Промовирани огласи »

Во сезоната на годишните одмор кога многумина одбираат да патуваат со авион до крајната дестинација потенцијален проблем се и кражбите на аеродромите.  Ова најчесто се случува кога се брзате да поминете низ царинска контрола и безбедносниот пункт, кога во некои случаи сте принудени да ги собуете чевлите за да поминете низ машините за скенирање, па може да заборавите на мобилниот телефон, таблетот или лаптопот, што е совршена цел за крадците.
Еве неколку начини како да се заштитите и да се подготвите пред дури и да стигнете на аеродромот:

Консолидирајте ги работите пред да пoминете преку контролниот пункт
Пред да  стигнете пред  контролната лента, консолидирајте ги сите предмети. Некои таблети и слични електронски уреди можат да одат во рачниот багаж, додека помалите работи (како на пример пари, авиобилет, па дури и мобилните телефони) може да ги ставите во џебовите. Лаптопот секогаш треба да биде изваден надвор од рачниот багаж или торбата .

Не поминувајте низ контролниот пункт пред вашите торби
Со оглед на тоа што на аеродромот сè се случува набрзина и речиси сите се во брзање, може да се почувствувате под притисок, па да го пуштите вашиот багаж да помине на контролната лента додека ги соблекувате јакната или чевлите. Но, секој момент кога вашите очи не се вперени кон багажот е уште една можност за кражба.
Затоа кога минувате низ контролниот пункт, не заборавајте да ги гледате работите што влегуваат во рентген-машината и внимавајте на тие предмети додека поминуваат на другата страна. Покрај тоа, не дозволувајте други патници  да одат пред вас кога вашите предмети треба да влезат во рентген машината. Крадците може намерно да го активираат металниот детектор, со што ќе се создаде гужва и застој, а веќе друг крадец во тие моменти може да ја украде вашата торба и истата да ја снема додека вие поминете низ скенерот.

По минувањето низ контролниот пункт проверете детално
Пред да ги ставите чевлите и ременот повторно, осигурајте се дека имате сè што сте ставиле да помине низ рентген машината. Со овој чекор ќе бидете сигурни дека не сте жртва на кражба на аеродромот. Ако нешто недостасува, веднаш пријавете ја загубата до надлежните органи и аеродромската полиција бидејќи тие можат да помогнат во пронаоѓањето на предметите и да го запрат крадецот.

Не тргнувајте без патничко осигурување
Патничкото осигурување е особено важно кога патувате надвор од државата. Не само што ве штити од трошоци за евентуална неопходна медицинска помош, туку со него го осигурувате и вашиот багаж од кражба кога сте во странство. 

Промовирани огласи »

Neptun и Asus со креативен предизвик. Подеси се на Zen режим и влези во нова реалност!

Дали сте подготвени да се ставите на Zen режим и да влезете во нова реалност?

АSUS ZenBook и Neptun Македонија претставуваат нов и креативен предизвик за сите Zen љубители. Претстои цело лето исполнето со дружење, забава и наградување. Димитар Атанасовски, преку својот Instagram профил, во наредните две недели ќе доделува ASUS аксесоари и тоа: машка и женска торбица за лаптоп, сет тастатура и глувче на тројца среќни добитници, а најсреќниот ќе ги добие сите овие работи во комплет.

Дали некогаш сте се запрашале „Кој е вашиот Zen?“

Како креатори и создавачи на нашето секојдневие, функционираме и се движиме во матрицата, која што сами ја креираме. Без разлика каква е нашата приказна, мора да го пронајдеме нашиот Zen, кој што ќе нè ослободи и ќе биде наш водич низ креирање на свет во кој што ќе бидеме среќни.

Сите имаме уникатна способност да создадеме нешто. Тоа е движечка сила зад мотивацијата и креативниот порив. Zеn има моќ да биде извор на инспирација и причина за среќа, да иницира потрага по нови светови, слобода за живеење на секој момент со полни гради и можност за надградување на креативните умови.

Креативноста, стилот и иновациите се токму квалитетите, кои што го дефинираат вистинскиот Zen, лаптопот ASUS ZenBook. Сè што ви е потребно е токму ова ремек дело - најмалиот лаптоп на светот дизајниран да овозможи слобода да го искористите вашиот потенцијал.

Дали вашиот режим е веќе поставен на #ZenModeОn?

Влези во креативниот предизвик на #AsusZenBook и Neptun Македонија, пронајди го твојот Zen и очекувај многу награди.

Лето е, а со Asus и Neptun Македонија е секогаш поинтересно!

Промовирани огласи »

Милијардерот Џеф Безос денеска одлета до вселената со првиот лет на неговата компанија со патници, со што стана вториот човек за помалку од 10 дена кој постигнал ваков успех.

Основачот на Амазон беше придружуван од одбрана група: неговиот брат, 18-годишен патник од Холандија и 82-годишна поранешна несудена астронаутка од Тексас- истовремено најмладиот и најстариот патник во вселената во историјата.

Најдобриот ден досега, рече Безос откако капсулата се спушти на земјата на крајот на 10-минутниот лет.

Денот на полетувањето беше внимателно избран за да се поклопи со годишнината од слетувањето на Аполо 11 на Месечината пред 52 години. Безос се држеше до распоредот и покрај тоа што друг милијардер- сопственикот на Вирџин Ричард Бренсон побрза и уште пред девет дена стигна до вселената.

Ракетата „Нов Шепард“ именувана по Алан Шепард- првиот американски астронаут во вселената- полета од западен Тексас. За разлика од леталото на Бренсон кое беше управувано од двајца пилоти, ракетата на Безос беше целосно автоматизирана. Утеха за Безос е што иако задоцни зад Бренсон, сепак капсулата „Блу Ориџин“ успеа да достигне височина од 106 километри- 16 километри повисоко од летот на Бренсон на 11 јули.

Планот на Безос и на Брансон е наскоро да почнат да нудат туристички патувања до вселената и назад за заинтересираните авантуристи и луѓе со длабок џеб.

Промовирани огласи »

Се зголемила просечната плата, покажуваат статистиките. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2021 година била 28.721 денар, објави Државниот завод за статистика. 

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (29,0 отсто), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (28,7 отсто) и други услужни дејности (14,4 отсто).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: објекти за сместување и сервисни дејности со храна (7,0 отсто), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5,5 отсто) и снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (5,3 отсто). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2021 година изнесува 42.917 денари, а индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, изнесува 108.9.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април 2021 година, изнесуваше 42.441 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2021 година изнесуваше 28.217 денари. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »