Промовирани огласи »

Милијардерот Џеф Безос денеска одлета до вселената со првиот лет на неговата компанија со патници, со што стана вториот човек за помалку од 10 дена кој постигнал ваков успех.

Основачот на Амазон беше придружуван од одбрана група: неговиот брат, 18-годишен патник од Холандија и 82-годишна поранешна несудена астронаутка од Тексас- истовремено најмладиот и најстариот патник во вселената во историјата.

Најдобриот ден досега, рече Безос откако капсулата се спушти на земјата на крајот на 10-минутниот лет.

Денот на полетувањето беше внимателно избран за да се поклопи со годишнината од слетувањето на Аполо 11 на Месечината пред 52 години. Безос се држеше до распоредот и покрај тоа што друг милијардер- сопственикот на Вирџин Ричард Бренсон побрза и уште пред девет дена стигна до вселената.

Ракетата „Нов Шепард“ именувана по Алан Шепард- првиот американски астронаут во вселената- полета од западен Тексас. За разлика од леталото на Бренсон кое беше управувано од двајца пилоти, ракетата на Безос беше целосно автоматизирана. Утеха за Безос е што иако задоцни зад Бренсон, сепак капсулата „Блу Ориџин“ успеа да достигне височина од 106 километри- 16 километри повисоко од летот на Бренсон на 11 јули.

Планот на Безос и на Брансон е наскоро да почнат да нудат туристички патувања до вселената и назад за заинтересираните авантуристи и луѓе со длабок џеб.

Промовирани огласи »

Се зголемила просечната плата, покажуваат статистиките. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2021 година била 28.721 денар, објави Државниот завод за статистика. 

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (29,0 отсто), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (28,7 отсто) и други услужни дејности (14,4 отсто).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: објекти за сместување и сервисни дејности со храна (7,0 отсто), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5,5 отсто) и снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (5,3 отсто). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2021 година изнесува 42.917 денари, а индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, изнесува 108.9.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април 2021 година, изнесуваше 42.441 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2021 година изнесуваше 28.217 денари. 

Промовирани огласи »

Почна изградбата на кружните сообраќајни решенија кај зоната Момин Поток во Општина Карпош. Се предвидува изградба на два кружни тека. Првиот треба да ја замени крстосницата кај булеварот „8 Септември“ и улицата „Скупи“, а вториот да ја замени крстосницата на булеварот „Никола Карев“ и патот кон Визбегово, обиколницата и косовската граница.

Од вториот кружен тек улицата продолжува до крстосницата со булевар „Словенија“, каде што се поврзува со булеварот „Словенија“ и со булеварот „Босна и Херцеговина“.

Градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов денеска по увидот во работите кај Момин Поток, изјави дека станува збор за најкомплексниот сообраќаен проект во државата, вреден 16 милиони евра. Како што рече, парите се обезбедени од буџетот на градот Скопје.

-Станува збор за изработка на кружен тек со шест коловозни ленти, четири од нив се дигаат на девет метри, и влегуваат во ридата кај касарната Илинден, каде што се изведува вториот кружен тек, со што ќе овозможиме да имаме непречено движење на сообраќајот без застој и без семафори. Станува збор за место каде дневно се движат 25 до 30 илјади возила, со што знаат скопјаните, какви гужви се создаваат, изјави Шилегов.

Тој посочи дека токму овој потег е можеби е највидлива стратегијата на развојот на Градот Скопје. Потсети дека лани ја прошириле улицата „Пластичарска“, годинава го пуштиле булеварот „Никола Карев“, а минатата година ја реконструирале и „8 Септември“, сега со ова ја затвораат целината на оваа делница од градот.

Инвестирањето во инфраструктурата во овој дел од градот е императив, токму заради тоа што мислиме дека со развојот на инфраструктурата добиваме на развојот на градот, меѓутоа развивајќи ја оваа инфрастурктура го намалуваме и притисокот за урбаното живеење од другата страна на градот, со што би спречиле урбанистичка девастација, рече скопскиот градоначалник.

Според Шилегов, Градот Скопје нема опција освен стретешки да се развива. -Градот Скопје нема опција освен да не престане да се развива. Токму заради тоа очекувам граѓаните да имаат разбирање, бидејќи овој потег заради сопствената комплексност ќе се изведува во наредниве две до две ипол години, додаде тој.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев денеска по увидот кај Момин Поток посочи дека изгрaдбата на два кружни текa и нова инфраструктура значително ќе придонесе во намалување на сообраќајниот метеж, во побрз проток на возила и развој на овој дел од Општината и Градот.

Тој појасни дека оваа клучка претставува тесно грло за граѓаните на Општина Карпош, на Скопје но и на многумина други кои на дневно ниво ротираат на овој потег.

Градот Скопје во саботата ја заврши изведбата на булеварот „Никола Карев“, а денеска започнуваат активности за решавање на еден децениски проблем. Општина Карпош континуирано вложува во подобрување на инфраструктурата во Момин Поток и Криви Дол. Паралелно, донесени се и детални урбанистички планови за овој дел, делот околу касарнта Илинден, изјави Богоев.

На овој начин, како што рече, се создаваат услови за намалување и дисперзирање на градот од централните населби, кон северниот дел на опоштината и градот.

Премиерот Зоран Заев посочи дека Владата обезбедува максимална финансиска политичка и друга неопходна поддршка за проектите кои се од најголем интерес за граѓаните и што ги спроведуваат општините и Градот Скопје.

Тој напомена дека кога ќе бидат завршени овие две сообраќајни решенија кои опфаќаат и два моста на реката Серава, и дополнително коловозни ленти и крстосници, ќе се обезбеди лесен и непопречуван проток на над 25 илјади автомобили дневно, колку што изнесува фрекфенцијата на овие булевари.

-Освен модерните и функционални сообраќајни решенија и изградбата на патната инфраструктура според највисоки стандарди со овие зафати ќе се осигура поефикасно меѓуопштинско поврзување на општините Центар, Чаир, Капрош и општина Бутел, изјави Заев по увидот на Момин Поток.

Тој рече дека ова е третата фаза од целосната реконструкција на булеварот „Никола Карев“ кој започна со делницата од надвозникот кај Битпазар, и со која се реши познатата „Пластичарска“, се до касарната Илинден.

-Втората делница беше пуштена во саботата и ја опфати делнциата на булеварот „Никола Карев“ од касарната Илинден до клучката кај Момион Поток. Оваа делница во должина од 980 метри се прошири на четири сообраќајни ленти со зеленило и нови пешачки патеки од двете страни. Администрацијата на град Скопје во изминатиот период ги реконструираше и најфрекфентите улици во градот, и над 20 клучки со модерни и фуинкционални решенија, рече Заев. 

Промовирани огласи »

Муслиманите ширум светот се дел од уште еден голем исламски празник во сенката на пандемијата и во услови на зголемена загриженост за многу заразната делта варијанта на коронавирусот.

Курбан Бајрам, обично се одбележува со молитви, големи социјални собири, колење на добиток и давање месо на сиромашните. 

Оваа година, празникот се одржува во моментот кога многу земји се борат со варијантата Делта, најпрво идентификувана во Индија, што ги натера некои да воведат нови ограничувања или да апелираат луѓето да избегнуваат собирање и да ги следат безбедносните протоколи.

Откако привлече околу 2,5 милиони муслимани од целиот свет кон светиот град Мека во Саудиска Арабија, аџилакот драматично се намали заради вирусот.

 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »