Промовирани огласи »

Генералниот директор на АД „Пошта“, Јани Макрадули, најави дека до крајот на месецов ќе се овозможи извршување на сите финансиски услуги на сите 300 шалтери на Пошта низ целата држава.

Утринава имавме завршни разговори со банката која ги врши услугите и до крајот на месецов ќе бидат достапни сите услуги за граѓаните. Имаме 40-тина услуги кои се во рамките на договорот што е потпишан со „Халк банка“, вклучувајќи пензии до дома – изјави Макрадули во одговор на новинарско прашање.

Макрадули потенцира дека покрај веќе воспоставеното плаќање со образецот ПП 30 за буџетски корисници, деновиве ќе почне да функционира и со ПП 10.

Во неколку етапи ќе почнат сите плаќања меѓу кои и за небуџетските корисници како што се плаќањата за градинка, училишта,… Сите ќе бидат достапни во краток период – прецизира Макрадули.

Промовирани огласи »

Цените ќе скокнат во наредниот период. 

По зголемувањето на стапката на инфлација пред неколку дена, ЕЦБ ќе ги разгледа упатствата за монетарната политика на следната седница, со цел зачувување на поволните услови за финансирање во економијата на еврозоната. По 18-месечна ревизија, монетарната власт во Франкфурт објави дека отсега натаму ќе се насочи на годишна стапка на инфлација од два проценти на среден рок, наместо да биде „блиску, но под два проценти“.

Шефицата на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, објави дека јулската седница „ќе донесе интересни варијации и промени“. 

Таа за Блумберг посочи дека „во моментов не е време да се разговара за намалување на монетарната поддршка“.

Во светски рамки се очекува раст на цената на храната. 

Промовирани огласи »

Утре, 20 јули, ќе биде објавен Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и инструктори. Конкурсот ќе биде објавен во 4 дневни весници, како и на веб-страницата www.Popis2021.stat.gov.mk каде што од утре во 8:00 часот ќе биде активна и апликацијата за електронско пријавување.

Ги повикуваме сите заинтересирани, како и сите оние кои се пријавија на првиот повик во март годинава, да ја пополнат апликацијата и да станат дел од големиот пописен тим кој во септември ќе го спроведе долгоочекуваниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија.

Придонесот на секој еден од нас во пописните активности претставува придобивка за сите. И како директни учесници во спроведувањето на Пописот и како даватели на податоци – придонесуваме за креирање на една прецизна слика на состојбите во државата во точно определен момент.

Оваа прецизна слика ќе овозможи донесување на издржани политики, базирани на најнови податоци, со кои ќе се планира развојот на секое поле од живеењето и работењето.

Конкурсот ќе трае до 5 август по што ќе следи тестирање, избор и обука на избраните кандидати.

Промовирани огласи »

Инфософт Груп, една од најдолгогодишните компаниски групации во регионот со претставништва во Македонија, Албанија и Косово, минатата недела, преку прослава со своите вработени, го одбележа своето 30 годишно постоење.

Прославата на овој јубилеј се одржа под мотото “Stronger Together” (“Посилни заедно”), што ја отсликува поврзаноста на компанијата со своите вработени, клиенти и целата заедница – но ја пренесува и визијата која мотивира кон заедничко исполнување на предизвиците што следуваат во иднина.

Ајри Шеј, првиот човек на  Инфософт Системи Скопје, компанија членка на Инфософт групацијата, по овој повод изјави: “Силно веруваме дека само обединети со целите на нашите вработени и целите на нашите клиенти, можеме да се движиме напред и заедно да создаваме иновации што ќе носат вредност за сите. Во овие 30 години оставивме силен траг во нашиот регион и оваа јубилејна прослава нека биде само импулс за големите нешта што следуваат”.

Инфософт групацијата е составена од 15 компании лоцирани во Албанија, Косово и Северна Македонија посветени во неколку сегменти како  ИТ, дистрибуција, недвижности, логистика и бизнис менаџмент.

Портфолиото на меѓународни партнери на Инфософт групацијата помеѓу другите ги вклучува и Microsoft, Dell-EMC, HP, Cisco, IBM, Oracle, Lenovo, Mars Wriggle, Ferrero, Colgate Palmolive, Philip Morris итн.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »