Промовирани огласи »

Бирото за развој на образованието соопшти дека сите податоци од оценки до информации за изостаноци и активности на учениците ќе се впишуваат во електронски дневник.

Наставниците се изборија за намалување на двојната работа во која долго време се соочуваа со технички проблеми од аспект на проблеми со интернет во училиштата.

Наставниците веќе знаат да пополнуваат електронски дневник кој со години е дел од образовниот систем, велат од Бирото.

Новата учебна година е подготвена да започне и во услови на пандемија.

Промовирани огласи »

Министерството за здравство информира дека е достапна апликацијата за CommonPass сертификат за патување во странство. CommonPass е унифициран дигитален сертификат кој се презема од апликација од Google Play Store/App Store со кој се потврдува вакциналниот статус на секој граѓанин.

Со овој сертификат во моментот може да се патува најчесто во САД и Канада каде се користи најмногу.

Покрај патувањето и доказ за вакцинација со овој CommoPass граѓаните во овие земји можат непречено да се движат и функционираат во услови кога има одредени рестрикции и забрани за невакцинираните.

За преземање на овој сертификат треба:

1) Да се најавите на вебстраницата vakcinacija.mk
2) Во својот личен профил можете да го најдете нациналниот сертификат издаден од МЗ со QR код за примена вакцина.
3) Системот ви дава опција за внесување на број на валидна патна исправа.
4) Откако ќе го внесете бројот на пасошот се креира автоматски CommonPass
5) За да креаираат дигитален CommonPass, достапен секогаш на вашиот паметен телефон, треба да ја преземете мобилната апликација „CommonPass„ oд Google Play Store/App Store
6) По симнување на апликацијата истата ќе ви побара да го внесете следниот активациски код: CPNMKD
7) Потоа апликацијата ќе побара да го скенирате QR кодот од CommonPass сертификатот кој веќе го имате симнато на компјутер. Доколку имате потешкотiја да го скенирате кодот од eкран, испечатете го CommonPass сертификатот и скренирајте директно од хартија.

Министерството за здравствно им нуди повеќе опции на вакцинираните граѓани за патување во странство, освен националниот сертификат со QR код, сега имаат можност да патуваат во САД и Канада и со CommonPass, а веќе од следната недела ќе биде достапен и Зелениот пасош за патување во ЕУ. Министерството за здравство укажува дека независно од сите сертификати кои ќе бидат обезбедени за нашите граѓаните, секоја земја согласно епидемиолошката состојба има право да воведе дополнителни рестрикции за влез или движење во истата.

Промовирани огласи »

Од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, а бензините за по два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува по 63,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 73, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 75 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,101 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 37,981 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за околу 5,549 отсто,  а кај дизелот за околу 4,440 отсто, како и за 0,29 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.

Промовирани огласи »

Вкупно 3.265 возила со бугарски таблички биле оцаринети до сега од почетокот на примената на Законот за  регистрација на возила со странски регистерски таблички, објави Македонски медиа сервис.

Владата на крајот на ноември лани го усвои предлог-законот со цел да се регистрираат возилата со странски таблички со намалени давачки до 50 отсто од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз на возила од страна на надлежните државни органи.

Според одговорот добиен од Владата. до сега се собрани само 400 милиони денари или 6,5 милиони евра од увозни давачки, а помина половина година од објавувањето на мерката.

Во текот на овие месеци вкупно се наплатија 400 милиони денари како увозни давачки за возилата со странки регистерски таблички, рекоа од Владата за ММС.

Ваквата поволност важи за сите возила со најмалку еуро4 стандард кои влегле во земјава заклучно со 1 октомври 2020 година и трае една година, односно до следниот ноември.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »