Промовирани огласи »

Утре, 20 јули, ќе биде објавен Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и инструктори. Конкурсот ќе биде објавен во 4 дневни весници, како и на веб-страницата www.Popis2021.stat.gov.mk каде што од утре во 8:00 часот ќе биде активна и апликацијата за електронско пријавување.

Ги повикуваме сите заинтересирани, како и сите оние кои се пријавија на првиот повик во март годинава, да ја пополнат апликацијата и да станат дел од големиот пописен тим кој во септември ќе го спроведе долгоочекуваниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија.

Придонесот на секој еден од нас во пописните активности претставува придобивка за сите. И како директни учесници во спроведувањето на Пописот и како даватели на податоци – придонесуваме за креирање на една прецизна слика на состојбите во државата во точно определен момент.

Оваа прецизна слика ќе овозможи донесување на издржани политики, базирани на најнови податоци, со кои ќе се планира развојот на секое поле од живеењето и работењето.

Конкурсот ќе трае до 5 август по што ќе следи тестирање, избор и обука на избраните кандидати.

Промовирани огласи »

Инфософт Груп, една од најдолгогодишните компаниски групации во регионот со претставништва во Македонија, Албанија и Косово, минатата недела, преку прослава со своите вработени, го одбележа своето 30 годишно постоење.

Прославата на овој јубилеј се одржа под мотото “Stronger Together” (“Посилни заедно”), што ја отсликува поврзаноста на компанијата со своите вработени, клиенти и целата заедница – но ја пренесува и визијата која мотивира кон заедничко исполнување на предизвиците што следуваат во иднина.

Ајри Шеј, првиот човек на  Инфософт Системи Скопје, компанија членка на Инфософт групацијата, по овој повод изјави: “Силно веруваме дека само обединети со целите на нашите вработени и целите на нашите клиенти, можеме да се движиме напред и заедно да создаваме иновации што ќе носат вредност за сите. Во овие 30 години оставивме силен траг во нашиот регион и оваа јубилејна прослава нека биде само импулс за големите нешта што следуваат”.

Инфософт групацијата е составена од 15 компании лоцирани во Албанија, Косово и Северна Македонија посветени во неколку сегменти како  ИТ, дистрибуција, недвижности, логистика и бизнис менаџмент.

Портфолиото на меѓународни партнери на Инфософт групацијата помеѓу другите ги вклучува и Microsoft, Dell-EMC, HP, Cisco, IBM, Oracle, Lenovo, Mars Wriggle, Ferrero, Colgate Palmolive, Philip Morris итн.

Промовирани огласи »

Овој викенд, Тесла започна да го нуди својот пакет „Full Self-Driving subscription“  за 199 долари месечно. Заедно со пакетот, Тесла нуди надградба на хардверот од 1.500 долари за раните сопственици кои имаат стар хардвер кој не е способен за самостојно управување.

Проблемот е што Тесла претходно им рече на истите тие сопственици дека нивните автомобили се способни за самостојно управување и не им дозволи да ја искористат новата шема за претплата без да плаќаат повторно за хардверска надградба за која веќе платиле.

Сите Тесла автомобили моментално доаѓаат со ,,автоматски пилот“. Ова вклучува автоматско држење на лентата, контрола на сообраќајот и други стандардни безбедносни карактеристики како помош при сопирање во итни случаи. Овие можат да помогнат да се намали стресот, особено при возењето на автопат и да се подобри безбедноста на возилото.

На крајот, овој пакет ќе понуди целосна автономија, но софтверот сè уште го нема и сè уште бара внимание на возачот постојано.

Full Self-Driving subscription на Тесла може да се купи за 10.000 долари однапред или 199 долари месечно со новата претплата. Во минатото чинеше помалку, но како што Тесла ширеше сè повеќе можности преку ажурирања на софтверот, цената постојано се зголемуваше.

Од 2016 година, Тесла изјави дека сите автомобили на Тесла имаат вграден хардвер за самостојно возење, но софтверот чини дополнителни пари.

Промовирани огласи »

Видео од птичја перспектива се споделува на фејсбук од новиот кружен тек во Струмица. 

Повеќе од јасно е дека самиот кружен не е воопшто добро центриран и автомобилите влегуваат во пешачкиот премин, а тоа не е дозволено.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »