Промовирани огласи »

Електричниот тротинет во последниве години стана се почесто средство за превоз. Може да го управуваат лица со навршени 14 години. Правилата за возење на електричен тротинет се утврдени со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а за нивно непочитување утврдени се соодветни казни. 

Возач на електричен тротинет мора да носи заштитен шлем и може да го управува тротинетот по велосипедска патека/лента доколку има и е означена или по десната велосипедска патека, тротоар или пешачка патека во однос на правецот на движење на сообраќајот.

На велосипедската патека возачот на електричен тротинет смее да се движи со брзина до 25км на час, а доколку се движи на површина наменета за пешаци до 6км на час.

За непочитување на горенаведените правила предвидени се глоби. 

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 80 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот на тротинет или на родителот доколку станува збор за малолетен возач кој ќе го управува електричниот тротинет на површини спротивни на утврдените за возење на тротинет. 

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 120 евра во денарска противвредност ќе му се издаде, согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој ќе се движи со брзина поголема од 25 km/h односно со поголема брзина од 6 km/h на пешачка патека односно друга пвршина наменета за пешаци.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот кој ќе превезува други лица за време на управувањето. 

 Возачот на електричен тротинет не смее да превезува други лица за време на управување со возилото.

Промовирани огласи »

Овој профил е привремено суспендиран, ова стои на твитер налогот на министерот за здравство Венко Филипче. Кога се отвара неговата сметка во предупредувањето стои дека била „забележана необична активност од овој профил“.

Сепак, корисниците сѐ уште можат да пристапат на неговиот профил, но само откако ќе го прочитаат предупредувањето објавено од социјалната мрежа.

Промовирани огласи »

Прашање на време е кога становите во метрополата ќе почнат да одат надолу. Причина за тоа ќе бидат празните станови кои зјаат во новоизградените згради кои во Скопје никнуваат како печурки.

Дел од експертите се со мислење дека надуениот балон со цените во Скопје ќе почне да пука а цените ќе доживеат пад, анализира marketing365.mk.

Анализата вели дека цените на становите во Скопје ќе почнат да се намалуваат со оглед на тоа што сегашните цени се реално недостапни за повеќето од граѓаните, и истите не се скапи поради логиката на понуда и побарувачка туку поради материјалите кои се користат за градба а истите тие на светско ниво одат кон стабилизирање па оттука и можното намалување на цените на станови.

На огласите за реклами може да се забележат и примери на една цена па пречкртано и наведена нова поевтина цена за становите па извесно е цените да паднат но е прашање на време .

Стан во Скопје од 70 квадрати за 30.000 евра: Се прошируваат списоците на евтини недвижнини

Промовирани огласи »

Ова недела издвојуваме напосетени огласи за вработување на нашиот сервис. 
Од анализите на тимот на Кариера.мк би сакале да пренесеме резултати околу популарност на одредени огласи кои најдобро котираа оваа недела. 

А1 Македонија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници. Повеќе од 1.100 вработени, под брендот А1, се грижат за обезбедување на најдоброто корисничко искуство за над 1.200.000 корисници. До крајот на овој месец се активни 5 огласи за работа за следните профили

ONESAP INTERN

CUSTOMER SERVICE INTERN

SALES ADVISOR

SOX IT EXPERT

SOX EXPERT

Ресторан Ирски Паб, лоциран во ГТЦ, Скопје има потреба од персонал и детали за нивниот оглас може да видите ТУКА

НЕУРОМЕДИКА е во потрага по 6 различни профили со одлични услови за работа

Администратор за јавни набавки
Возач
Медицински сестри
Општ доктор
Лабораториски биотехничар
Администратор

Жикол, врвна компанија во нашата земја  која го обезбдедува комплетниот опсег на услуги во областа на градежништвото и пазарот на недвижнини има отворено огласи за работно место за електричар и ракувач на градежна машина. Придобивките и условите за апликација може да ги прочитате ТУКА.

Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да обезбеди широк асортиман на производи на пазарите во Русија, Балканот и земјите на Европската Унија. Компанијата е целосно посветена на развојот на нови лекови, обука за креирање на високо квалитетен стручен кадар и посветеност за задоволување на рафинираните потреби на навните клиенти. На нашиот сервис моментално се отворени 5 работни места.

Имајќи го предвид предвидениот тренд на отварање на нови работни места во постпандемискиот период, навистина сме горди што изминатата недела интересот на апликантите кои многу од компаниите постојано растеше.

Доколку сте во потрага по ново работно место, останува само да креирате сметка на нашиот сервис и да аплицирате само со еден клик на некои од најпополарните огласи овој викенд. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »