последниот збор и да одлучат дали постои дискриминација.

Во Австрија, сепак, Уставниот суд донесе одлука дека законот за забрана за носење марами во училиштата за девојчиња под 10 години е дискриминирачки.

Франција, исто така, забрани носење бурка на јавно место во 2010 година, а ваквиот чекор го следеа голем број други земји, како Австрија во 2017 година, Данска во 2018 година, Холандија во 2019 година и неодамна Швајцарија на референдум во март 2021 година.

Промовирани огласи »

Катастар на недвижности е јавна книга во која се врши запишување на правото на сопственост и на другите стварни права на недвижностите, на податоците за недвижностите, како и на други права и факти чие запишување е утврдено со закон. (чл. 2 с.2 од Законот за катастар на недвижности). За вршење на работите на востановувањето и одржувањето на катастарот на недвижностите основана е Агенција за катастар на недвижности (АКН).

Агенцијатата за катастар на недвижности има свој електронски систем изрботен за потребите на корисниците. Системот ја ажурира својата база поврзана со катастарските податоци за помалку од еден час. Ова значи дека катастарските податоци (имотен лист) и катастарските планови се ставени на располагање на јавноста веднаш и бесплатно преку Порталот katastar.gov.mk/arec. Податоците за недвижноста (парцели, згради) и носителите на правата на недвижен имот (нивните сопственици) може да се пребаруваат со користење на графички приказ на катастарските планови.

Геопорталот на податоци и услуги на Агенцијата за катастар на недвижнини на Република Македонија (ГПДС) обезбедува податоци, информации и услуги на граѓаните и професионалните корисници (приватни геодетски компании, нотари, адвокати, општини, министерства и др.). AREC нуди еквивалент на системот за едношалтерски систем преку овој систем.  Овој систем ги поедноставува и забрзува пристапот и протокот на информации и податоци до сите корисници.

Базата АКН е достапна 24/7 на Интернет за сите правни и физички лица во земјата и странство. За да го погледнете системот посетете ја:  katastar.gov.mk/arec

 

Промовирани огласи »

Собранието вчера ги донесе измените на Законот за додадена вредност. Со ова, даночната стапка за прометот на електричната енергија кон домаќинствата се намалува од 18 проценти на пет проценти. Намалената стапка согласно законското решение ќе се применува со денот на влегување во сила на Законот за измена и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се до 30 јуни 2022 година.

По овој датум во наредната година, односно од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година ќе се применува повластена даночна стапка од 10 проценти за прометот на електричната енергија кон домаќинствата.

Целта на воведување на повластените даночни стапки за прометот на електрична енергија кон домаќинставата е да се овозможи пониска цена за граѓаните и намалување на нивните трошоци.

Во попладневниот дел од расправата пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски рече дека намалување на ДДВ-то за електрична енергија од 5 проценти треба важи за сите. И за граѓаните, и за домаќинствата, но и да важи за индустријата.

Суштина на првиот амандман на ВМРО-ДПМНЕ беше стапката за намалување на ДДВ за електрична енергија од 5 проценти да важи за сите. И за граѓаните, и за домаќинствата, но и да важи за индустријата. Тука како аргумент слушнавме дека индустријата сепак има право на поврат на ДДВ, но тука меѓу нас има познати стопанственици, луѓе од приватниот сектор што имаат компании, па слободно ги повикувам да излезат и да кажат, дали истиот процент на данокот на додадена вредност, немаше да ја зголеми ликвидноста на нивните компании, рече Стојаноски.

Пратеничката Маја Морачанин од ДОМ посочи дека има сосема различен став. Таа смета дека електричната енергија не треба да биде евтина.

Електричната енергија не треба да биде евтина, затоа што ако струјата е евтина, тоа доведува до  поголема потрошувачка, а ние треба да ја штедиме електричната енергија и струјата, не само овде во државата, туку во целиот свет, тоа е тенденцијата, додаде Морачанин.

Таа истакна оти се согласува дека во овој момент заради корона кризата и јасната социоекономска криза како во светот така и кај нас се потребни можеби вакви стимулативни мерки и поддршка за граѓаните за да не го почуствуваат тој удар, и во таа насока рече дека ќе го поддржи законот.

-Но, дефинитвно подобро решение, според мене, е намалување на електрична енергија да има само кај социјално ранливите категории, рече Морачанин.

Пратеникот Ненад Коциќ од СДСМ рече дека веќе три и половина години граѓаните користат евтина електрична енергија.

Кога вие бевте власт, тврдевте дека ќе колабира целиот енергетски состем доколку се врати евтината струја. Тоа за среќа не се случи. Оваа Влада покажа дека и со евтина струја може да постои енергетскиот ситем, да биде функционален и граѓаните да бираат дали е поубаво во време кога е скапа струја или во време кога имаме евтина струја, што во време на ВМРО-ДПМНЕ не постоеше. Не треба да ширите лаги и информации дека сте загрижни, се гледа дека барате само политички поени, рече Коциќ. 

Промовирани огласи »

Собранието вчера ги усвои измените на Законот за додадена вредност со кој даночната стапка на прометот на електрична енергија кон домаќинствата се намалува од 18 на 5 проценти.

Намалената стапка ќе се применува од денот на влегување во сила на измените на законот и ќе важи до 30 јуни 2022 година.

Целта на измените за воведување на повластени даночни стапки за прометот на електрична енергија кон домаќинставата е да се овозможи пониска цена за граѓаните и намалување на нивните трошоци.

извор: zurnal.mk

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »