Промовирани огласи »

Со години компаниите трошеа пари на забавни поволности на работното место со цел да привлечат млади таленти. Но, едно ново истражување открива дека овие пријатни придобивки од канцеларијата не се она што младите работници навистина ги сакаат. Наместо тоа, работниците помлади од 35 години повеќе ја ценат почитта. Истражувањето сугерира дека компаниите треба повеќе да инвестираат во обука на менаџери за да комуницираат со почит и да ја негуваат благосостојбата на вработените. Дали навистина би одбрале почит покрај вакви канцеларии? Погледнете неколку најинтересни канцеларии на светско познати компании.

1.GOOGLE

2.LEGO

3.YOUTUBE

Промовирани огласи »

Нешто ново! Со задоволство сакаме да ви соопштиме дека А1 Македонија ја збогати својата кариерна страница со една нова поинаква карактеристика.

HR Блогот или ,,Tech as a fuel for transformation" преку кој нашата работна сила ќе се подготви за дигитална транформација.

Целата идеја на блогот е да се зголеми нивото на знаење на вештините потребни за иднината со цел одржување во чекор понапред со најновата технологија која е во фокус на А1 како 5G, Data Analytics & AI, Digital & Growth Marketing.

Следете го изборот на проекти кои ќе бидат имплементирани во А1 наскоро...https://jobs.a1.com/mk

Промовирани огласи »

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски стана бизнисмен речиси три години по бегството од Македонија, откако регистрирал фирма со широка деловна активност во гратчето Пецел во близина на Будимпешта открива редакцијата на „Дојче веле“ на македонски јазик. Оваа информација ја објави и унгарскиот портал „24“.

Новата фирма на Груевски од 14 јули годинава се наоѓа во куќа на улицата „Бошкаи“ број 9. Станува збор за друштво со ограничена одговорност И.Ц.И.Ц (И.Ц.И.Ц.).  Груевски побарал и добил одобрение да почне бизнис со фирма чие седиште е во Пецел на горенаведената адреса, според документите објавени во унгарскиот Централен регистер на фирми. „Дојче веле“ објави дека фирмата на Груевски планира широки бизнис-активности во најмалку 10 различни сектори, според увидот во документите.

Од увидот во документите до кои дошло „Дојче веле“, се наведува дека компанијата на Груевски планира широки бизнис активности во најмалку 10 различни сектори. Регистрацијата на фирмата го чинела поранешниот македонски премиер 8.350 евра.

Груевски при регистрацијата на фирмата ја навел адресата на својот адвокат во Будимпешта, а како втора адреса ја навел онаа во Скопје, на улицата Павел Шатев број 3 во Кисела Вода, според извори на германскиот медиумски сервис.

Промовирани огласи »

На сите граѓани што аплицирале и што ги исполнуваат условите за добивање ваучер за домашен туризам ќе им бидат врачени во текот на наредната недела и нема да важи условот „прв дојден, прв услужен“ што се применуваше досега, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Министерството за економија во соработка со Министерството за финансии, пратениците и Собранието обезбеди средства за сите да бидат покриени и вкупно над 4.000 ваучери да бидат издадени во текот на наредната недела, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата и додаде дека ваучерите за домашен туризам ќе можат да се користат до крајот на годинава.

Истакна дека смета оти не се доцни со ваучерите за домашен туризам и порача дека тие се даваат во континуитет.

Имајќи ги во предвид капацитетите што ги имаат одредени наши региони веќе се издадени над 1.200 ваучери и се користат во моментов. Дополнително, во текот на наредната недела ќе бидат издадени уште околу 3.000 ваучери со што вкупната бројка ќе надмине 4.000 ваучери, прецизира Бектеши.

Нагласи дека Министерството за економија како надлежно за секторот туризам на дневна основа ги следи сите случувања и во континуитет го помага овој сектор, како хотелиерството, така и угостителството.

Со усвојување на ребалансот на Буџетот на денешната пленарна седница на Собранието очекувам од наредната недела да бидат исплатени сите субвенции и целосната поддршка за овој сектор што беше ветена од Министерството за економија и од Владата од одредени економски мерки кои веќе ги имаме промовирано, потенцира Бектеши.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »