Промовирани огласи »

Почнувајќи од оваа година, па наредните седум години годишното поскапување на цигарите, предизвикано од повисоката акциза, ќе изнесува четири денари по кутија.

Ново поскапување на цигарите за 5 денари. Цигарите Бонд кои се продаваа по 65 денари, сега се продаваат по цена од 70 денари. Повисока цена имаат и цигарите Бренд, која од 65 скокна на 70 денари, Ориентал од 65 на 70 денари, Малборо лајт од 130 на 140 денари, Сан слим, од 80 на 85 денари, Честерфилд, од 75 на 80 денари.

Моментално не се поскапени цигарите од типот Малборо тач, Малборо кор и Малборо слим.

Неодамна за пет денари поскапеа и цигарите: West silver, West red, West white,Walter Wolf,Ronhill Black и Gold.

Според календарот на зголемување на акцизите од јуни 2017 година цигарите ќе бидат поскапи за четири денари.

Почнувајќи од оваа година, па наредните седум години годишното поскапување на цигарите, предизвикано од повисоката акциза, ќе изнесува четири денари по кутија.

Промовирани огласи »

Автопатот Демир Капија – Смоквица е едно од најголемите градежни достигнувања што Република Македонија ги памети до денес.

Автопатот кој е со должина од 28 километри треба да биде готов до крајот на месецот, пишува Маркукуле.

Видеото кое вчера го објавија од грчката компанија „Актор” која беше изведувач на работите на автопатот, е доказ дека се работи за вистинско совршенство и вистинско инженерско ремек дело.

Погледнете:

Промовирани огласи »

Автоматизацијата ќе ги згасне 9% од работните места во Австрија. Анализите покажуваат дека на пазарот на труд од роботите ќе има помалку штети од она што се очекуваше.

Ќе бидат згаснати околу 360.00 работни места. Американските студии покажуваа дека можат да бидат намалени 40 до 50% од работните места.

Во прашање се доведени работните места на оние кои имаат завршено средно училиште. Во наредните години, 30% од работната сила ќе остане без работа затоа што наместо нив ќе работат роботи.

Во услужниот сектор ќе се скратат 11% од работните места, а најмалку ќе бидат на удар раководните позиции. Нема да бидат загрозени работните места каде се бара креативност, флексибилност, и социјална интелигенција.

Промовирани огласи »

Законот за минимална плата ќе претрпи измени и ќе има нејзино зголемување за околу 20 отсто. Ова денеска го истакна министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими по работната средба со претставници на репрезентативните синдикати во Македонија.

Посочи дека станува збор за првични разговори меѓу претставниците на синдикатот и Министерството за зголемување на минималната плата.

Она што првично утврдивме е дека има простор, има желба за зголемување на минималната плата и верувам дека во брзо време во дополнителните разговори со другите претставници на синдикатите, со КСС, со работодавачите, ќе најдеме заеднички модус, заедничко решение за зголемување на минималната плата за околу 20 проценти. Анализите кои беа направени од Министерството за труд и социјална политика и од Сојузот на синдикатите на Македонија се поклопуваат, рече Ибрахими.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Живко Митревски на сите работници им го честиташе 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот. Анализите, истакна, покажуваат дека има простор и можност да се продолжи оваа политика на зголемување на плати која ја реализиравме заедно со социјалните партнери, со Владата.

Исто така овие анализи и сега покажуваат дека во најмала мерка 20 отсто може да оди веднаш зголемувањето на минималната плата. Тоа е една исклучителна радосна и значајна вест која сакаме да ја споделиме со нашето членство и со сите работници. Станува збор за многу сериозен одговорен пристап на сите социјални партнери и на Владата во делот на задоволување и на потребите, водејќи сметка и за реалните можности и на одделни сектори и сегменти кои може да рефлектираат и во делот на подобрувањето на таа социјална економска состојба, рече Митревски.

Овие првични разговори, посочи, ги завршуваме успешно, следат други чекори, разговори со другите социјални партнери, со работодавачите, со другите синдикати, со цел Владата да излезе со предлог во делот на измени и дополнувања на тој закон.

Нагласи дека разговарале и за другите делови од протоколот за социјален напредок, она што значи сигурност на работни места во делот на обезбедување поголема сигурност преку афирмацијата на пристапот за реализација на посигурни работни места односно работен однос на неопределено работно време.

Она што е многу битно денес разговаравме и ќе продолжиме да разговараме за имплементирање на деловите од европскиот социјален модел. Република Македонија навистина направи низа напори досега заедно со Министерството да инкорпорира голем дел директиви од тоа европско законодавство, да имплементираме многу меѓународни стандарди. Сето ова вклучително и со платите и сите содржини од протоколот даваат можност да почнеме етапно да се подготвуваме да го реализираме она што значи принцип на европскиот социјален модел, истакна Митревски.

Одговарајќи на новинарско прашање кога ќе има зголемување на минималната плата на работниците, тој изрази надеж дека тоа ќе биде многу скоро.

Не зависи се од нас. Гледате во каква политичка криза се наоѓа државата. Се надевам дека со смирувањето на состојбите веднаш ќе биде реализирано она што го договараме. Тука ненадминлива е и улогата на работодавачите и сакаме да го слушнеме и нивниот глас и доколку се сложат да биде и повеќе од 20 отсто и доколку има простор се разбира дека ќе одиме и со повисоко зголемување во текот на оваа година, додаде Митревски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »