Отворен е првиот едукативен центар специјализиран за Microsoft бизнис технологии во регионот
Овој месец, како дел од компанијата Axapta Masters, официјално се отвори Axapta Learning Center, првиот и единствениот едукативен центар во регионот, каде што ќе се обучуваат студенти на вкупно 5 програми специјализирани за Microsoft бизнис технологиите, меѓу кои ќе бидат опфатени Microsoft Dynamics 365 и Microsoft Power Platform.
Во последните неколку години потребата за дигитална трансформација на компаниите е драстично зголемена, а секако во подигнувањето на свесноста за потребата од дигиталната трансформација зема и учество светската ситуација со Ковид 19 пандемијата. Сето тоа доведе до зголемена побарувачката на соодветен кадар за имплементација на Microsoft бизнис технологиите на светско ниво во најразлични индустрии. - истакнуваат од менаџментот на Axapta Masters
Microsoft Dynamics 365 е најновата генерација на бизнис апликации базирани на Microsoft Cloud решенија како што се Dynamics 365 (ERP & CRM), Office 365, Power BI и Azure сервисите. Тие претставуваат интелигентни бизнис решенија кои им помагаат на компаниите во нивната дигитална трансформација обезбедувајќи им можност за раст, понатамошен развој и позитивна трансформација на нивните бизнис процеси. Воедно, Microsoft Dynamics 365 е само еден дел од бизнис решенијата што ги нуди Microsoft на компании од целиот свет кои делуваат на полињата на повеќе од 20 индустрии.
Од друга страна Microsoft Power Platform претставува едно заедничко решение кое овозможува на компаниите на едно место да следат и анализираат податоци, да автоматизираат процеси со така наречени „low-code“ апликации и да креираат виртуелни агенти.
Дел од светските компании кои користат Microsoft бизнис решенија се: Coca Cola, BMW, Rolls Royce, HP, SIEMENS, PRADA, Adobe, UPS и L'Oréal.
Axapta Masters како компанија има стабилен раст секоја година, а со тоа и пораст на тимот кој наскоро ќе брои 100 колеги. Така што, отворањето на Axapta Learning центарот дојде сосема природно со самата побарувачка на пазарот. Дефинитивно ни претставува задоволство што имаме можност да ги следиме светските трендови и истите да ги носиме во нашата држава и регионот. Па така Axapta Learning Center во моментот е првиот и единствен едукативен центар во регионот специјализиран за Microsoft бизнис технологии, кој ќе обучува почетници, а и лица кои веќе имаат одредено предзнаење од областа, на вкупно 5 програми.
Студентите по завршувањето на програмите и процесот на сертификација ќе имаат можност да работат во компании како од регионот така и од целиот свет, а секако ќе може и да ни се приклучат во тимот на Axapta Masters.“ – дополнуваат од менаџментот на Axapta Masters
Во октомври 2021 ќе започнат првите групи на следните 5 програми:
Зависно од програмата, истата може да трае 4 или 7 месеци, период во кој се опфатени теоретски и практични часови како и работа на реални проекти на клиенти од разновидни индустрии. На крајот од секоја програма кандидатот поминува низ процес на сертификација како дел од Microsoft Business Solutions Certification Program, којашто е доказ за практичното познавање на технологиите. Сертификатот додава вредност на професионалното портфолио, при вработување во компании низ целиот свет.
За повеќе информации може да ја посетите веб страницата на Axapta Learning Center, и да го резервирате вашето место на една од 5-те програми со 30% попуст за рана пријава до 31.07.2021г.