Промовирани огласи »

Муслиманите ширум светот се дел од уште еден голем исламски празник во сенката на пандемијата и во услови на зголемена загриженост за многу заразната делта варијанта на коронавирусот.

Курбан Бајрам, обично се одбележува со молитви, големи социјални собири, колење на добиток и давање месо на сиромашните. 

Оваа година, празникот се одржува во моментот кога многу земји се борат со варијантата Делта, најпрво идентификувана во Индија, што ги натера некои да воведат нови ограничувања или да апелираат луѓето да избегнуваат собирање и да ги следат безбедносните протоколи.

Откако привлече околу 2,5 милиони муслимани од целиот свет кон светиот град Мека во Саудиска Арабија, аџилакот драматично се намали заради вирусот.

 

Промовирани огласи »

Увозот на половни возила од странство не само што не се намалува, туку во првото полугодие од годинава е забележано повеќе од двојно зголемување на бројот на внесени стари возила во Македонија. 

Како и досега, најголем интерес има за увоз на половни автомобили од странство, при што во првите шест месеци во земјава влегле вкупно 18.996 автомобили на старо, односно за над 10.000 повеќе во споредба со истиот период од 2020 година. Да потсетиме, забрзаниот раст на увоз на половни возила од странство влијае на зголемување на бројот на регистрирани возила во земјава. 

Во првите шест месеци од годинава, увезени се 1.401 половни камиони, како и 498 нови товарни моторни возила. Воедно, податоците на Царинската управа покажуваат дека се внесени и 10 нови автобуси и минибуси, како и 108 половни возила за превоз на патници.

Поаѓајќи од фактот дека од странските земји најчесто се увезуваат дизел возила, кои патем постепено се исфрлаат од употреба во развиените држави-членки на ЕУ, транспортот има значаен удел и во загадувањето на воздухот со штетни емисии во градовите, кои пак допринесуваат за огромни реакции на јавноста особено во зимските месеци.

Покрај тоа што Владата сака да го забрани увозот на половни возила со под ЕУРО 5 стандард на емисии на издувни гасови, централната власт требаше од почетокот на јули да ја воведе еколошката такса за нафтените деривати, со која до 3,5 денари за литар е планирано да се зголеми цената на бензинот и дизелот во земјава. За сметка на ова, државата нуди субвенции за вградување плин во возилата, како и ослободување од посебен данок на моторни возила кај електричните возила и ослободување до 50 проценти од данокот кај хибридните возила.

Извор:nezavisen.mk

Промовирани огласи »

Поскапеа бензините, а поевтини дизел горивото. Од денеска, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за половина денар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 0,299 денари за килограм и сега изнесува 38,018 денари.

Од денеска горивата се продаваат по следниве цени:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 / 72,5 денари за литар.

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 / 74,5 денари за литар

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) / 61 денар за литар

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) / 63,5 денари за литар

Извор: bankometar.mk

Промовирани огласи »

Генералниот директор на АД „Пошта“, Јани Макрадули, најави дека до крајот на месецов ќе се овозможи извршување на сите финансиски услуги на сите 300 шалтери на Пошта низ целата држава.

Утринава имавме завршни разговори со банката која ги врши услугите и до крајот на месецов ќе бидат достапни сите услуги за граѓаните. Имаме 40-тина услуги кои се во рамките на договорот што е потпишан со „Халк банка“, вклучувајќи пензии до дома – изјави Макрадули во одговор на новинарско прашање.

Макрадули потенцира дека покрај веќе воспоставеното плаќање со образецот ПП 30 за буџетски корисници, деновиве ќе почне да функционира и со ПП 10.

Во неколку етапи ќе почнат сите плаќања меѓу кои и за небуџетските корисници како што се плаќањата за градинка, училишта,… Сите ќе бидат достапни во краток период – прецизира Макрадули.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »