Промовирани огласи »

Собранието вчера ги усвои измените на Законот за додадена вредност со кој даночната стапка на прометот на електрична енергија кон домаќинствата се намалува од 18 на 5 проценти.

Намалената стапка ќе се применува од денот на влегување во сила на измените на законот и ќе важи до 30 јуни 2022 година.

Целта на измените за воведување на повластени даночни стапки за прометот на електрична енергија кон домаќинставата е да се овозможи пониска цена за граѓаните и намалување на нивните трошоци.

извор: zurnal.mk

Промовирани огласи »

Се е подготвено за вашиот долгоочекуван одмор? Но, одвојте уште неколку минути за овие важни нешта.

Покрај пасошот и патните документи, постојат три важни броеви кои треба да ги знаете напамет, во случај да ви требаат кога сте во некоја друга држава. 

Бројот на осигурителната куќа за медицинска помош во странство

Кога купувате патничко осигурување, осигурителната куќа ви дава телефонски број за итна медицинска помош. Овој број треба да го имате со вас цело време додека сте на пат. Вашето осигурување ви обезбедува 24 часовна медицинска помош преку овој број. Тие можат да ви помогнат да го добиете медицинскиот третман доколку итно ви треба, како и да одобрат лекување и да го потврдат вашето патничко осигурување на локалната болница.

112 е бројот за итна медицинска помош во Европската Унија

Доколку патувате во која било земја во ЕУ, јавете се на  112 за да бидете поврзани со соодветната локална служба за итни случаи. 112 е бројот на службите за итна медицинска помош насекаде во ЕУ од телефон или мобилен телефон во која било земја-членка на ЕУ. Овој универзален број за контакт за итни случаи е креиран од Европската комисија за да им овозможи лесен пристап на луѓето што патуваат во рамките на Европската унија.

Бројот на најблиското дипломатско- конзуларно претставништво на Македонија

Во случај на итна ситуација во странство, третиот број што македонските државјани треба да го знаат е бројот на најблиското дипломатско-конзуларно претставништво што може да го побарате на веб страницата на Министерството за надворешни работи. 

Промовирани огласи »

Соораќајните незгоди подразбираат и материјална штета. Што треба да направите во случај на незгода?

Првин истата треба да ја пријавите во Министерството за внатрешни работи кое на самото место ќе направи записик за незгодата. 

Доколку за возилото, возачот односно сопственикот поседува каско полиса за осигурување имате можност да поднесе барање за надомест на материјална штета до осигурителната компанија со која што е склучена каско полисата.

Ако пак возачот за возилото не поседува каско полиса, надомест на материјална штета се бара од Јавното претпријатие за одржување и заштита на регионални и магистрални патишта „Македонија пат – Скопје“, согласно Законот за јавни патишта.

Каско полисата ги покрива и следниве незгоди: 

Кои штети на возилото ги покрива каско-полисата?
*сообраќајна незгода (дури и од ваше невнимание);
*пожар;
*удар од гром;
*експлозија;
*лоши услови на патот;
*град;
*поплава, порој и високи води;
*злонамерни постапки;
*пад или удар на некој предмет врз возилото;
*кражба и разбојништво.

Промовирани огласи »

Електричниот тротинет во последниве години стана се почесто средство за превоз. Може да го управуваат лица со навршени 14 години. Правилата за возење на електричен тротинет се утврдени со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а за нивно непочитување утврдени се соодветни казни. 

Возач на електричен тротинет мора да носи заштитен шлем и може да го управува тротинетот по велосипедска патека/лента доколку има и е означена или по десната велосипедска патека, тротоар или пешачка патека во однос на правецот на движење на сообраќајот.

На велосипедската патека возачот на електричен тротинет смее да се движи со брзина до 25км на час, а доколку се движи на површина наменета за пешаци до 6км на час.

За непочитување на горенаведените правила предвидени се глоби. 

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 80 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот на тротинет или на родителот доколку станува збор за малолетен возач кој ќе го управува електричниот тротинет на површини спротивни на утврдените за возење на тротинет. 

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 120 евра во денарска противвредност ќе му се издаде, согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој ќе се движи со брзина поголема од 25 km/h односно со поголема брзина од 6 km/h на пешачка патека односно друга пвршина наменета за пешаци.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот кој ќе превезува други лица за време на управувањето. 

 Возачот на електричен тротинет не смее да превезува други лица за време на управување со возилото.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »