1. Најпрво, раскажете ни која беше вашата основна идеја при креирање на вашето здружение?
Основната идеја за формирање на ова женско Здружение беше желбата за напредување, вмрежување, поддржување и поттикнување да станеме подобри и покреативни. Здружението за напредок, поддршка и одржлив равој на жени ЕПЛ ТРИ (Apple Tree) се занимава со поддршка на жените, помош за креативно изразување преку креативни работилници, програми и споделување искуства, донација на облека, помош при вработување и различни проблеми со кои се соочуваат.
Името на организацијата е дадено со заеднички договор на основачите, јаболкото како омилено овошје на претседателката и книгата издадена на Амазон и ред други настани поврзани со јаболката беа инспирација за името. Додека пак дрвото е приказ за заедништво, соработка, растење и давање квалитетни плодови во општеството.
2. Кажете ни нешто повеќе за вашата дејност, која е основната идеја и цел кон која се стремите?
Основни цели и задачи:
- Зајакнување на жената во општеството, нејзин напредок и охрабрување и нејзино креативно изразување,
- Развивање на претприемачки вештини, поддршка на можности за бизнис жените ширум светот,
- Зголемување на самодовербата и волјата за учество на жените во носење на клучни одлуки, општествено одговорни одлуки, согласно нивните можности, потреби и предизвици.
- Зголемување на взаемна соработка на жените од урбаните и руралните средини за да се намали дискриминирачкиот јаз меѓу нив.
- Поттикнување, следење и развивање на креативноста и критичкото мислење кај жените и поттикнување на самодовербата кај жените.
3. Кои се актуелните проекти на кои работите во моментот?
"Младите жени во зелено претприемништво YOU WEEN“
Проектот YOU WEEN!, промовира едукација за претприемништво и активности меѓу „зелените“ млади жени, преку обука за зелено размислување, подигање на свеста за одржливост и родова рамноправност, промовирање на „зелен“ развој во рурални/изолирани средини или „зелени“ урбани средини, размена на добри практики и обезбедување експертиза и знаење за унапредување на младите жени. Изработка на програми, видеа и прирачници за жените.
4. На крај, би сакале да прашаме како изгледа еден ваш работен ден и која е стратегијата која ја користите за денот на крај остане запаметен како успешен работен ден?
Мојот работен ден изгледа со доаѓање рано наутро на работа, започнување со реализација на претходно испланираните работни задачи, работни средби во текот на денот и секако преглед на маилови.
Стратегијата по која се водам, за да денот го запаметам како успешен е:
- Планирање (од вечер), преземање иницијативи и акции, работење, контрола на активностите и завршување до крај на планираните работи.
- Стресот се обидувам да го избегнувам, со здрава исхрана, трчање, возење велосипед и секако со конзумирање јаболка, читање книги и слично.
Додека пак за работата во Здружението постојано се обидувам да иницирам и овозможам комуницирање лично или на viber група, каде од ден на ден се зголемува бројот на жени кои активно се вклучуваат и не поддржуваат.
Среќна сум дека моите членки се задоволни бидејќи активно оговараат на работните задачи и предизвици.