Промовирани огласи »

Во текот на неделата ќе имате неколку кратки патувања. Можеби имате средби со браќа, сестри,пријатели и соседи.

Правните работи во бизнисот може да предизвикаат стрес, така што оваа недела не е добро време за да направите голема промена во вашиот бизнис план. Не е поволно време за големи инвестиции во нови бизниси.

Што се однесува до студентите, може да добиете успех за време на испитната сесија. Можете исто така успешно да го презентирате вашиот проект. Вашите желби може да се исполнат. Може да стекнете пари.

 

 

Промовирани огласи »

Пожарот што избувна во граничниот појас меѓу месноста Милци и граничниот премин Богородица е локализиран и ставен под контрола од пожарникарите од Гевгелија.

Имено пожарот се доближи до објектот на граничната караула на АРМ, до казиното „Фламинго“ и до бензинската пумпа „Шимов“, што беше и најопасниот и најкритичниот момент. 

Синоќа по 20:00 часот беше отворен за сообраќај граничниот премин „Богородица“, што беше затворен откако попладнево во негова близина избувна пожар, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

 

 

Промовирани огласи »

Бирото за развој на образованието соопшти дека сите податоци од оценки до информации за изостаноци и активности на учениците ќе се впишуваат во електронски дневник.

Наставниците се изборија за намалување на двојната работа во која долго време се соочуваа со технички проблеми од аспект на проблеми со интернет во училиштата.

Наставниците веќе знаат да пополнуваат електронски дневник кој со години е дел од образовниот систем, велат од Бирото.

Новата учебна година е подготвена да започне и во услови на пандемија.

Промовирани огласи »

Министерството за здравство информира дека е достапна апликацијата за CommonPass сертификат за патување во странство. CommonPass е унифициран дигитален сертификат кој се презема од апликација од Google Play Store/App Store со кој се потврдува вакциналниот статус на секој граѓанин.

Со овој сертификат во моментот може да се патува најчесто во САД и Канада каде се користи најмногу.

Покрај патувањето и доказ за вакцинација со овој CommoPass граѓаните во овие земји можат непречено да се движат и функционираат во услови кога има одредени рестрикции и забрани за невакцинираните.

За преземање на овој сертификат треба:

1) Да се најавите на вебстраницата vakcinacija.mk
2) Во својот личен профил можете да го најдете нациналниот сертификат издаден од МЗ со QR код за примена вакцина.
3) Системот ви дава опција за внесување на број на валидна патна исправа.
4) Откако ќе го внесете бројот на пасошот се креира автоматски CommonPass
5) За да креаираат дигитален CommonPass, достапен секогаш на вашиот паметен телефон, треба да ја преземете мобилната апликација „CommonPass„ oд Google Play Store/App Store
6) По симнување на апликацијата истата ќе ви побара да го внесете следниот активациски код: CPNMKD
7) Потоа апликацијата ќе побара да го скенирате QR кодот од CommonPass сертификатот кој веќе го имате симнато на компјутер. Доколку имате потешкотiја да го скенирате кодот од eкран, испечатете го CommonPass сертификатот и скренирајте директно од хартија.

Министерството за здравствно им нуди повеќе опции на вакцинираните граѓани за патување во странство, освен националниот сертификат со QR код, сега имаат можност да патуваат во САД и Канада и со CommonPass, а веќе од следната недела ќе биде достапен и Зелениот пасош за патување во ЕУ. Министерството за здравство укажува дека независно од сите сертификати кои ќе бидат обезбедени за нашите граѓаните, секоја земја согласно епидемиолошката состојба има право да воведе дополнителни рестрикции за влез или движење во истата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »